Хорор филмови

Ај додека чекам да излезе Чаки и добра слика на The Conjuring, дај кажете мислење за Cannibal Ferox и Cannibal Holocaust . Дали вреди да јадеш додека ги гледаш филмовиве...? :D

Тие филмови не вредат да се гледаат, дури ни кога не јадеш. Тоа е грозота, болни умови...не хорор.
 
Го гледав The Conjuring и е одличен. Не сум голем љубител на хорор филмови и иако формулата е позната, овај е многу ефективен и одлично направен. Голема препорака.
 
Мене Конжуринг ама ич не ми беше страшен и спрема рејтингот што го имаше дури и сум разочаран.Преплашеност 0 во текот на филмот.Стандард приказна како во 50% од хорорите ако не и повеќе.Се одкажувам од овај жанр полека, нема ништо квалитетно јбт.
 
добро тоа се зависи од кога и како гледаш, ако одиш со тоа да видиш нешто не видено до сега нормално дека ќе се разочараш, тоа е, мора да се прифати дека горе-долу е слично приказната пред се само се гледа како е претставено се тоа.. празниш мозок онака опуштено преку ноќ сам на 720п и до крај звук на слушалки и мора малку да се убедиш како ти да си присутен таму ако сакаш да почуствуваш страв т.е. тоа е и поентата.. на пример сцената во подрумот сама кога беше мајката ми се крена адреналинот одлично направена...
 
Уште се чудам на некои овде ... па како е можно ниеден филм од овие поновите да не ве бендисува ... на овој тоа му фалело , на оној тоа не чинело ... а за чудо големо тие постарите биле ептен добри , ремек дела не знам што.Напротив во старите хорори не гледам ништо посебно. Не велам не ... има навистина некои обиди за хорор филм од поновите кои изгледаат дури и смешно, ама да тврдите дека филмови како The Conjuring , Mama , Evil Dead се лоши - (посебно првиот, филм што ме укочи после долго време, а имам изгледано премногу хорори )... е тоа не можам да го разберам.
 
Абе хорор гледам јас за да се исплашам и да ме мавни на психа а не да го гледам и да ми досади цело време да ме успија.Што е толку страшно во конжуринг баш ме интересира? што ве исплаши толку ? Прикаскава за деца ми е
 
Kрадено приказнуле од 4-5 хорори. Уште кога го изгледав го коментира наназад пред некоја страна.
За да имаш ти 7.7 оцена на хорор, хоророт по некоја логика мора да содржи нешто најоригинално, ненајебливо за таа 2013та година.
Единствена придобивка е тоа што вложуваат во изгледот на зомбињата преку новите технологии, но заеби ти зомбиња кога не знаат да ти пецнат в психа нели.

Ова е то пример шо го чекавме во цел филм за на крај да ти се појави и да те здрма. Потоа ако успееш да го сонуваш кога ќе си легниш, дознаваш дека ептен саГлам те здрмало.

http://www.youtube.com/watch?v=HsqzR0p04k8
 
Тој ми е муабетов и мене.Ретко се начекува хорор со 6 и нешто рејтинг и најчесто се просечни хорори но нели ... ние сакаме нешто посебно.Гледаш 7.7 рејтинг и очекувам да не заспијам од хороров вечерта а јас уште дури го гледав ќе заспиeв.
Sinister и Insidious се филмишта за овој.Иако немаат којзнае што во нив, барем дури ги гледаш си понапнат и повнесен во филмот.
 
Те сфаќав донекаде.. а тоа некаде беше до Insidious. :pos:

Sinister иде на место. Jaс сум хардкор фан на стариве хорори, 80тите поготово, затоа скоро секое хорорче го гледам. Побогу, издржав до крај на The Last Exorcism II. :pos:

Conjuring искрено беше добар хорор. Врвот ми е годинава мене, а ептен ми се допаднаа и Mama и Evil Dead рецимо.
Сега кога ми е веќе одличен, го оценувам со повисоки критериуми, го оценувам по недостатоците што ги има за да биде култен.
А од тој аспект, потфрли со крајот, бледо и лесно заврши. Сакав со поголем бум, ама битно беше возењето и тензијата. И никаде не ми беше смешен, што е најголем плус кај хорор филм.

8ка добива од мене.

Ај конечно V.H.S 2 да го ѕирнам кога почнав хорори деновиве, па идеме со American Horror Story. :vozbud:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom