супер, обично е од добар до одличен таксиратот. така да ..... ИДЕМЕ?
Посебно кога цена на карта е 450 денари, мх мх мх

Штета што ќе бидам на некоја карипски остров на некоја плажа со бел песок и ќе се брчкам во плиткото...
Туку, да споделам инфо за картите
По одличниот концерт на Ману Чао Ла Вентура, кој се одржа како последен во низата на годинашните „Таксират 15“ промо-настани, време е да се подготвите и за финалната вечер на следното издание на Таксират Фестивал.
Имаме голема чест и задоволство да најавиме дека пред нас е јубилејното петнаесетгодишно издание на фестивалот во кој влегуваме со уште поголеми очекувања од претходно. Таксират фестивалот, како и секоја година, ќе се одржи во декември, а за сите најверните и најбрзи „таксиратлии“ кои сакаат што поскоро да го осигураат своето присуство на „Таксират 15“, подготвивме промотивни т.н. „early bird“ влезници кои ќе бидат достапни по промотивна цена од само 450 денари! Овие промо влезници се во строго ограничен број и ќе бидат достапни во продажба од среда, 23 октомври 2013.
Главната вечер на Таксират Фестивал, ќе се одржи на веќе стандардната локација, „Метрополис Арена“ во Скопје.
Промо влезниците за „Таксират 15“ од среда ќе можете да ги набавите на сите продажни места во мрежата на МКтикетс:
Продажните салони на ONE во: Скопје (Рамстор, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Скопје Сити Мол) Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.
Продажните салони на Office Plus во: Рамстор, Скопје Сити Мол, ГТЦ, Палома Бјанка;
Југотон ГТЦ 1 кат.
Низ Македонија : ЗЗ ТОП Охрид, Агора Куманово, Хард Рок Битола, Шишко Кочани, Розе Веро 2, Камарад Рамсторе, Кафе Браво, Круг Кафе.
Сѐ уште имаме свежи сеќавања од неверојатните „Таксират“ денови поминати со одличните музичари, незаборавните концерти и единствената фестивалска енергија кои секоја година го претвораат Скопје во централно место за собирање на илјадници прекрасни луѓе од целиот регион. Петнаесет години по ред, Скопје во декември го снаоѓа нов „Таксират“. Наш „таксират“ е повторно да славиме... во име на музиката.
На главната фестивалска вечер нѐ очекуваат повеќе значајни музички артисти и препознатливата фестивалска атмосфера.
Наскоро очекувајте ги и првите најави за програмата на „Таксират 15“!
Таксират Фестивал! Преврти го Скопје наопаку!