Последниот шеќерџија во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Возраст
70
Локација
Skopje
Една случка летово на Велешко Езеро ми даде идеја за оваа тема.
Има ли се уште во Македонија шеќерџии. Еден има секако.
Таму така на викенд со внуците(постарите)си одмараме,едно време
поминува едно лице мои некаде години,со кошница во раце,полна
со разни шеќерчиња(лижавчиња,црвени јаболчиња,шарени
бастумчиња,стапчиња сусам,но овој пат и семки и сончоглед.
Застана и кај нас, им земав нешто на внуците. Човеков сум го
видел тука и сретнал и порано,еднаш и пред едно -30 години.
Пампурот - последниот шеќерџија во Македонија.
Еве како беше.
Си викендувам јас тогаш,таму исто така на ова езеро,а каршија
мене е чичко 5-ре,поминува Пампурот со полната кошницата Шеќери,
а чичко 5-ре го вика и прашува-„ од каде си момче“,-„од Велес“,му
одговара младиот Пампур. „Е не си од Велес“,му вели чичко 5-ре.
Се збунува шеќерџијата, „ Од Лисиче да не си на Пампурот“.....
Тоа нашиот стар велешанец,да ти ја знаел таа еснафска фамилија.
Вероватно уште пред ратот,тие правеле стаклени шеќерни петлиња,
и разни свирчиња и еснафот го продолжиле децата.
--------------------Прилеп и прилепско си имаше свој Шеќерџија
Кој не го познава него значи не бил дете на време од моја генерација,
и не трчал по него и по неговата полна кошница со шеќерчиња. А тој
со својот точак стасуваше секаде каде имаше деца.Прашајте ги
предците од Дебреште,Мажучиште,Свето Митрани,Ропотово,Секирци.
Дали се сеќаваат за Мечето.Тој поминуваше и низ пелагониските села
Пашино Рувци,Воѓани,Бела Црква,Обршани ама и Кривогаштани мора
да помине каде и да оди, е таму децата веднаш се збираа околу него
и си мислиш дошол поштарот,бидеиќи тој и не се гледаше од нив,онака
седнат на некој камен на сред село. Е кога доаѓаше или одеше децата
уште трчаа по точакот и незнам зошто викаа: Мече куши локуми.
---------------------
Тогаш: Сникерс,Милка,Албени,Дорина,Нестле,Тоблероне,Смоки,Чипс,
Орбит,Горенка,Марс,беа зборови кој не беа се уште во употреба.
Продолжува (за некој други Шеќерџии кој повеќе ги нема)
 
Постојат шеќерџии уште, во Штип знам барем 2ца
 
Постојат шеќерџии уште, во Штип знам барем 2ца

Напиши нешто за нив и за нивниот Еснаф.Дали ги користат истите калапи за шеќерчиња од порано од својте предци,оние метални за правење на тие,
стаклени петлиња-пиштолчиња и коли и свирчиња,или го продолжиле еснафот само сега купувајќи готови бомбони и чоколадца(турски),па ги продаваат по селските слави и манастирски слави а и пред училиштата.
 
Еххх да знам само колку петлиња и јаболкца имам изедено од кај Пампурот. Уште се сеќавам на неговиот глас , кога ке викнеше ЛИЖАЛЧИНААА ДЕЦААА. Е тогаш се ствараше општа паника , се трчаше до дома да се земе 10че. А на тоа бабите и дедовците му викаа : Ајде бе бегај не туку ги лажи децата... А се сеќавам кога немаше да ни дадат пари од дома се криевме зад клупите и му викавме ЛИЖАЛЧИЊА СО МРСУЛЧИЊА и веднаш бегавме ... еееее времиња
 
Не знам да ти кажам пошто не ги знам луѓето, но знам дека нудат скоро се од оваа област.
Дури мислам дека прават и стапчиња со кикиритки и сончоглед
 
Напиши нешто за нив и за нивниот Еснаф.Дали ги користат истите калапи за шеќерчиња од порано од својте предци,оние метални за правење на тие,
стаклени петлиња-пиштолчиња и коли и свирчиња,или го продолжиле еснафот само сега купувајќи готови бомбони и чоколадца(турски),па ги продаваат по селските слави и манастирски слави а и пред училиштата.
Чика Анчо

ги има уште многу такви ,имаме најмалку 5ца во Ѓорче ,еден кај Црквата и Пазарчето ....
 
Чика Анчо

ги има уште многу такви ,имаме најмалку 5ца во Ѓорче ,еден кај Црквата и Пазарчето ....

Од стари Еснафски фамилии - Шеќерџии (од пред ратот) или сега со транзицијава мака ги натерало.па нешто мора да се почне.
 
Анчо, да не ти е внук Сунѓерот Боб?
Што се нeма да прочита човек :facepalm: :pos:

Да се надоврзам на темата. Кога живеев во Скопје имав видено шеќерџии ( ги обожувам црвените шеќердисани јаболки)..., а тука низ Гостивар сеуште немам забележано :)
 
Лижалчиња со мрслулчиња...:icon_lol: Го немам видено може со години, изглеа се пензионирал, исто го немам видено и тој што носеше гевреци на глава, еее колку одамна беше тоа...:)
 
--------------------Прилеп и прилепско си имаше свој Шеќерџија
Кој не го познава него значи не бил дете на време од моја генерација,
и не трчал по него и по неговата полна кошница со шеќерчиња. А тој
со својот точак стасуваше секаде каде имаше деца.Прашајте ги
предците од Дебреште,Мажучиште,Свето Митрани,Ропотово,Секирци.
Дали се сеќаваат за Мечето.Тој поминуваше и низ пелагониските села
Пашино Рувци,Воѓани,Бела Црква,Обршани ама и Кривогаштани мора
да помине каде и да оди, е таму децата веднаш се збираа околу него
и си мислиш дошол поштарот,бидеиќи тој и не се гледаше од нив,онака
седнат на некој камен на сред село. Е кога доаѓаше или одеше децата
уште трчаа по точакот и незнам зошто викаа: Мече куши локуми.


На прекар го викаа Мечо и како што спомна одеше на сите манастири кога им беше славата на истите, како и по селата кога им беше слава или панаѓур. Одеше покрај полето и во мариовскиот дел.
Кога беше во градот вртеше по основните училишта со количката заедно со Сефо и Садре.
Покрај лижавчињата во форма на петле од растопен шеќер продаваше и зашеќерени јаболка, таан алва и сусамки во кошницата покрај семки и сончоглед.
Специјалитет му беше и лимонада која ја правеше од екстакт од лимон произведен во дрога порторож и шеќер.
Полнеше најобични лимени канти тулумбарки со вода, му ставаше по еден екстакт во канта, малку шеќер и почнуваше да вика...Ледена, медена од Студенчица доведена!!!
Знаеше да подлапне по некоја пијачка на гаге и многу пати на крајот ја превртуваше корпата и му ги земаа парите.
Колку што знам остави поголем имот во наследство на фамилијата од продавање на семки и сончоглед.
 
Последен пат видив кога бев во Охрид оваа година,неколкумина видов поточно,но дали тоа е нивниот занат и дали целло време се бават само со тоа,не секако дека не,тие само се појавуваат за време на некој манифестеции,каде што има народ затоа се речиси невидливи.
А претходно видов и во Кавадарци,на еден пазар,во секој случај ги има,но за жал овој бизнис не е многу исплатлив и затоа пополека изумира:(
 
578331_357173057721536_555926821_n.jpg


76807_426007044171470_1226192829_n.jpg


75007_426006397504868_948805127_n.jpg
 
Еве уште нешто за од овде од градов.
Мора да сте чуле за нив,или да сте ги виделе:чичко Киро и чичко Никола -браќа.
Починаа пред неколку години(на стари години).Уште како деца и во турско и во српско и во бугарско,татко им ги носел по манастири (на добици) на славите каде ги продавале својте производи.Таму и преноќувале во манастирот,а ако немало конаци или биле запустени тогаш во црквата(на пр. во Св Трифун,во Брзовец,така било).
Јас ги помнам уште пред земјотресот во црквата Св.Јован,но и во другите во градов.
Еснафот нивни и на нивните производи одел од колено на колено.Овој еснаф е многу редок(спаѓа или не во шеќерџии-тука некаде е) во Македонија. Рецептата за артиклите кој ги произведувале ја знаеле само тие. Еснафот не е продолжен од младата генерација на оваа фамилија,бар не овие години.Фамилијата е од Скопје,мислам Влае-Козле,или натаму некаде, а кој може ќе ќаже нешто повеќе.
Немам слики од нивните производи(Лет 3,ако најде нека постира).Јас ќе ги нацртам.
@ Let 3
Еве го производот со зборови,на кој децата најмногу му се радуваа.
Тоа беа разни колачиња од благо шарено тесто,во разни форми и некој со сликички.најчесто од црковниот „живот“ и светците.
Тоа беа на пример ланчиња за на врат од округли мали тестенини,нанижани на конец,розеви и жолти а некој во форма на крст,или едно такво-друго онакво.
Тоа беа разни форми на животни и птици направени од истото тесто,на кој имаше сликички,а по краевите беа ишарани со розеви,зелени,жолти,сини,шари.
Но имаше и други кој и сум ги изумил веќе,како пиштолчиња или лепчиња.
Сите беа убаво спакувани во тенок целофан,некој и врзани со шарена врвца.
Сум слушал и ова дека тие се трајни колачиња.може и дури до другата година.
Точно кое им е името на овие колачиња незнам,а и називот на еснафот е ?.
Дали сте пробале некогаш од овие колачиња-дали сте ги бар виделе.
---------------------
Има ли во Македонија уште од овие мајстори на „манастирски шарени колачиња“
Дали чичко Киро(и брат му) беше последниот ваков мајстор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom