Безусловен приход по жител

  • Креатор на темата Креатор на темата Mister No
  • Време на започнување Време на започнување
Они се молат за 2000 евра за секој полнолетник , а ние се молиме за пишливи 2000 денара социјална помош.
 
Ај да речеме дека државата, како што викаш, нема многу моќ во економијата.
Што да правиме?
Зошто бираме министер за економија? Тој има некој план , некоја визија ?
Никој не гласа за Трајко или Петко биде власт од кеиф. Секој гласа со надеж за подобро утре, па дури и тој што правел опинци, нели

И заради тоа пропаѓаме,затоа што секој очекува дека утре Петко или Трајко ќе дојдат на власт и ќе му ги решат сите животни проблеми зошто он едноставно нема никаква способност да ги реши истите.

А додека и имаме такви гласачи ќе продолжиме и да имаме вакви продавачи на ветер и магла за министри.70% од министерствата и агенциите се комплетно непотребни,единствената причина поради која постојат е за да се има каде да се вработат партиските војници,а после истата таа додадена бирократија го кочи економскиот развој.Луѓето што ги бива си одат дека не можат веќе да се нервираат ,а тие што не ги бива остануваат.

И кога приходите се изедначуваат кај сите работници,продуктивноста никогаш не се изедначува на најгорната граница туку се изедначува на најдолната граница и постојано си опаѓа.Зошто неработниците никогаш нема да се потрудат да работат повеќе ,а тие што работат ќе сфатат со време дека не се они последни будали на светот па да работат како стоки а да ги плаќаат како неработниците.После 60 години социјализам тоа барем требало секој човек во Македонија да го сфати.
 
За споредба кај нас лебот е 20 денари, во Швајцарија е 200 денари отприлика.

Што би дошло во наше 2500 франкови десет пати поевтин лебот :icon_lol: 250 франка или околу 10000 денари. Пииииииииии бато да му дадеш постојана парична помош од 10000 денари овде на некои луѓе шо ги познавам има да се расипат в газ ќе се разебат од луксуз :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.

Во Швајцарија семејствата купуваат по 2 леба дневно како тука? Или само Македонците во Швајцарија го прават тоа?
 
Во Швајцарија семејствата купуваат по 2 леба дневно како тука? Или само Македонците во Швајцарија го прават тоа?

Не знам, ама знам дека најефтината соба под кирија најосновно најмизерно нешто соба кревет и пристап кон тоалет и туш е 400 франкови (20000 денари) за сам човек, кај нас најосновната кирија е 800-1000 денари (сметај објектот пред распаѓање).
--- надополнето: 7 октомври 2013 во 14:09 ---
Во Швајцарија семејствата купуваат по 2 леба дневно како тука? Или само Македонците во Швајцарија го прават тоа?

Не знам, ама знам дека најефтината соба под кирија најосновно најмизерно нешто соба кревет и пристап кон тоалет и туш е 400 франкови (20000 денари) за сам човек, кај нас најосновната кирија е 800-1000 денари (сметај објектот пред распаѓање).
 
1.749.038*5.000*12=104.942.280.000 денари годишно. Или 1.706.000.000 евра годишно. Машала, стварно се будали овие што досега не им текнало дека со ваков закон ќе ни го направат животот на сите полесен...
 
можно е,планинска земја мора да увезува жито,а сигурно не им е традиционално јадење како кај нас да изедиш пола сомун за оброк........не знам,нека кажи некој што бил таму......лебот во сите држави влегува како социјална категорија и мора да држи ниска цена,е сега можеби во Швајцарија не важи тоа
Остај ги бе појма немаат, во цела Европа јадењето во супермаркет генерално не е многу поскапо од тука. Со нивниот стандард е ЏАБЕ.
Осетно поскапи се сирењата и кашкавалите, лебот така-така, поскап е ама има и за франк, франк и половина... ВО СУПЕРМАРКЕТ!
Иначе лебови од пекари има и за двоцифрени цифри, па кој е љубител (или неписмен) си плаќа поскапо. (не дека таков леб не е повкусен, ама секој треба да си ги испружи ногите спрема должината на чергата)

Пази ова ти се информации од прва рака, не од зетови, пријатели и не-знам-кој...
 
Не знам финансиска конструкција. Не знам, искрено дали ако се намали на споменици или безрезултатни субвенции ќе се соберат довоно пари. Или, на пример ако се отпуштат 1/2 државна администрација тие пари може да се поделат во ваква цел. Не знам...
Тука е проблемот.
Не знаеш.

Јас сум ЗА идеален комунизам, зошто да не.
Само прво треба некако да ги елиминираш неколкуте десетини крвопијци кои го држат светот во раце. Потоа треба да ја преземеш власта 100% во твои раце, за да спречиш стварање на нови такви крвопијци, но и за да ги натераш и организираш луѓето да работат во систем каде парите нема да постојат.
Едноставно, нели?

Другово е се сонување и фантазирање, и има помалку шанси да се исполни од мојата желба да патувам низ свемирот во сопствен вселенски брод. Проксима Кентаури е поблиску од практично извршување на безусловна социјална помош во висина на една просечна плата. (па макар и да успееш да на некој да му ги продадеш и спомениците и цела државна администрација, како робови)
 
Да а после откако ќе ги убиеш сите крвопијци и ќе ја преземеш целата власт од истите ти ќе бидеш правичниот диктатор кој ќе се грижи за доброто на сите (y). 90% од сите диктатори тргнале со целта да помогнат,многу ретко некој диктатор доаѓа на власт само со цел да има моќ (ака Сталин ).

Самиот факт да мислиш дека знаеш подобро од самите луѓе што е најдобро за нив веќе би требало да ти покаже во која насока се движиш.
 
Се согласувам дека државата треба да ги заштити оние кои неможат да работат поради физички или психички проблеми, но безработица е никаков изговор.
Државата не е таа што треба да гарантира работно место за секого, тоа е апсурдно во држава со една рака "државни" фирми. Економијата е таа што ги диригира работните позиции, а тука нашата влада нема многу моќ, можат само да ги подобрат условите за економски развој, што донекаде успеваат.
Побарувачка и понуда е закон во скоро секој аспект на животот.Пример,неможе некој што правел опинци цел живот да бара нешто од владата кога никој не купува опинци во денешно време. Или ќе се адаптираме на условите или ќе исчезнеме.
Море капиталист!
 
Тука е проблемот.
Не знаеш.

Јас сум ЗА идеален комунизам, зошто да не.
Само прво треба некако да ги елиминираш неколкуте десетини крвопијци кои го држат светот во раце. Потоа треба да ја преземеш власта 100% во твои раце, за да спречиш стварање на нови такви крвопијци, но и за да ги натераш и организираш луѓето да работат во систем каде парите нема да постојат.
Едноставно, нели?

Не сонувам за идеален комунизам. Не сме зрели за тоа.
Ама дали е премногу општествено поодговорно општество ?

Сакаш да ми кажеш дека е нормално ова што се случува?
Кога поминуваш и гледаш луѓе како копаат по контејнери? Кога знам дека некој не купува препорачан антибиотик затоа што тој не оди на рецепт, а за приватно едноставно нема пари? Кога препоставуваме колку илјади млади луѓе заминале џенем?
Сонувам? И за оваа држава некои сонувале, нели ? Па дошло реалност.

Друго ми беше муабетот. Сакав да видам размислувања. Дали сме спремни за иницијатива за поинакво размислување. Излегува дека дури и да има пари, добал дел луѓе ке бидат против ова ???
Израчунаа дека се многу пари, нели
1.749.038*5.000*12=104.942.280.000 денари годишно. Или 1.706.000.000 евра годишно.

Не ми беа пресудни парите, туку желбата за промени. Од која се почнува....

Ај да речеме дека во МК има 1,5 мил жители над 21 година. И нека не бидат 5000 туку 3000 денари. 50 евра. И да замислиме дека САМО глупите субвенции што ги даваат ( провери пример кои се најголеми корисници на субвенции во земјоделието ) покриваат скоро 10 евра од тие претпоставени 50 евра месечно
И уште кастрење на администрација за 50% , пример, ( читав некаде дека имаме дупло повеке јавна администрација по жител отколку некои држави во Европа ) и дојдеме до бројка од обезбедени 30-35 евра од бараните 50.
Уште ?
 
Уште во старт имаме различни погледи кон светот.

За мене животот е фер, нема да најдеш пофер нешто. Без разлика од каде потекнуваш, без разлика колку пари имаш, дали си христијанин , веган, нацист, мајка Тереза итн, сите подлежиме на каприците на случајноста, и многу често се иронични. На доволно долга временска линија смртноста за сите е 100%.

Јас прифаќам целосна одговорност за мојот живот, сите грешки, сите неуспеси, сите пропуштени шанси се по моја вина, не по Петко, владата господ/универзумот, туку по моја и само моја вина. Но истото важи за успесите.

Темава ти ја отвори, а немаш дадено свое мислење, било какво мислење базирано на повеќе од ДА.
Еве да речеме дека ти си на позиција на моќ, дека си премиер на Република Македонија, со мнозинство во владата и сакаш да имплементираш ваков систем. Како би постапил, како би ги собрал средствата, како би ги распределил, колкав процент од населението треба да работи, за да може да се финансира овој систем?

Поставувања прашања е лесен начин да изгледаш интелигентно, но само да изгледаш. Јас немам проблем со тоа како стојат работите во светот, туку ти имаш и бараш промена, товарот за решение е на твој грб, не другите.
Пример имаш 50 години,вреден човек си ама газдата те брка од на работа без никакво објаснување, каде сега?Има многу вакви примери ,човештвото стана една гадна мелница и материјализмот ги претвори љугето во бесчуствтелни ,лицемерни идиоти.
 
Што сакаш воопшто да кажеш?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom