За патријархот Вартоломеј МПЦ е парацрква

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
A знаеш ли дека воопшто телевизија не сум гледал не знам ни јас од кога ? п.с имам основно училиште учено,познато ти е нешто такво.. ? тешко а :) друго има нешто да ти одговорам.. ? :)
Нема. Да му речеш на учителот да ти ги врати парите...

:sneaky:
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Види Ставрогрин :) ти што си бегал од часови по историја во основно (ако си учел) јас овде немам апсолутно никаква намера да те образувам ни тебе ни било кого.Второ мојот извор е 1000 пати подобар од твојот од Википедија,во кој еднаш еден мој другар од Куманово напиша дека АРМ има 800 тенкови и стоеше толку време дур не им текна еден ден да го тргнат,а чисто информативно за тебе АРМ немаше 800 тенкови ни кога беше како Трета армиска област на ЈНА во СФРЈ Македонија (ова пример за твојот извор).И како последно,според твоето размислување,ако Македонија одма за се нешто треба да се пика како кучка во чопор за парење веројатно немаше јас и ти овде да збориме на Македонски јазик а ни Кајгана немаше да биде Македонски сајт,суштината е да БИДЕШ СВОЈ НА СВОЕТО и добро прочитај го ова болдираново,не треба никој да ја признава МПЦ што се однесува до мене не ми смета,јас знам што сум по вероисповест и знам во кого верувам,комплекси од некои што несреќно се на големи црковни фукнции и тоа исто не допира до мене а не би требало ни до МПЦ и верниците како нејзино тело :)

Дечко, се загина ептен, мислев дека сум стиснала погрешен таб. :confused:

Ставрогин
Имаш право за ова со католиците. На Миладиновци на пример, за печатењето на Зборникот им помогнал Штросмаер, зашто биле унијати.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Зошто не сме ко Црногорциве, секоја им чест!

- Патријархот се замислува дека е вселенски авторитет на кој треба сите да му се покоруваат, и бара бесповратна послушност и одрекување од сопствената совест и слобода за сметка на белградската патријаршија која со неговите претходници повеќепати тргуваше со разни томоси за автокефалност, изјави потпретседателот на ЦПЦ за порталот на ТВ Црна Гора.

Тој додаде дека ЦПЦ не ги интересираат ставовите на севселенскиот патријарх.

- Му порачуваме дека неговите компетенции завршуваат во границите на Турција чиј државјанин е. Вартоломеј треба да знае дека никогаш во историјата Турчин не ни ги решавал црковните прашања, па нема ниту сега, нагласи Вучиниќ.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=25350
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Не знам за украдена историја, но знам дека на секој католички Божиќ папата им ги честита новогодишни и божиќни празници на Македонците, и тоа на македонски јазик.

Се разбира, папата им ги честита новогодишните и божиќните празници и на другите народи на нивните јазици, но нас конкретно не нарекува Македонци и тоа повеќе од доволно говори кое е мислењето на Ватикан и на католичката црква за македонската нација и за македонската историја.

А кога сме кај Вартоломеј и кај неговата одбрана на Јован Вранишковски, како православен христијанин, Вартоломеј во најмала рака би требало да се помоли како за Вранишковски, така и за тие кои го осудиле и за тие кои го бранат, бидејќи Исус Христос во Новиот Завет ги повикува луѓето да не судат за да не бидат судени, да не осудуваат за да не бидат осудени и да простуваат за да им биде простено, а Вартоломеј го прави сосема спротивното, ниту повикува на прошка и милостија, ниту повикува на покајување за гревовите, туку само додава масло на огнот, што не го прави ништо поарен ниту од Вранишковски, ниту го прави поарен од тие кои го осудиле Вранишковски, ниту го прави поарен тие кои го бранат Вранишковски.
Треба да те банираат заради добронамерност, на телетабисов Realen. си потрошил повеќе од два реда муабет :D.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Види Ставрогрин :) ти што си бегал од часови по историја во основно (ако си учел) јас овде немам апсолутно никаква намера да те образувам ни тебе ни било кого.:)
Немаш изговор за тоа што те мрзело да дочиташ и да побараш повеќе информации.
Лидија тргувала со текстил, потекнувала од западниот дел на Мала Азија но се доселила во Филипи кој го носел името на Филип и своевремено бил сметан за македонски град. Затоа тамошните жители се нарекувани Македонци.
За Лидија конкретно не постои никаков доказ за македонска, грчка и др. етничка припадност, како што ниту нејзиното име не претставува нејзино право име, туку име изведено од регионот од кој потекнувала.
  • Да, тоа е првата жена на европско тло која била покрстена.
  • Да, таа дозволила нејзината куќа да биде осветена и со тоа станала прва црква на европско тло.
  • Колонијата за која станува збор, била романска, односно сите територии кои биле освоени од Римјаните претставувале нивни колонии.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Библијата доволно сведочи за првата црква во Европа а тоа е Македонија како прв Епископ поставен од Апостол Павле апостол Урбан а првиот епископ во Солун апостол Силуан.
За прв пат во Европа апостол Павле стапнува во Филипи од кој Лидија е првата Македонка која се покрстила и воедно првата македонка и христијанка на Балканот и во Европа.
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Од чисто политички аспект, за сето ова постои едноставно решение, од кое ќе им залетне и на Србите и на Грците, а се работи за премин на МПЦ во католичките цркви. Прифаќање на католицизмот и папата, и крај на приказната. Ќе останат дебилите со она во уста. Но за такво нешто треба политичка визија и храброст, нешта од кои што нашите политичари и владици се оперирани...

Е ова е интелектуално самоубиство! :facepalm:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Е ова е интелектуално самоубиство! :facepalm:
Како ти можеш да знаеш што е интелектуално самоубиство?

За да постои самоубиство на некој ентитет, тој ентитет мора прво да постои. Ентитетот интелект на Омер не го исполнува тој услов.
--- надополнето: 7 октомври 2013 во 23:43 ---
Библијата доволно сведочи за првата црква во Европа а тоа е Македонија како прв Епископ поставен од Апостол Павле апостол Урбан а првиот епископ во Солун апостол Силуан.
За прв пат во Европа апостол Павле стапнува во Филипи од кој Лидија е првата Македонка која се покрстила и воедно првата македонка и христијанка на Балканот и во Европа.
Ајде цитирај ми каде во библијата пишуава дека Лидија била Македонка.
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Ставрогин;, зошто мислиш дека папата би прифатил приклонување на МПЦ кон Ватикан?
Јас мислам дека не, и тоа од прагматични причини, кога би се упатил таков предлог (а од кај нас таков предлог или барање нема никогаш да дојде).

Проблемов со прифаќањето на МПЦ во Православието е толку полн со контрадикторности, подмолности и зла намера, што мене, лично, ми причинува гадење и одбивност кон секакви коментари.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Како ти можеш да знаеш што е интелектуално самоубиство?

За да постои самоубиство на некој ентитет, тој ентитет мора прво да постои. Ентитетот интелект на Омер не го исполнува тој услов.
--- надополнето: 7 октомври 2013 во 23:43 ---

Ајде цитирај ми каде во библијата пишуава дека Лидија била Македонка.

Види во Дела 16:11-15
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Ставрогин;, зошто мислиш дека папата би прифатил приклонување на МПЦ кон Ватикан?
Јас мислам дека не, и тоа од прагматични причини, кога би се упатил таков предлог (а од кај нас таков предлог или барање нема никогаш да дојде).

Проблемов со прифаќањето на МПЦ во Православието е толку полн со контрадикторности, подмолности и зла намера, што мене, лично, ми причинува гадење и одбивност кон секакви коментари.
Од кои прагматични причини Ватикан би одбил едно такво приклонување?

Во самата природа на секоја организација од тој вид е да го шири својето влијание секаде каде што може. На Балканот имаат јако утврдување во Хрватска, но наваму сите се православни, освен Албанците. Македонија би била како клин забиена помеѓу православните држави.

Инаку, знам дека правиме хипотетички муабет, нашите продуховени :noze: владици никогаш не би побарале нешто такво...
--- надополнето: 7 октомври 2013 во 23:59 ---
Види во Дела 16:11-15
Ти види во недела, копито едно. Ако не знаеш да дискутираш, исклучи форумот, немам јас овде намера да те трпам недоквакан. Знаеш цитат да дадеш или не?
 
Многу мирисаш зошто си у живот непран најверојатно тоа ќе е да!

Инаку мислам дека ти беше големиот логичар на форумов па не ти текна да активираш една мозочна гангалија да пише Acts на Гоогле и за дел од стотинката да добиеш информација од прва рака:pos: .

Навистина ми е тешко да раскажувам на атеист нешто што не го интересира и така си дојден овде да си играш со верниците така да дај одлепи више од темиве на религија или дај поверувај па да те направиме еден од нас верниче.

ПС Acts 16:11-15 Логика,Логггиииика(n)
 
Копито, на подфорум свет си, не си на религија.

Изгубен си во времето, просторот и на форумот. Уште го чекам цитатаот од библијата каде што пишува дека Лидија била Македонка.

Тркало неписмено.
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Од кои прагматични причини Ватикан би одбил едно такво приклонување?

Во самата природа на секоја организација од тој вид е да го шири својето влијание секаде каде што може. На Балканот имаат јако утврдување во Хрватска, но наваму сите се православни, освен Албанците. Македонија би била како клин забиена помеѓу православните држави.

Инаку, знам дека правиме хипотетички муабет, нашите продуховени :noze: владици никогаш не би побарале нешто такво...
--- надополнето: 7 октомври 2013 во 23:59 ---

Ти види во недела, копито едно. Ако не знаеш да дискутираш, исклучи форумот, немам јас овде намера да те трпам недоквакан. Знаеш цитат да дадеш или не?

Во моментов се води дијалог меѓу РКЦ и Православните за надминување и/или преформулирање на разликите.
Дури и мислам дека, освен постоечките проблеми во Украина, постои некој премолчен договор за наупаѓање во туѓи канонски територии, што би можело да се каже и за нашиов случај.
Хипотетички, нашиве да побараат канонски прием во РКЦ, мислам дека прво ќе бидат упатени кон Москва, оттаму кон Белград, или барањето ќе се изгуби во некои фиоки.
Теодосиј Гологанов веќе се обидел да направи такво нешто, иако во потполно различен историски контекст. Ако тој не успеал тогаш, и во такви услови, не ми се верува дека такво нешто е можно денес, иако јас, лично, од свои причини и уверувања мислам дека тоа би бил погрешен потег, осуден на пропаст одвнатре.
--- надополнето: 8 октомври 2013 во 00:10 ---
Ај бе не бидете ко децана мали....
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
11 From Troas we put out to sea and sailed straight for Samothrace, and the next day we went on to Neapolis. 12 From there we traveled to Philippi, a Roman colony and the leading city of that district[a] of Macedonia. And we stayed there several days.
13 On the Sabbath we went outside the city gate to the river, where we expected to find a place of prayer. We sat down and began to speak to the women who had gathered there. 14 One of those listening was a woman from the city of Thyatira named Lydia, a dealer in purple cloth. She was a worshiper of God. The Lord opened her heart to respond to Paul’s message. 15 When she and the members of her household were baptized, she invited us to her home. “If you consider me a believer in the Lord,” she said, “come and stay at my house.” And she persuaded us.

И каде пишува дека Лидија е од Македонија?

Лидија, од градот Thyatira,денешен Akhisar во ТУРЦИЈА.
--- надополнето: 8 октомври 2013 во 00:18 ---
иако јас, лично, од свои причини и уверувања мислам дека тоа би бил погрешен потег, осуден на пропаст одвнатре.
Зошто?

Стадо овци е стадо овцо, дали ќе биде нарекувано православно или католичко, потполно е сеедно...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom