НБА Сезона 2013/2014

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14?

  • Бостон Селтикс

    Гласови: 2 2,5%
  • Њујорк Никс

    Гласови: 2 2,5%
  • Чикаго Булс

    Гласови: 17 21,5%
  • Мајами Хит

    Гласови: 17 21,5%
  • Сан Антонио Спарс

    Гласови: 9 11,4%
  • Индијана Пејсерс

    Гласови: 1 1,3%
  • Хјустон Рокетс

    Гласови: 1 1,3%
  • Оклахома Сити Тандер

    Гласови: 8 10,1%
  • Денвер Нагетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Лос Анџелес Клиперс

    Гласови: 5 6,3%
  • Лос Анџелес Лејкерс

    Гласови: 6 7,6%
  • Голденс Стејт Вориорс

    Гласови: 0 0,0%
  • Бруклин Нетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Атланта Хоукс / Перо Антиќ

    Гласови: 6 7,6%
  • Мемфис Гризлис

    Гласови: 1 1,3%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
H

Harry Callahan

Гостин
Интересна сезона ни е во пресрет. Повредени играчи се враќаат, главни фаци во нови тимови, танкање за вигинс, но уште поинтересен е крајо т.е. офсезоната, каде што ќе има еден куп јаки играчи кои ќе бидат слободни агенти или имаат ЕТ договори, како леброн, мело, монро, денг и други. Многу играчи ќе имаат пробивна сезона(Ленард, Бледсо, Валансиунас, Херис, Батлер) многу и сезона 'да се биде или не'( Тарнер, Џонсон, МекГи). Ребилдинг тимови прераснуваат во плеј оф контендери (Кавс,Пистонс,Мини,Портланд) а има и обратни случави (Бостон,Јута,Милвоки). Еве неколку болд предвидувања од мене
- РОЈ ќе биде Оладипо
-ДПОЈ Леброн, конечно ќе му се исполни желбата на плачкото
-6ти Џерет Џек
-Тренер на годината Тибодо
-Најподобрен Валансиунас
-Најдобар ГМ, Мори од Хјустон или од Кавс (му го заборавив името)
-МВП Дурант.
-Кавс ќе влезат во плејоф
-Фили ќе го имаат најлошиот рекорд
-Гортат и Маршал ќе бидат трејдувани во текот на сезоната
-Оклахома се доста потценети и не би било чудно ако освојат
-Клиперс се преценети и не верувам дека ќе ја поминат втората рунда.
-Најголем Х-фактор ќе биде Роуз заедно со Вејд и Вестбрук.
Се надевам дека конечно Булси ќе играат во Јуни и после 16 години ќе стават уште еден Лери О'Брајан трофеј во витрините.:)
Roy : Бен МекЛемор
Најдобар стрелец на регуларен дел од сезона Кевин ДУрент
MVP : Кевин Дурент
Најдобар дефанзивец : има многу кандидати а Леброн сигурно ќе ја сака оваа титула бидејќу му недостасува во колекцијата , но Хауард ќе биде многу добар сега во Хјустон и очекувам тој да биде дефанзивец . Секако и Рој Хиберт може лесно до оваа титула да дојде со неговите дефанзивни способности .
Најдобар 6 човек : Белинели од Сан Антонио
Тренер на годината Том Тибодо
Најдобар генерален менаџер тој што е од Хјустон
Играч со најмногу напредок : има многу кандидати се зависи од атмосфера во одредени тимови Џеф Грин ќе биде лидерот на Бостон и предводник на обновата на тимот и би можел тој да биде играчот со најмногу напредок а може и Пол Џорџ од Индијана особено ако Грејнџер продолжи да има проблеми со повреда .

Кавси секако ќе играат во плеј оф .
Исток : Чикаго , Мајами , Индијана , Бруклин , Њу Јорк , Кливленд , Детроит , а 8 плеј оф тим некој од Торонто или Вашингтон .
Запад : Оклахома , Хјустон , Сан Антонио , Лос Анџелес Клиперс , Голден Стејт , Мемфис , Далас , Минесота
Филаделфија ќе ја брка својата цел а е тоа најлош пласман и можност за 1 пик и да го земат Ендрју Вигинс но ќе им треба и среќа во драфт лотаријата за да бираат први .
Тешко Оклахома до титула . Добри се но не и доволно добри за титула . Можат да бидат 1 на запад во регуларен дел , можат да победат во плеј оф на запад , но тешко ќе стигнат до победа во големото финале . Вестбрук и Дурент се доволни за победа на запад иако и на запад нема да биде лесно Сан Антонио е поискусен сега Грин и Ленард ќе бидат секоја година се подобри играчи а Данкан се уште може уште 2 сезони да игра на високо ниво плус Паркер по европската титула ќе настојува да земе уште една Нба титула а и Хјустон е доста силен сега , но во плејф оф се игра многу појака одбрана од страна на секој тим а тимови како што се Чикаго , Индијана и Мајами и во регуларен дел играат добра цврста одбрана а во плеј оф играат уште поцврсто во одбрана и би било многу тешко за Вестбрук и Дурент цел тим да носат на свој грб во плеј оф . Немаат компактен тим Оклахома за титула , до титула ќе им требаат 4 добиени плеј оф серии со само 2 стандардно добри поентери во тим што е тешко достижно . Ибака како кога игра а Перкинс бескорисен во напад а Сефолоша само повремено ќе блесне што е малку за титула .
Шампион : би сакал Чикаго . Но не би имал против и Индијана да биде шампион заслужуваат со играта да дојдат до титула . Но секако Мајами имаат компактен тим каде што секој си ја знае својата задача и обврска на терен . Не се непобедливи но кој сака против нив да добие плеј оф серија ќе мора да внимава да не прави непотребни тактички грешки како Вогел во 1 натпревар против Мајами кога во последен напад Хиберт остана на клупа а да беше во игра можеби ќе удреше блокада и Индијана ќе поведеше во таа серија .
Најпреценет тим : моментално Денвер .
Најпотценет тим : Сан Антонио од причина што за многумина Оклахома и Хјустон се подобри од Спарси но не е баш така според мене .
Најголем х фактор за Мајами ќе биде помошта во одредени моменти од играчите од клупа како Реј Ален кога помогна во 6 натпревар со Сан Антонио , тројките на Батиер , продуктивната игра во скок на Андерсон . И можните добри партии на Бизли кога тоа најмалку ќе го очекуваат противниците .
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
^ Се согласувам со членот над мене во врска со Оклахома, и искрено, незнам зошто неколку души од тука толку ја фаворизираат ОКЦ. Мислам дека немаат толку добар и искусен состав за да им парираат на Мајами и САС, пред се. Едноставно целиот товар пага на КД и Вестбрук, и во случај еден од нив да изигра барем 10 посто помалку од тоа што игра, не се истиот тим и многу губат. Што не е случај со Мајами на пример, видовме и во финалите, стигнаа до титулата со еден просечен Вејд и подпросечен Бош. Ама затоа, ги имаа еден Реј Ален, Милер, Батие, што погодуваа баш во моментите кога не им одеше на другите. ОКЦ незнам искрено дали имаат такви играчи, освен Дурант и Вестбрук.
Е сега, еден играч што може да игра таква улога од клупа мислам дека е Реџи Џексон. Дечкото се виде и претходната сезона дека може да биде и добар шести играч, а одличен беше и на летната лига во Орландо оваа година, каде што постави рекорд од 35 поени, од кои 23 во последната четвртина. Играч од типот на Вестрбук е ми се чини, колку што го имам гледано, брз, експлозивен.
Мислам дека многу работи ке зависат и од него сезонава, ако успее да се разигра и да стане прав шести играч на ОКЦ, нешто што го правеше Харден, е тек тогаш ОКЦ ке станат фаворити за титулата.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.394
Поени од реакции
7.049

1. OKC не е само Durant и Westbrook. Sefolosha и особено Ibaka се многу важни играчи во одбраната заради кои ја имаа 4тата најдобра одбрана во регуларниот дел од сезоната минатата година. Reggie Jackson кој го спомна е многу солиден играч и баш како што кажа многу сличен на Westbrook според стилот на игра. тој допрва уште ќе се развива. OKC има и еден куп други млади играчи кои може да се развијат во одлични играчи или пак да бидат трејдани во текот на сезоната за развиени играчи. Затоа се опасни OKC. Проблем ќе биде отсуството на Westbrook до Божиќ, ама дотогаш ќе се снајдат и без него. Во секој случај главната причина зошто ги споменавме е затоа што генерално во НБА медиумите OKC се многу потценети и подзаборавени и јас и уште неколку кои ги спомнавме мислиме дека може да бидат многу опасни од сенка. Како главни фаворити инаку генерално се спомнуваат Мајами, Сан Антонио, ЛА Клиперс, Чикаго и Индијана. Во секој случај не олекува интересна и незивесна сезона. Има едно 10 тима кои ако добро се уиграат и се во топ форма во Мај/Јуни може да ја освојат титулата. Реално многу ќе зависи и од повредите кои се непредвидливи.

2. За Мајами јас искрено не сум убеден дека видовме просечен Вејд и подпросечен Бош во плејофот. Вејд е веќе остарен и со еден куп лечени повреди кои мислам му сметаат на стилот на игра. Ми се чини дека толку му е снагата него. Бош исто не мислам дека одигра нешто особено под ниво едноставно таков тип на играч. Мајами реално ти е Леброн и тројкаши во моментов, другите и не се до толку битни како порано. И згора на се на крајот на годината им истекуваат договорите на сите тројца (односно имаат опција да ги раскинат). Тоа и тоа како ќе се труби цела година по медиумите и ќе им го оттргнуваат вниманието од играта на теренот. Се сеќаваш на Кливленд кога Леброн требаше да стани слободен агент?
 
За одбраната нема збор, претходната сезона баш кога спомнав тука дека ОКЦ има една од најдобрите одбрани во НБА, повекето се смееја. Зборот ми е за нападот и тоа дали ке можат да издржат ОКЦ(претпоставувајки дека би дошле до финале) едно 100 и нешто утакмици да бидат на рамењата на КД и Вестбрук и тоа константно, пошто реално немаат играч од клупа што може да поентира(не зборам за 4-5 поени од натпревар, туку играч како што беше Харден пред две сезони), затоа и спомнав дека Џексон е толку важен и дека барем една мала повреда на еден од двајцава веднаш ке ги извади од колосек.

А за Мајами, многу е различна ситуацијата од таа со Кливленд. Тогаш имаше еден куп просеци во тимот и реално немаше кај да оди тимот понатаму( веројатно ГМ да направеше подобри потези ке можеше да се состави и подобар тим, ама тоа е тоа). А сега, кога е во најдобриот тим во НБА и има позади него две перфектни сезони и две титули, малку причини би имало за да си отиде, скоро нула. Единствена што сега ми пага на памет е заситување, па можда да сака да се проба и во друг тим. Плус притисокот и споредувањето со МЏ, и самиот кажа дека сака да биде најдобриот што го видел овој спорт, па не се сомневам дека ке игра за да ги стигне и тие шест прстени на Џордан и колку таму МВП титули во регуларен дел. Малку ке биде тешко тоа ако оди во друг тим и почне се од почеток.
 
H

Harry Callahan

Гостин
Од стартна постава на Оклахома : Вестбрук , Сефолоша , Дурент , Ибака и Перкинс само 2 се константно добри во напад , а 3 играч Ибака некогаш игра добро и постигнува добри двоцифрени поени а некогаш потфрлува во напад добар е за одбрана и скокови и блокади но за врвни резултати и титула неопходна ќе биде неговата помош во поени , Сефолоша имаше се на се 5-6 добри натпревари ланската сезона а и оваа сезона нема ништо подобар да биде а Перкинс е тапа за напад 2-3 поени по натпревар а ни скокови не прави многу единствено во него се полагаат надежи дека ќе биде од помош во натпревари со силни противнички центри како што е Хауард , мада Перкинс под кош беше растурен ланскиот плеј оф и од Зек Рендолф и од Марк Гасол му опадна и играта во одбрана на Перкинс тоа е факт . Се сеќавате кога играа финале Мајами - Оклахома во 2012 кога Леброн понекогаш го чуваше Перкинс во одбрана затоа што практично немаше што да чува Леброн бидејќи Перкинс и онака само стоеше во напад и не се отвараше да прими топка а вусшност кога Леброн го чуваше Перкинс Леброн имаше двојна корист во исто време Леброн е на терен и се одмора истовремено затоа што тој воопшто не трошеше енергија за да го чува Перкинс , Бош и Хаслем го чуваа Ибака , Вејд го чуваше Вестбрук , а на Дурент се менуваа играчите на Мајами Батиер , Милер , Џонс доста време го чуваа и Леброн не се замараше на Дурент во одбрана а спротивно кога ќе беше Мајами во напад нормално во Оклахома немаа избор и Дурент мораше цело време да троши енергија на одбрана и да го чува Леброн и да влегува во проблеми со лични грешки . И тоа тогаш го имаа Харден а сега и него го немаат . И оваа ситуација воопшто не е променета во Оклахома од тогаш па наваму . И кога би играле големо финале Оклахома и Мајами истово повторно ќе се случува на терен што го напишав , а и хипотетски Оклахома да игра во големото финале со некој друг источен тим пак истото ги чека затоа што Чикаго , Индијана и Бруклин имаат многу поголем фонд на играчи и за напад и дефанзива и за правење притисок врз Дурент и Вестбрук . Плус Чикаго и Индијана се мајстори за дефанзива со Мемфис најдобрите дефанзивни тимови во лига моментално . Во ваква ситуација и со вакви соиграчи во Оклахома Дурент ќе треба да игра на ниво на Џордан , Скоти Пипен или Лери Бирд во плеј оф а Вестбрук на ниво на Џон Стоктон тука некаде за да имаат шанси во големото финале Оклахома а тоа е тешко за очекување да се случи . Оклахома е малку преценет тим , премногу од ваков играчки ростер се очекува и се става притисок врз Дурент и Вестбрук . Тие од тим во град Оклахома каде што немаше Нба клуб станаа клуб со респект но 2 играчи се малку за титула за играчкиот ростер што го има моментално Оклахома . Далас во 2011 го доби Мајами бидејќи и Мајами тогаш не беа доволно воиграни како тим и колектив и немаа солидна клупа , но и поради фактот што Далас изигра тимски секој даваше допринос баш секој , имаа само една звезда од рангот на Вестбрук и Дурент а тоа беше Дирк Новицки но сеедно имаа колективна игра секој играч помагаше кога ќе излезеше на терен . И во случај да изиграат постојано во серија добри натпревари Дурент и Вестбрук и двајцата да искомбинираат 55-60 поени по натпревар во плеј оф се е тоа залудно бидејќи за победа и добивање на плеј оф серија со силен конкурент е потребно многу повеќе од тие поени а во Оклахома нема многу играчи што можат да дополнат со поени . Од повеќето играчи во ростер што ги има Оклахома може да се очекува прилог од поени толку мал како кога се очекува многу да помогне некој со пари а што има на располагање касичка прасичка со пари монети :) А и на клупа немаат ништо посебно , Реџи Џексон и Џереми Ламб им се најдобрите на клупа а плус во прашање се млади и се уште неискусни играчи кои секако дека ќе грешат и ќе продаваат топки кога ќе дојдат натпревари решавачки и клучни моменти од натпревари што е сосема нормално за очекување . Пери Џонс тука е како замена за Дурент кога ќе земе по некоја минута одмор Дурент , Колисон е само бек ап замена за Ибака понекогаш има солидни партии од 7-8 поени и 5-6 скока и ок резерва Колисон , Табит е само највисок играч во лигата и ништо повеќе . На центарска линија се слаби Оклахома Перкинс не вреди за 8-9 милиони по сезона што ги зема , 3 милиони е неговата вредност според она што игра на терен , дали воопшто 3 милиони долари Андерсон во Мајами ќе зема оваа сезона а неговиот допринос за тимот е каде каде поголем од оној на Перкинс во Оклахома . Од Дерек Фишер може да се очекува да изигра максимум 15 минути по натпревар а и нему му е време за пензија реално . Немаа никакви засилувања летово во Оклахома засилување им беше донесување на слободен играч Рајан Гомез , тип кој што нема посебни остварувања во досегашна кариера а има веќе 31 година . Се коцкаа на драфт и за центар го земаа Стивен Адамс времето ќе покаже дали направија добар избор , Сем Прести има правено одлични потези во својата кариера на драфтовите а дали и сега има добар избор направено ќе видиме . Се на се не толку силни и убедливи Оклахома како што се смета дека се силни , Сан Антонио нема да биде послаб од лани со Белинели од клупа само подобри ќе бидат им отиде Блер во Далас но тој и онака не добиваше шанса за игра . Хјустон е посилен многу за разлика од лани , имаат подобра стартна петорка од Оклахома , и нив клупата им е проблем Беверли ќе им биде можеби и најдобар од клупа . Не заборавајте на Голден Стејт и тие ќе имаат што да покажат во плеј оф ако бидат здрави а не како лани кога Ли се повреди . А за Клиперс рано е за давање прогноза барем за мене , Риверс е еден од најдобрите тренери во лига и мајстор за дефанзива . Моментално немаат што да понудат за трејд во Оклахома на некој тим , можат само да земаат слободни играчи а и тука немаат простор за маневар поради селари капот , можат само да се надеваат на играчите од драфт што ги земаа а тие додека станат добри играчи треба време а дотогаш ќе има притисок за титула кај Вестбрук и Дурент од страна на јавноста .
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.394
Поени од реакции
7.049
А за Мајами, многу е различна ситуацијата од таа со Кливленд. Тогаш имаше еден куп просеци во тимот и реално немаше кај да оди тимот понатаму( веројатно ГМ да направеше подобри потези ке можеше да се состави и подобар тим, ама тоа е тоа). А сега, кога е во најдобриот тим во НБА и има позади него две перфектни сезони и две титули, малку причини би имало за да си отиде, скоро нула. Единствена што сега ми пага на памет е заситување, па можда да сака да се проба и во друг тим. Плус притисокот и споредувањето со МЏ, и самиот кажа дека сака да биде најдобриот што го видел овој спорт, па не се сомневам дека ке игра за да ги стигне и тие шест прстени на Џордан и колку таму МВП титули во регуларен дел. Малку ке биде тешко тоа ако оди во друг тим и почне се од почеток.

Нема збор дека Леброн ќе оди секоја сезона до крајот на кариерата на титула. Ама не сум сигурен дека Мајами му е најдоброто решение за тоа, од идната сезона па натаму.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.394
Поени од реакции
7.049
Точно е дека повреда на Вестбрук или Дурант во плејофот Оклахома не може да преживее, ама и ниту една друга екипа не може да преживее повреда на еден од нивните 2 најдобри играчи.

А за нападот на Оклахома, сеедно е колку ги бивало Перкинс и Сефолоша, Оклахома го имаше најдобриот напад во регуларниот дел од минатата сезона. Во плејофот паднаа исклучиво зараи повредата на Вестбрук.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Ех бре ,ради Лин отидоа и до Тајван.. ни НБА не е тоа што беше..
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.448
Поени од реакции
5.571
А Мајами што толку сите го форсирате,што ке се деси ако Вејд уште има проблеми со колената,во плејофот цело време мислев ке се сруши на земја од повредата,Бош е просечен,така да...ке остане се на Леброн,а добро знаете Грег што му направи во Кавси на какви неквалитетни шутеви го тераше кога ги почистија...
 
раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.684
Поени од реакции
1.990
Ај да се кладиме дека ќе си отиде и он?
Нема иднина таму, сам ќе сфати. :)
не може да се каже со сигурност, несомнено е дека има далеку поталентиран ростер од оној на леброн, јас типувам дека ќе остане.
 
Член од
7 јули 2010
Мислења
1.695
Поени од реакции
828
Hang Time:Calm Before The Storm
http://hangtime.blogs.nba.com/2013/10/10/no-love-for-the-knicks/?ls=iref:nbahpt3c

Инаку според мене :
Руки на годината очекувам да биде - Оладипо
Најдобар стрелец - Дурант
6 ти играч - Ник Јанг
Најдобар дефанзивен - Хауард
МВП - Џејмс
За тренер - Попович
Најподобрен играч - Дерозан
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.636
Поени од реакции
10.380
А Мајами што толку сите го форсирате,што ке се деси ако Вејд уште има проблеми со колената,во плејофот цело време мислев ке се сруши на земја од повредата,Бош е просечен,така да...ке остане се на Леброн,а добро знаете Грег што му направи во Кавси на какви неквалитетни шутеви го тераше кога ги почистија...
Па како прво Мајами 2 титули со ред освои а и составот му е подобрен така да и натаму се главен фаворит дур некој не ги победи.
Ко второ повреда можи да му се случи на секој така да неможиш да се надеваш дека Вејд ќе има проблеми со повреда, а главните играчи од другите тимови нема да имат... да Вејд има проблеми со колената но последно ко видов тој ја изигра постсезоната и тоа со неколку одлични утакмици а Коби, Вестбрук, Роуз и компанија одмараа. Така да...
И ко трето од та чистката поминаа 6 и пол години... 6 и пол години во кои Леброн станувал се подобар и подобар, и 6 ипол години постари Данкан, Ману и Паркер...
И Бош ако е просечен незнам која 4ка е надпросечна...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom