Музичко име на тапет : Coldplay

  • Креатор на темата Креатор на темата Andrew
  • Време на започнување Време на започнување
Bon Jovi?

walks-out-o.gif
 
нареден skrillex за да може убаво да се изхејта
бон џови се ко спремање сега...
 
Bon Jovi ако би го оценувал би го оценил со 4ка според мене бидејќи не дека има нешто премногу јаки песни или пак дека сум некој фан но има некои солидни песни кои често знам да си ги пуштам :) Додуша него повеќе го слушаат женски отколку машки...

Еве некои песни кои мене лично ми се допаѓаат...

Прво, Џон изгледа фантастично, додуша и Ричи не е лош.:cool:
Второ, им ги сакам песните. (You want to) Make a memory ми е омилена, Bed of roses и Dirty Little Secret се тука некаде исто. Убави песни имаат и си ги слушам чат-пат. Не као секој ден, али често пошто песните ме полнат со позитивна енергија.
 
Ја ќе почекам да се намножат хејтерите за да има фер борба, ја сам они 40 :cool:

P.S.
Што ти значи да имаш другар за модератор, а? :coffee:

P.P.S.
Malcolm van den Сабаховић, не бегај од светска музика! :cautious:
 
Како што ќе каже омилениот ми лик: Bon Jovi rocks. On occasion!
Овој бенд засекогаш ќе има посебно место во моето срце зашто ме потсеќа на едно убаво време, ме потсеќа на првите журки, кога едвај влезени во пубертет се деревме на It's My Life пошто нели, или пак се топевме на Always/Bed Of Roses/All About Loving You... Признајте си сите имате фаќано девојки на нивни песни, а сите ние пак иаме паѓано во вашата мрежа. :)
Да ги слушам on а daily basis - тешко. Али повремено да пуштам песни кои што ме потсеќаат на преубави моменти, о да!
И да, Џон изгледа феноменално! :love: Али ако пуштиш последнователно неколку песни, напорен станува со гласот.
 
Што може да се каже, што може да се напише за Бонџо а веќе не е кажано, а веќе не е напишано.

Чија магија плени. Магија претворена во милозвучен глас, испреплетен во текстови во кои сите ние, обични и необични, смртници и некој ко Сусаро може да се пронајде, да се чувствува искажан, да се осети млад. И тажен, ама и среќен. Музиката на Бонџо те прави тажен, ама и среќен, оти си тажен. И така, во круг.

Неговата музика е безвременска,создадена за минатото, ама и за иднината, додека ја плени сегашноста. Ко Персиски килим. исткаена привилегија, за оние кои знаат да слушнат, кои знаат да разберат. А треба да бидат среќни, оти го виделе, го слушнале.

Бонџо се вброува во великаните, во големата музичка сложувала, рамо до рамо со потписници на музичкиот документ наречен квалитет, како Финк Плојд, како Дејдфул Гред, како Архангел. Ух, само каква комбинаторика ствараат на (кој што има даунлоудирано) музички плеер.

А што ми е мене омилениот дел од наследството на Бонџо оставено за цел свет? Tekstovite.

Распараат, те оставаат гладен за more. и за повеќе, ама и за more, ко море. На лежалка, додека ти ја проветрува душата. Дур се пронаоѓаш на неговата текстуална мапа. И можеш да бидеш среќен, оти и Френк Синатра е еден од тие кои можат да речат: да, јас сум дел од велетворештвото на Бонџо. Како и сите ние, ол араунд д ворлд, кои го слушаме. кои цениме, енергија, енергија, и енергија.

Бонџо We
 
Имам конкретен предлог. Најпрво да се истераат култните бендови. До сега, од 11 тапети (вклучувајќи го и овој) само 5 беа големи бендови.

Значи, истерајте со големите бендови како Black Sabbath, Queen, Sex Pistols, The Doors, Мизар, па понатака може со овие глупостите како AC/DC и Bon Jovi да одиме.
 
Првично така беше замислена темата. Ама нели треба да има малце бранување, менење на стилови и публика. Ако ги изредиме дечкиве по ред, не викам дека нема, ама ако ги ставиме сите, најверојатно ќе испадне само фалби, импресии, споделување песни и никаква рчка или појака дискусија како шо се деси на пример коа беше Архангел. Тоа е целта, искрено и јас не ги обожавам бонџо we шо вика малком.

Имаш предлог за наредни? Ако сакаш и воведот го пиши. :)
 
Ќе добиеме од секој различна анализа и интерпретација. Квалитетни, подолги постови.

Еве, за Нирвана AceCaleb напиша одличен пост, за Битлси Io, додуша имаше и други одлични постови за тие бендови, но нивните ги земам како репрезентативен примерок.

Предлозите се тие, погоре што ги напишав, за следниот четврток не знам, понатака би направил воведен пост, зошто да не.

:)
 
Ќе добиеме од секој различна анализа и интерпретација. Квалитетни, подолги постови.

Еве, за Нирвана AceCaleb напиша одличен пост, за Битлси Io, додуша имаше и други одлични постови за тие бендови, но нивните ги земам како репрезентативен примерок.

Предлозите се тие, погоре што ги напишав, за следниот четврток ме мрзи, понатака би направил воведен пост, зошто да не.

:)

Океј, се слагам. Само во план беше нешто porcupine tree за нареден, па ако биде тој, после него рецимо вратите. Еве ја ќе пишам за нив. Или ако не те мрзи ти. :)
И од понеделник почнуваме да ги мениме, нели флоид ги сменивме вчера. Да си биде онака, права недела.
 
И една забелешка, досега беа се' рокери (гранџери, металци, пост-панкери...). Може и жанрот да се промени, на фолк: Боб Дилан, Коен, Кеш, или џез: Дејвис, Армстронг, Гилеспи...
 
Мислам дека ќе ја утнеме ако се испукаат сите култни бендови и за после останат потапа бендовите. На сите ќе им биде интересно додека се култниве бендови, па после за срање бендовиве никој нема да ја посетува темава па од некои случајни минувачи ќе се удира по некој one liner од типот - Бендов е најбоље/најсрање итн.
Балансирано е подобро, секако и менување на жанрот е добра идеја, може да се уфрлат и електронски бендови (Prodigy, Depeche Mode, Kraftwerk, Faithless итн.) сигурно ќе има и тука дискусии.
 
Дефинитивно еден од најбољи бендови у свет. Омилена нивна песна - its my life ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom