Безусловен приход по жител

  • Креатор на темата Креатор на темата Mister No
  • Време на започнување Време на започнување
Државата не е таа што треба да гарантира работно место за секого, тоа е апсурдно во држава со една рака "државни" фирми. Економијата е таа што ги диригира работните позиции, а тука нашата влада нема многу моќ, можат само да ги подобрат условите за економски развој, што донекаде успеваат.
Побарувачка и понуда е закон во скоро секој аспект на животот.Пример,неможе некој што правел опинци цел живот да бара нешто од владата кога никој не купува опинци во денешно време. Или ќе се адаптираме на условите или ќе исчезнеме.
во заблуда си малку како изгледа едно модерно капиталистичко општество,за жал МКД е далеку од едно такво,ами заглавивме во некое крепосно - феудално општество внатре,пошто главнината од луѓето кои работат во приватниот сектор работат за плата кои едвај ги одржава во месецот во некаков си живот
 
Уште во старт имаме различни погледи кон светот.

За мене животот е фер, нема да најдеш пофер нешто. Без разлика од каде потекнуваш, без разлика колку пари имаш, дали си христијанин , веган, нацист, мајка Тереза итн, сите подлежиме на каприците на случајноста, и многу често се иронични. На доволно долга временска линија смртноста за сите е 100%.

Јас прифаќам целосна одговорност за мојот живот, сите грешки, сите неуспеси, сите пропуштени шанси се по моја вина, не по Петко, владата господ/универзумот, туку по моја и само моја вина. Но истото важи за успесите.

Темава ти ја отвори, а немаш дадено свое мислење, било какво мислење базирано на повеќе од ДА.
.............. Јас немам проблем со тоа како стојат работите во светот, туку ти имаш и бараш промена, товарот за решение е на твој грб, не другите.

Да , имаме различни погледи, се согласувам.
Доволно сум видел во живототда знам колку е фер.
И пријател од село што поради немање финансии од родителите неможеше да го продолжи школувањето, зашто мораше да работи по ниви, и другари што сеуште не се женети затоа што немаат работа и никаква финансиска сигурност, и другар што беше солиден студент и не може да се вработи во МК, па сега прави кариера во странство, додека истовремено друг другар од истиот факултет што петпати пишуваше квадрат, како прво вработување е инспектор, и....
Толку од тоа што е фер во животот.

Се согласувам со тебе дека сите грешки, успеи и9 неуспеси се лично наши. Убаво е да се прифати секоја одговорност. И јас сум против тие што само кукаат.
Лично јас сум задоволен од мојот живот. Доволно сум постигнал и на професионален и на финансиски план.
Ама, ситуацијата треба да ја гледаме пошироко.
Имам дадено мислење на темата. ДА
Мислам дека е добро за македонскиот народ, дека ке му обезбеди подоинствен живот. Мислам дека ке се намали бегање на млади од државата. Мислам дека ке се намали стапка на криминал. Мислам дека ке се зголеми наталитет.
Еве повеке причини

Не знам финансиска конструкција. Не знам, искрено дали ако се намали на споменици или безрезултатни субвенции ќе се соберат довоно пари. Или, на пример ако се отпуштат 1/2 државна администрација тие пари може да се поделат во ваква цел. Не знам. Ама има кои ги бираме и земаат плата за да дојдат до решение за подобро на својот народ.
Решението не е на мојот грб, мислам дека е заедничко. И мислам дека со помасовна заинтересираност на народот, можеби ќе доприносе и на тие што решаваат да размислуваат во таа насока.
 
Ништо, сунѓеров не ме дружи. А никако не сваќам како е можно со 2000 евра месецот животот да ти биде полесен...
Епа тие пари бар ќе ти се најдат за нешто ( јадење, пиење, шетање, да поправиш нешто по дома...) , а без нив си на нешто помалку ( освен ако не припаѓаш во групата богаташи на кои не им се потребни) :)
 
Епа тие пари бар ќе ти се најдат за нешто ( јадење, пиење, шетање, да поправиш нешто по дома...) , а без нив си на нешто помалку ( освен ако не припаѓаш во групата богаташи на кои не им се потребни) :)

А ха, значи ти требаат пари за да купуваш работи. Добро, тоа многу појаснува, сега во подруго светло го гледам светот.
 
За споредба кај нас лебот е 20 денари, во Швајцарија е 200 денари отприлика.

Што би дошло во наше 2500 франкови десет пати поевтин лебот :icon_lol: 250 франка или околу 10000 денари. Пииииииииии бато да му дадеш постојана парична помош од 10000 денари овде на некои луѓе шо ги познавам има да се расипат в газ ќе се разебат од луксуз :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
 
Зет ми бери грозје во италијанскиот дел од Швајцарија, моментално таму е :icon_lol:.


можно е,планинска земја мора да увезува жито,а сигурно не им е традиционално јадење како кај нас да изедиш пола сомун за оброк........не знам,нека кажи некој што бил таму......лебот во сите држави влегува како социјална категорија и мора да држи ниска цена,е сега можеби во Швајцарија не важи тоа
 
можно е,планинска земја мора да увезува жито,а сигурно не им е традиционално јадење како кај нас да изедиш пола сомун за оброк........не знам,нека кажи некој што бил таму......лебот во сите држави влегува како социјална категорија и мора да држи ниска цена,е сега можеби во Швајцарија не важи тоа

Не е само лебот општо се било поскапо дури и од Италија ако било блиску....
 
GoD.HateUSaLL
Се согласувам дека државата треба да созадава економски услови за просперитет, и да помага на оние кои навистина им треба помош, но тоа не е темата на дискусија тука. Темата е дали владата треба да дава на секој жител одредена сума пари на лепе очи. Јас дадов мое мислење, НЕ, во главно поради тоа што како држава немаме толку пари вишок. И онака сме нација на џаболебари, клати врата зимај плата е врв на успех во Македонија, погледнете ја само државната администрација, и врз сето тоа уште да даваме сретства кои ќе ја намалат потребата од работа е лудо.

Сите сретства од владата треба да бидат добиени според сепцифична основа, помош за обрзование, помош за инвалиди, помош за основање на бизнис, помош за деца со родители со ниски примања итн.
 
Aj edna prosta matetatika da receme 100 evra se besusloven prihod po zitel. 100*2000000*12 meseci vo prasanje se 2.4 milijadi evra tolku od prlika e bugjetot na MK sega Ili treba da se odovojuvaat okulu 25-30% od BDP samo za ovaj proekt. Sto znaci ili treba da se zadolzuva MK sto bi znacelo za 5 godini dolg od 130/140 % od BDP sto e ednakvo na siguren bankrot. Ili da se zgolemaat za 100% danocite. A toa znaci deka platite bi se namelile za 30% a cenite bi se zgolemile za 20% ili bi se namalila kupovnata mokja za 50%. Nema nikakva ekonomska logika ovaj proekt.
 
можно е,планинска земја мора да увезува жито,а сигурно не им е традиционално јадење како кај нас да изедиш пола сомун за оброк........не знам,нека кажи некој што бил таму......лебот во сите држави влегува како социјална категорија и мора да држи ниска цена,е сега можеби во Швајцарија не важи тоа

Лебот никаде во Европа не спаѓа во никаква социјална категорија, и споредено со нашата цена секаде е многу скап. Во Хрватска на пример, не може да се најде поефтин леб од 1 евро.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom