Нема потреба ова да преминува во лична пресметка. Ти ми си генерално симпатичен форумски лик, па не планирам да се расправам со тебе.
Најдобра формулација е дека глупаво рисјанин да слуша Joy Division. Контрадикторно, потполно бесмислено. И мислам дека разбираш каде е проблемот. Секој човек еднаш во животот (ако сака да биде индивидуа) мора да ја реши својата метафизчка дилема, верува или не верува во Бог. Еднаш кога ќе ја реши, треба да се однесуав следствено на таа одлука, ако сака да биде целокупна личност. Ако не сака, во ред.
Сега, од твоја перспектива, како на познавач на музиката, тебе ти е совршено јасно дека joy Division се голем бенд, можеби и најголемиот, и ти не сакаш да се откажеш од нив. Но од друга страна, тие носат презир спрема твојата идеологија.
Мора да го сфатиш тоа, за твое добро.
За теизмот на Витгенштајн, без навреда, но тешко дека ми си соговорник за да можеме да дискутираме на таа тема.
Не е лична пресметка, oнака дебатиреме по малку.

И јас немам намера да се зајадувам за една тема.
Во порака истиот муабет течеше, т.е на иста тема. Што се однесува до глупавоста, многу работи се глупави сами по себе, па никој не се дрзнал да ги опули па камоли да ги промени.
Во однос на дефинирање на помиот права можи да се тргни вака некако-Правото е овластување (засновано со закон, устав и меѓунардони договори) да се спречат правни нарушувања од државата врз слободата за преземање на авотномна акција во некоја област. Да имаш право значи да има гаранција дека можиш да реализираш автономна акција во реализирање на одредена цел-интерес. Конститутивни елементи нека бидат слободата за преземање на акција и контролата на таквата акција.
Е сега да видиме шо е слобода. Слобода би било непостоењето на правни пречки за намереното да се стори. Од тој аспек таа не е карактеристика на акцијата, туку карактеристика на димензијата која треба да се изврши самата акција.
Па така турвиотов има слобода, а има и право да прај шо му душа сака нели? Не знам дали си го сретнал некаде, но христијанството покрај тоа што е кудено за уназадување, е возвишувано за една огромна добивка. Тоа ја внесува совеста во човековата природа и во неговата слобода за одлучување. Тоа го прави човекот како ,,син Божји" посебен и индивидуа-еднаков пред Бога, со слобода на совеста за одлуката да го избере своето социјално и духовно однесување.
Е сега турвиор не го гледа то нешто(зборувам за бендот) како прецртана црвена граница во која мора вака или онака. Творештвото Дивижнско за него е само музичко творештво кое извршило огромно влијание врз музиката, врз многуте бендови, движење кое најавило една поинаква еволуција дотогаш невидена. Па токму фокусот на значењето кое им го придава лежи тука некаде. Јас не можам да речам дека сум развил целосна емпатија кон зборовите на Јан. Јас можам да речам само дека тој чоек си имал своја замисла и начин на гледање на светот, кој е секако интересен за проследување, за на крај таквиот начин да го пласира и во пракса преку јамката нели. Кој од вас е спремен како личност која целосно се согласува со него во секој став, да го превземи истиот чекор како него?
Мој омилен бенд се Редиохед.
Мојата почит за Дивижн како и за Флојд оди за најавената еволуција, за вредноста на севкупното музицирање, вклучувајќи ги и текстовите (но ова го кажувам од аспект на набљудувач кој има интерес да продри низ сестрано знаење,без намера да бара одговор за метафизички прашања, чунки одговорите горе-долу ги заклучил, барем оние најбитните). Тоа е сличен курац како да речам, напишаното од некој рандом славен филозоф не го бива за такво, само оти не се совпаѓа со мојот светоглед. Јас повеќе љубам да речам, абе види интересно е нештото, и има тежина во себе, дава еден поинаков хоризонт на размислување, али вака и вака, јас можам да го почитувам, но никако идолизирам. Јас немам идоли. Во ниту еден момент не сум рекол дека Кертис ми е идол. Тоа што си кажал тој си важи за него, јас само можам да го слушам како и многу луѓе во мојава околина, било на факултет, било на улица кои се обидуваат да исправаат криви дрини.
Јас сум само обичен смртник кој почитува добра музика што носи со себе музичка вредност, тежина, порака, па макар и да не се согласувам со истата. Така да различно гледаме на нештово и пак ќе се завртиме во круг, како муабетот по ПП кој го водевме.