Филолошки факултет - Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата JeCILaDy
  • Време на започнување Време на започнување
Ај препорака од книжевнициве некоја добра книга што можам да ја земам од Миладиновци? Критериум лесно разбирлива и на англиски да е. Жанр небитен.
 
Имам неколку прашања во врска со факултетот. Како прво колку е лесно да бидеш примен? Јас сум одлична ученичка во гимназија единствено трета година ја поминав со многу добар успех. Дали има влијание тоа што во трета година имав 4 македонски и 3 германски иако во сите други години по сите јазици имам 5? Другото прашање ми беше колку чини школарината за цела година и за секој испит?
 
Ќе те примаат. Школарината изнесува 12.500 а за секој испит засебно пријава од 30 денари плус 50 денари административна такса и провизија во зависност од местото каде што вршиш уплата :)
 
А може ќе те примат и во државна квота па ќе плаќаш по 6150 денари семестар.
 
Имам неколку прашања во врска со факултетот. Како прво колку е лесно да бидеш примен? Јас сум одлична ученичка во гимназија единствено трета година ја поминав со многу добар успех. Дали има влијание тоа што во трета година имав 4 македонски и 3 германски иако во сите други години по сите јазици имам 5? Другото прашање ми беше колку чини школарината за цела година и за секој испит?

Здраво Ива , јас сум апсолвент на филолошки. Со твојот просек имаш големи шанси да те примат и да влезеш во државна квота каде што партиципацијата изнесува 200 евра на годишно ниво ( односно 100 евра по семестар)

За испит не се плаќа ништо, купуваш само пријава за испит која чини околу 30 ден. + таксена марка 50 денари. Има доста административни трошоци на филолошки од овој тип и многу измислени давачки. На катедрата јас каде што сум е релативно лесно, иако тоа е многу индивидуално.

пс ако те интересира уште нешто слободно прати ми приватна порака :)
 
Здраво Ива , јас сум апсолвент на филолошки.
Ама кажи колку кејф ти се стори да го кажеш ова! :D.
Инаку, да не бидам оф : Ќе те примат, јас 3 години во средно бев многу добра а во 4та - одлична, така да немај гајле(y) . Зависно од тоа колкава е бројката на заинтересираност за катедрата, влагаш или во државна или во приватна.
 
Еве ја ко бруцош на филолошки да ти кажам дека, ако пројдеш одлична во четврта, ќе имаш шанси за државна квота, зависно од приемните. Ако ја поминеш пак со четворка, нема шанси. Ја бев 2 години одличен, 2 години многу добар, и не влегов во државна квота за многу малце, а на приемните солидни резултати остварив, од 40 поени, 34 мислам дека имав.
 
Зависи на кој смер ќе проба да влезе, јас сум во државна квота на Пит англиски со 4 години многу добар успех.
 
Прашање од бруцош до постарите студенти(особено од катедрата по македонски јазик) или пак до оние кои веќе имаат завршено на овој факултет: Какво искуство имавте со професорите Људмил Спасов(Фонологија), Димитар Пандев(Општа лингвистика), Емилија Црвенковска(Старословенски јазик) и Станислава Тофоска(Правопис на стандарден македонски јазик)? Кој е построг, на што обрнуваат повеќе внимание, какви колоквиуми/испити даваат итн.?
 
Дали може да се префрлам од Катедрата за ПИТ(толкување германски и англиски) на катедрата за германски јазик и книжевност, или дали постојат некој доквалификации после тоа, зошто дефинитивно мислам дека сум го утнала смерот?!! Иначе 3та година сум и толкување одбрав.
 
Прашање од бруцош до постарите студенти(особено од катедрата по македонски јазик) или пак до оние кои веќе имаат завршено на овој факултет: Какво искуство имавте со професорите Људмил Спасов(Фонологија), Димитар Пандев(Општа лингвистика), Емилија Црвенковска(Старословенски јазик) и Станислава Тофоска(Правопис на стандарден македонски јазик)? Кој е построг, на што обрнуваат повеќе внимание, какви колоквиуми/испити даваат итн.?

Завршив на катедрата за македонска книжевност ама ми предаваа сите освен Тофоска.

Кај Људмил Спасов се полагаат колоквиуми, прашањата се на заокружување или дополнување, на предавања и вежби се работат истите прашања и од истите тестови селектира што ќе падне на колоквиум. Лесно се поминува, но знаењето брзо испарува.

Димитар Пандев ги тера студентите самите да создадат одреден број прашања од неговите предавања, да ги напишат на лист и кога е ден за испит (усно испрашување пред цел амфитеатар) прашува неколку од тие прашања што сам си ги напишал на листот. Може еден студент да враќа по 2-3 пати во еден ден и да заглавиш до вечер на факултет, а може да имаш среќа и да те пушти од прва. Во секој случај многу упорност и никако откажување кога ќе ти се смачи од седење да си отидеш, остани до крај и ќе положиш.

Старословенски јазик е еден од најтешките предмети, особено 2-ката, мора редовно да присуствуваш на вежби и континуирано да го учиш материјалот, бидејќи ако оставиш за испит ќе ти се измеша сè. Во едно предавање Црвенковска може да помине и именки и глаголи и заменки и да не знаеш што те снашло. Ако ги положиш двата колоквиуми, ослободен си од испит и тоа е полесната варијанта. Ако паднеш испитот е задолжителен (подразбира читање текстови од старословенски, плус писмено одговарање на граматички прашања и вежби). Мои колеги заглавија по 4+ години на предметов. Значи максимална внимателност, учество на вежби и континуирано учење е спасот.

Се надевам помогнав. :)
 
Има некој полагано нешто кај Солзица Поповска?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom