Ме живцираат "сељаци", доволно од нив познавам, а сум им ги запознал и девојките со кои биле од време на време. Ова што се пишува овде (како и од женски, но повеќе од машки аспект) е комедија во обид да изгледа како драма. Проблемот е кога и двете страни ќе ти побараат совет за проблемите (или тоа што го гледаат како проблем), притоа кажувајќи ја само половина од приказната (ова особено важи за машките). Поради тоа, останале само во круг на познаници, не повеќе.
За разлика од "сељаците", останатите ги сметам за пријатели и другари, блиски другари. Не по случајност истите, ако се со девојка, се со таа девојка веќе години време, и вакви драми како што читам овде ретко или никогаш не им се случуваат. Затоа се нервирам кога ќе прочитам коментари од типот "нема поштена женска/нормален дечко" овде. Ги има, ама не знаете каде да ги барате, а кога некоја таква потенцијална личност може да е на видик, ја заменувате за подобра варијанта, или однесувањето ве плаши па ќе се решите на игнорирање, како ете, случајот на Шаринган. Зборам прво лице множина затоа што се обраќам на сите, не само тебе.