Војната на патиштата

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.998
Поени од реакции
7.154
1. Државата нема стратегија за безбедност во сообраќај
2. Инфраструктура мизерна. Нека се направи една статистика ќе се види оти неколку црни точки во државава земаат многу животи. Настрана свеста и образованието овие црни точки мора под итно да се елиминираат. Жими коридорот е-75 другото е се од времето на Тито.
2. Сеуште кај нас минува мито и кинење на казни. Едино ако дојде до суд тогаш немате кај да бегате ама додека да дојде има милион начин како да се спасат од драконски казни.
Која инфраструктура сакаш да спречи возење со 200 на час низ град? Тоа само здравиот разум може да го спречи, ништо друго. И порано кога имале само земјени патишта, нели немало инфраструктура, ама не загинувал никој од возење пошто се возеле со запрежни коли и магариња, со 10 км/час, ама сега сакаат да возат бмв, алфа ромео, мерцедес и ќе си завршуваат вака по ендеци. Навистина жално, ама самите си се криви. :(
 
C

Castiel

Гостин
Само високи казни за ваков народ ...т.е за ваква стока...нека те казнат еднаш 500 евра после нема ни да помислиш прекршок да напраиш...лесна им земја на дечкиве али се вози ли пијан...колку треба си глуп за тоа...покрај својот земал и 4 други животи...
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Ох Боже. Страшна работа. Бог да ги прости. Сега го гледав видеото од извлекувањето на колата. Ептен се потресов. Жално е како си одат млади животи.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Која инфраструктура сакаш да спречи возење со 200 на час низ град? Тоа само здравиот разум може да го спречи, ништо друго. И порано кога имале само земјени патишта, нели немало инфраструктура, ама не загинувал никој од возење пошто се возеле со запрежни коли и магариња, со 10 км/час, ама сега сакаат да возат бмв, алфа ромео, мерцедес и ќе си завршуваат вака по ендеци. Навистина жално, ама самите си се криви. :(

Жално е вака одстрана и не вреди да се коментира. Али еве догодина ова време уште 30-40 животи ќе ги земат македонскиве патишта. До следната година пак уште толку, плус минус и така до кога е прашање. Грото од проблемите се надвор од градска средина гледај статистики, црни се статистиките за регионалниве патишта... Има неколку коридори што се хорор филм како, Демир-Хисар-Кичево, Маврово-Дебар,Куманово-Крива Паланка и остатокот од источна Македонија...
Муабетот ми е се додека државата не преземе мерки преку цела стратегија за намалување на црниве бројки народот не можеш да го свестиш туку така.... Значи од образование кај младина па до драконски казни и пред се инфраструктура да се уложи во патиштава што датираат од комунизмот. Ќе испадне дека ние сме многу паметни ама таа е реалноста. Додека државата не се свести, само од себе нема ништо да се среди, статистикиве секоја година се од црни поцрни.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
И тоа како се поправа со казни. Јебеш и менталитет и свест и совест, се што е оставено на свест, совест и морал кога-тогаш ќе си ебе мајката. Како што некој кажа претходно џандариве треба да дерат за пребрзо и возење по дејство на алкохол.
Кога ќе остане некој 2-3 години без возачка или ќе зима кредит да си плати казната, ќе видиш како после прв ќе те убедува дека поштува правила „не дека нема пари да плати туку ете, дека он има совест„.
Стварно ми е криво кога ќе отидат животи ради глупост, а ова е глупост.
ќе вози пак без возачка или ќе најде човек во мвр, ќе плати цајкан и тоа е. Само што невини пак ќе бидат изложени на опасност, е тоа е. Џабе, не можеш ти на ваквите да им всадиш во глава дека се опасност и за другите.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Мислеш ли оти сме нормална земја?

Ах бе човек, сите нешта шо се дешават кај нас са породени од некое друго срање.

Коа ќе дојде време еден средностатистички човек да може да си купе средностатистичко БМВ, тогај ќе е дено коа такви нешта нема да се случуват. А дали ќе го начекаме тај ден, искрено се сомневам.

Нека воведат такви казни, не е проблем. Ама нема да го решат проблемо. Проблемо е ного повеќе задлабочен отколку шо сакаме да си признаеме. Целото општество и неговите вредности ги дефинират правилата на игра у живото, сообраќајо, и се останано сврзано со него.

Нека и е лека земјата на младите деца. :(

пс. На мен ми се чине оти можно е намерно да е пробувал да се мушне у гаражата, да не се репне у ѕидо.
Не, не мислам дека сме. Ама ако нешто функционира на 200 други места, нема потреба ние да измислуваме топла вода, копи/паст и готово. Ти ова што го зборуваш има смисла, ама не е решение за одма. Што да правиме, да чекаме 30 години средностатистичките да купат средностатистичко? А до тогаш? Потребно е нешто што ќе функционира ОДМА!!! Казните може не се најдобро решение, ама одма даваат резултати.

П.С. Верувај дека казните ги одредуваат моралните вредности, а не обратно. Многу ќе се најдат „згрозени„ со ова и ќе ме напднат, ама така си било од времето, така ќе биде и понатаму.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Стварно ми е криво кога ќе отидат животи ради глупост, а ова е глупост.
Ова не е глупост туку курчење...курчење заради кое најчесто го јадат недолжни луѓе.За да ја искршиш колата до оној степен на оноа место треба да возиш со брзина која што е за 3-4 пати поголема од дозволената.Судејќи по сликите БМВ-то од кога удрило во тротоарот буквално летало,а за такво нешто брзината со која што се движело е сигурно над 120km/h.Ако добро го видите БМВ-то ќе забележите дека фатално за момчињата било тоа што автомобилот директно удрил со шофешајбната во ѕидот над вратата,а вратата (ако имало врата) е бутната со хаубата и од таму тој дел на автомобилот е најмалку оштетен.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
ќе вози пак без возачка или ќе најде човек во мвр, ќе плати цајкан и тоа е. Само што невини пак ќе бидат изложени на опасност, е тоа е. Џабе, не можеш ти на ваквите да им всадиш во глава дека се опасност и за другите.
Е тоа де, кога реков на казни не мислев само да се менуваат цифри во законот, туку да се среди баш ова. А се средува. Тоа ти е најдобро и најбрзо решение, се друго бара многу време, а и не е толку ефикасно.
--- надополнето: 11 октомври 2013 во 14:55 ---
Ова не е глупост туку курчење...курчење заради кое најчесто го јадат недолжни луѓе.За да ја искршиш колата до оној степен на оноа место треба да возиш со брзина која што е за 3-4 пати поголема од дозволената.Судејќи по сликите БМВ-то од кога удрило во тротоарот буквално летало,а за такво нешто брзината со која што се движело е сигурно над 120km/h.Ако добро го видите БМВ-то ќе забележите дека фатално за момчињата било тоа што автомобилот директно удрил со шофешајбната во ѕидот над вратата,а вратата (ако имало врата) е бутната со хаубата и од таму тој дел на автомобилот е најмалку оштетен.
А бе се сложувам со се ова, ама уште што се вика децата не се ни оладиле и на крај краева еден возел а не сите петорица.

А и ти ќе се сложиш дека и курчењето е глупост, така да...
Жал ми е за сите петорица и не ги обвинувам, посебно ради тоа што и никој друг освен нив не настрадал. Само криво ми е што им било „нормално„ по такви улици брзо да се вози, како што тоа им е нормално на илјадници други. Неколку години без возачка или неколку месеци затвор и веќе нема да им биде нормално и кул. За овие е за жал прекасно, ама некои други можда ќе се спасат.
 
Член од
23 ноември 2010
Мислења
1.842
Поени од реакции
2.108
Е тоа де, кога реков на казни не мислев само да се менуваат цифри во законот, туку да се среди баш ова. А се средува. Тоа ти е најдобро и најбрзо решение, се друго бара многу време, а и не е толку ефикасно.
--- надополнето: 11 октомври 2013 во 14:55 ---

А бе се сложувам со се ова, ама уште што се вика децата не се ни оладиле и на крај краева еден возел а не сите петорица.

А и ти ќе се сложиш дека и курчењето е глупост, така да...
Жал ми е за сите петорица и не ги обвинувам, посебно ради тоа што и никој друг освен нив не настрадал. Само криво ми е што им било „нормално„ по такви улици брзо да се вози, како што тоа им е нормално на илјадници други. Неколку години без возачка или неколку месеци затвор и веќе нема да им биде нормално и кул. За овие е за жал прекасно, ама некои други можда ќе се спасат.
Мене не може никој жив да ме натера да се качам со пијан возач во кола, а јас во моето над десет годишно искуство никогаш не сум возел пијан
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Ако биле врзани еве на, а и којзнае колку има претходно испиено :unsure:

Според ова што го гледаме на сликава момциве не е реално да ги спасат ни 10 каиши ни 10 воздушни перничиња.Они буквално удриле на местото каде што е изгребан ѕидот и каде што има траги од крв најверојатно со шофершајбната,а предницата на БМВ-то влегла во просторот доле и тоа шансите за преживување им ги сведува на минимум...да не речам и дека шанси за преживување не постојат.Главите на дечкиве и ѕидот во таква ситуација ги дели само едно обично стакло од неколку милиметри кое што е невозможно да ги заштити при еден ваков судир.
--- надополнето: 11 октомври 2013 во 15:11 ---
Лесна им земја.. Ах тој алкохол сите неубави работи ги прави... слично вака беше за 1 ви мај..
Крив е самиот човек,а не алкохолот.Златно правило кое што треба да го знаат сите возачи е дека под дејство на алкохол не смеат ни да помислат да седнат позади воланот.Нејќам да претпоставувам дали во оваа ситуација дечкиве биле под дејство на алкохол или сакале да ги тестираат крајните граници на машина каква што е БМВ на место кое што е далеку од такво,но пред да се притисне педалата за гас треба 2 пати да се размисли за последиците.Еве пред некој ден се преврте шлепер полн со пиво на кружниот во Ѓорче само затоа што шоферот мислел дека на таков кружен тек може да влезе со брзина од 78km/h. :facepalm:

http://www.mkd.mk/crna-hronika/kamionot-so-tuborg-se-ushte-go-blokira-soobrakjajot-kaj-gjorche-petrov-foto#1
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443
Еве пред некој ден се преврте шлепер полн со пиво на кружниот во Ѓорче само затоа што шоферот мислел дека на таков кружен тек може да влезе со брзина од 78km/h. :facepalm:
http://www.mkd.mk/crna-hronika/kamionot-so-tuborg-se-ushte-go-blokira-soobrakjajot-kaj-gjorche-petrov-foto#1

АМа возачот го немал њутот бе, не знае дека треба да намести музика, гасиш ЕСП и од доле да се фати... :D :D :D
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Мене не може никој жив да ме натера да се качам со пијан возач во кола, а јас во моето над десет годишно искуство никогаш не сум возел пијан
Што не значи дека нема да возиш веќе утре :). Живот е, се може да се случи.

Види, во право си. Глупост е да седнеш со пијан во кола, ама да изгуби човек глава ради тоа е сепак преголема казна. И што е најтрагично во исто време барем уште 50 коли низ Скопјево гарант го правеле истото, само овој пат без последици. Дечкиве за жал платиле со глава, а муабетот ми е, да не се повторувам, да се направи нешто БРЗО ова веќе да не биде „ин„ (стратегии за сообраќај, изградба на автопати се добри решенија како додаток, ама нити се доволни сами по себе нити се брзи решенија).
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
А добро над 90% од жртвите се на патиштата надвор од град ова е конкретно еден случај...
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.922
Поени од реакции
11.725
Баш сабајле кога се прибирав од диско поминав покрај рампа и го видов ужасов. Лесна им земја на дечките и повеќе памет за сите нас во иднина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom