Утре оглас за 400 полицајци, физичката кондиција предуслов

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
А

Атомската мравка

Гостин
Во рок од 10 дена ќе можат да се пријават сите оние кои не наполниле 25 години, мажите да се повисоки од 175 жени над 165 сантиметри, со најмалку завршено 4годишно средно образование здравствено и психофизички способни и да не им е изречена забрана за вршење професија со правосилна пресуда. Клучна селекција ќе се врши за време проверките за моторички способности. Кандидатите својата подготвеност ќе треба да ја докажат со 60 стомачни склекови, 55 односно 27 градни склекови и трчање 3200 метри. Потоа следуваат писмено тестирање општообразовен и психолошки тест, интервју и на крај здравствени прегледи. МВР ги пропишува истите услови како и за минатогодишниот оглас за 300 полицајци , затоа што биле задоволни од резултатите кои ги постигнувале кандидатите вели министерката Јанкуловска.

- Резултатите кои ги постигнуваат кандидатите на едногодишната обука која што ја привршуваат, ни говорат дека сме го одбрале вистинскиот начин за селекција на идните полициски службеници. Минатата година го реализиравме најтранспарентниот и најобјективниот процес на селекција, така што верувам дека наскоро ќе добиеме квалитетни, професионални и обучени полициски службеници. Заедно со тристате кандидати кои ги селектиравме минатата година, Министерството по завршување и на овој конкурс ќе добие вкупно 700 нови млади полициски службеници, што ќе претставува значително освежување на кадарот и многу поголема мобилност и ефикасност на униформата изјави Јанкуловска

Новиот оглас за вработување на уште 400 тини полицајци е надоместување на природниот одлив на кадарот во МВР вели министерката за внатрешни

440 кандидати ќе одат на едногодишна обука но на крај 400 со најдобри резултати ќе добијат договор за вработување. Во првите 5 години ќе бидат распоредени онаму каде што има недостаток на кадар. Јанкуловска најави дека при селекцијата ќе се внимава на етничката и на родовата застапеност.

Општи и посебни услови:

Државјани на РМ
Да не наполниле 25 години
најмалку 4 годишно средно образование
здравствено и психофизички способни
да не им е изречена правосилна казна забрана за вршење професија

за мажи
висина најмалку 175 см
60 стомачни склекови
55 градни склекови
трчање 3200 м за 13,30 мин
10 згибови на вратило

За жени
висина најмалку 165 см
60 стомачни склекови
27 градни склекови
трчање 3200 м за 16,30 мин
 
некој да им ги чита критериумиве ќе помисли нашиве полицајци Терминатор до Терминатор се а не со стомаци од тука до Марс. Не треба 3.2 километри да истрчаш за 13 минути за да можеш да пишеш казна :rolleyes:
 
Тие што немаат париска книшка и јаки врски, да не се надеваат.И да ги исполнат критериумите нема да бидат примени.Ова си е конкурс за партиски војници, и нормално избори се ближат.
Физичките тестирања се високи за обичен полициски службеник, но се одлично средство за чистење на 80% од пријавените.Сепак јас мислам со лотарија да ги бираат кандидатите, а министерката да ги извлекува како Маријана Станојкоска.:)
 
некој да им ги чита критериумиве ќе помисли нашиве полицајци Терминатор до Терминатор се а не со стомаци од тука до Марс. Не треба 3.2 километри да истрчаш за 13 минути за да можеш да пишеш казна :rolleyes:

Далеку се од Терминатор критериумиве... Секој што спортува знае дека 50 склекови, 60 стомачни, 10 згибови :cautious: се гола вода, а не за идни „полицајци„. глупости
 
Секоја година ваков конкурс ќе се објавува?
Шо е работава сите полицајци треба да бидат?
 
Далеку се од Терминатор критериумиве... Секој што спортува знае дека 50 склекови, 60 стомачни, 10 згибови :cautious: се гола вода, а не за идни „полицајци„. глупости
јасно, секој што се смета за здрав и физички способен мора да може да го направи ова ама реалноста е друга :)
 
Атомската мравка да се пријави за полицаец зошто темава е од Економија и бизнис . Ќе го биде за полицаец .

Во мода и убавина да не требаше да ја отворам темава ? Видов предходната била тука отворена за полицајци па затоа и оваа ја отворив тука, плус делот (подфорумот) вработувања припаѓа во економија и бизнис така да не е голема грешка..

И да во право си ако се пријавам и за полицаец ќе ме биде, само што си имам многу попаметна работа од тоа да станам полицаец туку гледај си ти за тебе што ќе бидеш ;)
 
во државава само џандари, хомосексуалци, студенти (99%пијаници и трефкари и 1 % стабилни) и пензионери ќе имаме ко шо тргнала работата. Туку дајте како да се исчитува 1 цм во висина да го фатам огласов да си го ладам цел живот, чунки 174 висок сум, физичка спремност уште сега ако сакаат можам да одам на тестирањето, е сега маката е и врски шо немам така да изгледа го пропуштам огласов.
 
Едини проблем може да ти праат за висината, тоа со врските не е толку пресудно. Ја знам луѓе кои ги поминаа тестовите на претходниот конкурс а немаат врски, па еве ги одат на обуки уште.
 
Тој еден центиметар висина што ти фали не ти е толку битен, проблемот е што ако немаш јаки врски и 2 метра да си ќе те одбијат од прва ...
Претпоставувам дека ќе влезат половина кандидати од етничките заедници а другата половина Македонци но со дебел партиски грб/позадина !
П.С. Како што тргнало во МКД ќе има само три категории на граѓани: административци, пензионери и студенти ... :ROFLMAO:
 
Едини проблем може да ти праат за висината, тоа со врските не е толку пресудно. Ја знам луѓе кои ги поминаа тестовите на претходниот конкурс а немаат врски, па еве ги одат на обуки уште.

Двајца другари мои од кои едниот вежба 5и пол години без престан бодибилдинг и стрит воркаут, а другиот цел живот тренираше фудбал. а последните 3 години + бодибилдинг лани беа, ги поминаа сите тестови и не беа примени така да врските ќе да се пресудни ;)
 
Ај сега да праиме споредби, ја ќе ти кажам дека познавам луѓе кои без врски се влезени, дека познавам и такви кои со врски не успеаја да влезат и така до недоглед.
 
Тој еден центиметар висина што ти фали не ти е толку битен, проблемот е што ако немаш јаки врски и 2 метра да си ќе те одбијат од прва ...
Претпоставувам дека ќе влезат половина кандидати од етничките заедници а другата половина Македонци но со дебел партиски грб/позадина !
П.С. Како што тргнало во МКД ќе има само три категории на граѓани: административци, пензионери и студенти ... :ROFLMAO:

3 + 2 = 5................. АРАМИИ и полицајци
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom