Безусловен приход по жител

  • Креатор на темата Креатор на темата Mister No
  • Време на започнување Време на започнување
Слободно чекај реалноста да се промени според твоите очекувања. Слободно чекај државата да се промени и да ти овозможи да живееш без работа, во меѓу време стави ги твоите основни потреби на пауза. Слободно чекај го Годо.
Не треба да се работи за мои или твои очекувања, туку за заеднички од сите нас очекувања. Не барам државата да ми обезбеди да живеам без работа, туку да ни обезбеди на сите работа, а на оние на кои тоа право не може да им го пружи да им даде соодветна заштита. Човек може да биде без работа од еден мал милион причини: болест - физичка или душевна спреченост, ментална заостанатост или едноставно (и најчесто) денес - безработица. На таквите луѓе државата е должна да им обезбеди услови барем за достоен живот (храна и кров над глава). Државата нема само право да им зема на своите граѓани (преку даноци и сл.) туку има и обврска да се грижи за истите. И за мене таквата грижа е нешто најнормално, не неков бонус или привилегија, а кога тоа ќе го увидиш и ти, тогаш Годо ќе пристигне!
 
и.

Ваше мислење ?

Па срам да им е на големите сили, ако не можат да обезбедат месечно одредена сума пари.
Со векови колонизирале пола свет, краделе каде стигнат, и на крај некои живеат као да се у Македонија. Јаз’к!
 
Која е целта на државата ( влада , министри и остала багра) ?
Да овозможи подобар живот, иднина, просперитет на граѓаните во таа држава.
Или јас грешам?

Не зборам значи за 2000 евра во Македонија, зборам пример 5000 денари
Зборам за луѓе кои масовно бегаат од оваа држава, зборам за луѓе кои копаат по контејнери заедно со мачките за храна, зборам за луѓе кои немаат пари да купат лекови
Зборам за ХУМАН ЖИВОТ
 
Се согласувам дека државата треба да ги заштити оние кои неможат да работат поради физички или психички проблеми, но безработица е никаков изговор.
Државата не е таа што треба да гарантира работно место за секого, тоа е апсурдно во држава со една рака "државни" фирми. Економијата е таа што ги диригира работните позиции, а тука нашата влада нема многу моќ, можат само да ги подобрат условите за економски развој, што донекаде успеваат.
Побарувачка и понуда е закон во скоро секој аспект на животот.Пример,неможе некој што правел опинци цел живот да бара нешто од владата кога никој не купува опинци во денешно време. Или ќе се адаптираме на условите или ќе исчезнеме.
 
Јас не само што сум за тоа државата да дава месечен приход, туку и да се намали траењето на работното време.
Не ми се верува кога читам како некој се фали (фала Богу, таа мода се’ уште ја нема во Македонија) дека работел 12часа ан ден!!
Ало!!:facepalm:
Па зошто ни е тогаш напредокот ан технологијата? За да спиеме на работа?
 
Се согласувам дека државата треба да ги заштити оние кои неможат да работат поради физички или психички проблеми, но безработица е никаков изговор.
Државата не е таа што треба да гарантира работно место за секого, тоа е апсурдно во држава со една рака "државни" фирми. Економијата е таа што ги диригира работните позиции, а тука нашата влада нема многу моќ, можат само да ги подобрат условите за економски развој, што донекаде успеваат.
Побарувачка и понуда е закон во скоро секој аспект на животот.Пример,неможе некој што правел опинци цел живот да бара нешто од владата кога никој не купува опинци во денешно време. Или ќе се адаптираме на условите или ќе исчезнеме.

Ај да речеме дека државата, како што викаш, нема многу моќ во економијата.
Што да правиме?
Зошто бираме министер за економија? Тој има некој план , некоја визија ?
Никој не гласа за Трајко или Петко биде власт од кеиф. Секој гласа со надеж за подобро утре, па дури и тој што правел опинци, нели
 
Пфф, па во државава има такви легачи што и висината (низината уствари) на социјалната помош не успева да ги мотивира да направат нешто. Со ваква иницијатива за некоја солидна сума загарантирана плата, 95% од полнолетните ќе одбијат да работат... и економскиот систем ќе падне.
Којзнае во Швицарска или во Германија можеби и би имало ова некои теоретски шанси, но со сите балканци/турци/курди/црнци што им се доселени, којзнае.
Ова е утописки систем за држава на која приходот не и зависи од трудот на граѓаните (читај држави со нафта, гас или слично). На страна што системот на моќ во рацете на неколкумина, што владее во светов, никогаш не би дозволил вакви права.


Не би рекол дека со 2000 евра месечно можеш удобно да живееш во Швајцарија . Да , можеш да го преживееш месецот со 2000 евра , но тие пари се само за најосновни потреби во месецот ( кирија за стан , сметки , јадење итн . ) . Додуша незнам што подразбираш под удобно живеење :) .
Се шегуваш така?
Ако не живееш во голем град, или во сопствена куќа, кириите/давачките се многу помали. За јадењето... па не зезај во Денер цените на храната се слични како кај нас (освен сирењата). Пивото на пример е и поевтино и подобро.

Е сега ако под „удобно живеење„ сметаш јадење во ресторани и богат социјален живот со искачања, концерти, одмори и такви работи... тогаш тоа е друга работа. Ама со тие пари може сосема убаво и удобно (макар и нешто поскромно) да се живее.
 
Ај да речеме дека државата, како што викаш, нема многу моќ во економијата.
Што да правиме?
Зошто бираме министер за економија? Тој има некој план , некоја визија ?
Никој не гласа за Трајко или Петко биде власт од кеиф. Секој гласа со надеж за подобро утре, па дури и тој што правел опинци, нели


Џабе дробиме зошто кој и како стасал на која функција и дали си ја врши работата како што треба. Реалноста е таа, условите на сите ни се познати. Достапни се три опции,прва, да ги прифатиш условите како што се и да играш според тие правила, втора, да влезеш во владата и да направиш промени, трета, да гаиш утописки делузии и гласно да бараш промени, но само да бараш. Третите се најзастапени во Македонија, само бараат нешто и се жалат и протестираат без никаков успех, а реално не вложуваат доволно труд во изнаоѓања на реални решенија.

Јас се согласувам со правилата на игра какви што се. Ако сум доволно уверен да се наречам интелигентен, тогаш неможам да си дозволам да кажам нешто од типот на "животот не е фер".

Во животот успеваат само оние кои работат без престан кон својата цел, т.е. оние кои ја одбрале првата или втората опција, они кои чекаат на нешто, цел живот ќе чекаат.
 
Прво, животот не е фер. Што порано го научиш тоа, поарно.
Втор, не зборев лично за тебе или мене, зборам општо за народот. Убаво за тебе ако сметаш за интелигентен и си успеал поради тоа.

Што правиме ако некој не е толку интелигентен?
Што избор ние како општество му оставаме? Да замине од државата? Да утепа старец за пари ? Или да умре ко куче?
 
Уште во старт имаме различни погледи кон светот.

За мене животот е фер, нема да најдеш пофер нешто. Без разлика од каде потекнуваш, без разлика колку пари имаш, дали си христијанин , веган, нацист, мајка Тереза итн, сите подлежиме на каприците на случајноста, и многу често се иронични. На доволно долга временска линија смртноста за сите е 100%.

Јас прифаќам целосна одговорност за мојот живот, сите грешки, сите неуспеси, сите пропуштени шанси се по моја вина, не по Петко, владата господ/универзумот, туку по моја и само моја вина. Но истото важи за успесите.

Темава ти ја отвори, а немаш дадено свое мислење, било какво мислење базирано на повеќе од ДА.
Еве да речеме дека ти си на позиција на моќ, дека си премиер на Република Македонија, со мнозинство во владата и сакаш да имплементираш ваков систем. Како би постапил, како би ги собрал средствата, како би ги распределил, колкав процент од населението треба да работи, за да може да се финансира овој систем?

Поставувања прашања е лесен начин да изгледаш интелигентно, но само да изгледаш. Јас немам проблем со тоа како стојат работите во светот, туку ти имаш и бараш промена, товарот за решение е на твој грб, не другите.
 
Не би рекол дека со 2000 евра месечно можеш удобно да живееш во Швајцарија . Да , можеш да го преживееш месецот со 2000 евра , но тие пари се само за најосновни потреби во месецот ( кирија за стан , сметки , јадење итн . ) . Додуша незнам што подразбираш под удобно живеење :) .



Da de... odma stom ja dobies ides zivees u nekoja vukojebina ko kral. Back to socialism
 
Точно дека ќе ги покриеш само основните работи како сместување и храна, но тоа се смета за удобен живот, најнеудобните чувства се немање каде да спиеш и глад. Се над тоа се смета за луксуз.
Секако овие термини се релативни, за некој од Етиопија да спие на кревет и да јаде секој ден се животна желба, а некој со Ферари и базен во домот може да смета дека се под тоа е неудобно.
Јас лично никад не би се задоволил само со покривање на основните портеби, но многу луѓе ќе бидат задоволни со тие услови.

Или пак сакаш да кажеш дека секој треба да има загарантирано место за спиење и јадење без разлика од нивниот придонес?

Најголема одбивност имам спрема луѓе кои очекуваат "универзумот" да им ги среди животите, и деке тие заслужуваат нешто само затоа што постојат.


I feel you bro. И мене од кожа ме вадат такви луѓе, ама проблемот стварно не е толку едноставен..
Претпоставувам си средна класа, држеча фамилија, имаш некаков старт али не ти е сигурно ништо, за све мораш сам и те вадат од такт коа денгуби и џаболебари кењаат државата вака државата онака..
Али проблемот околу социјалната политика е стварно заебан.. Имаш деца пеер, здрави прави, али родени во бедна фамилија. Немаат за книги уше у основно, едни фармерки цела година, деца те дупат, се комплексираш, од 15 години работиш за парче леб да извадиш, дома те млатат, а у. И сеа ти сакаш да ми кажеш, кој ги ебе овие деца а? Нека патат за грешките на родителите! Не е така пеер (: И ја си поштуем природна селекција, ама тука станува збор за нешо друго, за наследно право, лотаријати е тоа пеер, не си ги бираш ти родителите :)
Затоа и сметам дека државата мора да интервенира, само како, е тоа е прашање за кое сметам дека стварно не сме компетентни да дискутираме..
 
Па ова е супер, секој човек кога би добивал по 2000 евра поддржка тоа би му го направило животот многу полесен ( со исклучок на оние кои не знаат колку пари имаат) .

Само тоа тука во Македонија е незамисливо, ние парите ги трошиме на други работи, а и башка секогаш кај нас ќе има такви кои ќе ги прокоцкаат парите за еден ден, па наредниот ден ќе се бунат дека им ги украле.
Но сепак, нешто вакво кај нас не би било лошо :)
 
Ме чуди како до сега нема разврзано муабет за иницијатива за референдум во Швајцарија
Значи, темата е:

Државата на секој полнолетен жител да му исплаќа одреден безусловен приход месечно !

Организаторите на референдумот во Швајцарија бараат некаде 2500 франци ( некаде 2000 евра ) да се исплакаат на секој жител месечно.
По таа иницијатива, оној што заработува сега пример, 5000 франци, би земал 2500 франци универзален приход, а 2500 плата.

Цел : Економска сигурност на граѓаните
Инаку, организаторите, за кратко време ги собрале потребните потписи за одржување на референдумот, а врв било во петокот , кога пред нивниот парламент донеле и истуриле 8,000,000 монети од по 5 центи ( како симболика по 1 монета за секој жител )

Што мислите за вакво нешто?
Инаку, идејата брзо се просирува и по други држави, дури и на Интернет може да се прати како оди собирањето потписи и до каде се поедини држави.
Еве ја иницијативата и во комшии

Во основа се работи за стара и позната идеја , дури негде и се применува ( барем во некој облик )

Дали е ова единствено сценарио за хумано друштво?
Дали иднината која носи се поголема економска и егзистенцијална несигурност е причина за вакво нешто?
Што ако во Македонија, секој полнолетен жител би добил, пр. по 3 или 5000 денари месечно?

Лично, во основа сум ЗА
Секој би добил некој минимум за храна, покрив на глава, облека.
Не знам што значи сумата за македоскиот буџет. Ама, би се тргнале социјална помош, субвенции за сметки за струја или субвенции во земјоделие или слични работи.

Ваше мислење ?
Јас не само што сум за тоа државата да дава месечен приход, туку и да се намали траењето на работното време.
Не ми се верува кога читам како некој се фали (фала Богу, таа мода се’ уште ја нема во Македонија) дека работел 12часа ан ден!!
Ало!!:facepalm:
Па зошто ни е тогаш напредокот ан технологијата? За да спиеме на работа?
Ја сум за све ова, и многу повеќе!!!
Минималниот доход не е доволен. Државата треба да национализира се живо, и средствата за производство да ги предаде на работничката класа. Со тоа, работниците нема да го продаваат својот труд за мали пари на капиталистичките свињи, и самите ќе загосподарат со производството и своите судбини. Ова ќе предизвика огромен технички и технолошки напредок, што ќе овозможи извонредно намалено работно време. Но работниците нема да го користат екстра времето во безделничење, туку во постојана самоедукација и надградба во бројните јавни, работнички библиотеки. Оттука, работниците ќе се издигнат на рамниште на она што ние го сметаме за "интелигенција" и практично ќе падне границата меѓу интелектуалниот и мануелниот труд, бидејќи работниците подеднакво добро ќе ги извршуваат и двата!

Така на пример, нема да му плаќаме милијарди на СпејсХ да лансира ракети, туку работниците ќе се самоорганизираат, наутро ќе дојдат со точаците, ќе ја конструираат ракетата и ќе ја лансираат во козмосот до крајот на попладнето. Ако случајно човвек го удри мозочен удар, најблискиот другар-работник ќе биде квалификуван да изврши опрација на отворен мозок со штрафцигер и моторцангли и инстантно да спаси човечки живот. Знаењето ќе порасне до тоа ниво, што работниците ќе прават дизајнираат лекови користејќи само цепеница, чивија и секира. Во ова храбро самоуправно општество кон кое се поуверливо чекориме, одлуките ќе се донесуваат на работнички совети, и секој работник ќе може активно да го изнесе своето мислење и да придонесе кон светлата иднина на својот колектив, и држава.

И лирџети ќе има многу, по еден за секој работник.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom