А
Атомската мравка
Гостин
Во рок од 10 дена ќе можат да се пријават сите оние кои не наполниле 25 години, мажите да се повисоки од 175 жени над 165 сантиметри, со најмалку завршено 4годишно средно образование здравствено и психофизички способни и да не им е изречена забрана за вршење професија со правосилна пресуда. Клучна селекција ќе се врши за време проверките за моторички способности. Кандидатите својата подготвеност ќе треба да ја докажат со 60 стомачни склекови, 55 односно 27 градни склекови и трчање 3200 метри. Потоа следуваат писмено тестирање општообразовен и психолошки тест, интервју и на крај здравствени прегледи. МВР ги пропишува истите услови како и за минатогодишниот оглас за 300 полицајци , затоа што биле задоволни од резултатите кои ги постигнувале кандидатите вели министерката Јанкуловска.
- Резултатите кои ги постигнуваат кандидатите на едногодишната обука која што ја привршуваат, ни говорат дека сме го одбрале вистинскиот начин за селекција на идните полициски службеници. Минатата година го реализиравме најтранспарентниот и најобјективниот процес на селекција, така што верувам дека наскоро ќе добиеме квалитетни, професионални и обучени полициски службеници. Заедно со тристате кандидати кои ги селектиравме минатата година, Министерството по завршување и на овој конкурс ќе добие вкупно 700 нови млади полициски службеници, што ќе претставува значително освежување на кадарот и многу поголема мобилност и ефикасност на униформата изјави Јанкуловска
Новиот оглас за вработување на уште 400 тини полицајци е надоместување на природниот одлив на кадарот во МВР вели министерката за внатрешни
440 кандидати ќе одат на едногодишна обука но на крај 400 со најдобри резултати ќе добијат договор за вработување. Во првите 5 години ќе бидат распоредени онаму каде што има недостаток на кадар. Јанкуловска најави дека при селекцијата ќе се внимава на етничката и на родовата застапеност.
Општи и посебни услови:
Државјани на РМ
Да не наполниле 25 години
најмалку 4 годишно средно образование
здравствено и психофизички способни
да не им е изречена правосилна казна забрана за вршење професија
за мажи
висина најмалку 175 см
60 стомачни склекови
55 градни склекови
трчање 3200 м за 13,30 мин
10 згибови на вратило
За жени
висина најмалку 165 см
60 стомачни склекови
27 градни склекови
трчање 3200 м за 16,30 мин