А не знам колку од вас се сеќаваат на онаа утакмица од пред 6-7 години, прва откако Пелистер се врати во Прва лига. Исто како сега, дента пред утакмицата имаше Бела ноќ во Скопје и пола луѓе мислам дека беа дојдени директно пред Железничка

Иначе на ова гостовање, за прв пат Комити и Лојал Фанс беа заедно на трибината откако се деси отцепувањето во 99та. За ова идење во Битола имаше бајаги голем интерес во Скопје, отидовме околу 500 луѓе, ама стварно спремна екипа, и може да се каже дека е едно од подобрите гостувања во последниве години. Уште не стигнати на Тумбе Кафе, разбравме дека Вардар веќе води 0:2, имавме стварно јак тим тогаш, се вратија доста играчи од страна (Ѓошевски, Вандаир, Масев) и уште толку се попали атмосферата. За одбележување е она крвничко млатење од битолската полиција откако сакаа да не извадат 15 минути пред крај и настана хаос невиден. Имаш некои дебили прости од главната трибина што ракоплескаа на ова тепање со џандарите. Се на се, убави сеќавања, штета што работите се такви какви што се, и ќе немаат поддршка фудбалерите во Битола, ама сепак убаво би било да не израдуваат со три бода и колку толку да се подобри атмосферата во клубот по оние неколку лоши резултати.