ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.973
- Поени од реакции
- 57.795
- Возраст
- 34
Глејте, накратко, класична „македонска работа“ ни се дешава.
Се појавува талент, прикажува некоја добра игра, го земаат за репрезентација, се истура од јако играње ко да е кандидат за Балон дОр, прави трансфер во „јака“ (значи под наводници јака!) лига и толку. После пак игра за репрезентација но се влече по терен.
По некое време доаѓа нов „талент“, овој гореспоменатиов го изоставуваат и тој почнува да се буни како не го повикале него, туку повикале некој во „приватна репрезентација“, место него кој на минатите мечеви го тегнел дебелиот мев по теренот и истрчал едвај 300 метри...
Чисто лицемерие, критикува за принципот по кој и самиот тој пред неколку години бил избран да игра и долго по тој принцип играл во репрезентацијата. Мислам, тоа дека репрезентацијата ни е „плати па клати“ веќе и мали деца го знааат. Тоа не се сменило од Катанец наваму. Очигледно некому тоа одговара зашто така лапа повеќе пари него репрезентацијата да освои трето место.
На прсти се бројат играчите кај нас кои пробуваат да ја подобрат репрезентацијата, но и тие после одредено време се откажуваат. Јасно е дека и Пандев не игра секогаш со сто проценти, јасно е и дека Ибраими последниов период не игра ко што играше пред да направи трансфер итн... Но барем тие двајца не се сељаци ко добри 70% од остатокот од дрвата...
Играчи за некојси бобмастичен резултат реално немаме. Но сигурно не сме и до толку утепани па да бидеме на последно место. Ако сакаме брза рекуперација, барем мала на репрезентацијата решението е јасно: Странски тренер кој ќе биде комплетно независен и кој нема да подлегне на мафијашките структури кои ќе му вршат притисок при секоја селекција на играчи.
Арно ама, за тоа да се деси има два услови, кои тешко би се исполниле:
1. ФФМ да сака таков „чист“ селектор кој ќе има одврзани раце при работата.
2. Дали всушност постои таков јунак кој би се нафатил да не среди...
Па така, за жал таа опција се чини неверојатна. Секоја друга опција со недокажани а во истовреме прикажани како тренеришта ала Чеде Јаневски, глеаме што ни носи.
За крај ќе речам, нема никој „невин“ моментално во репрезентацијава, од управа до играчи, има само помалку и повеќе криви. Но стандард кривицата ќе ја сноси тој шо најмалку треба. Или па ќе ја сноси тој што треба, но на негово место ќе дојдат исти ко него, како што до сега се вртевме во круг...