Primer za ramnoravnost
Законот со кој на мажите во Иран сега им се овозможува легално да се оженат со своите посвоени ќерки од 13 години го загрижи светот, а покажа и дека новиот претседател не е толку прогресивен колку што се мислеше.
Претседателот Хасан Рухани, најавен е како нов умерен глас, но со одобрувањето на новиот закон се покажало дека екстремните уверувања во нетолерантната земја не испариле.
Законот го изгласале членовите на Парламентот, а содржи точка во која се одобрува девојчиња со навршени 13 години да се мажат, со дозвола на таткото, и женидба на момчиња на 15 години.
Овој закон ја доведува во прашање легалноста на возраста за стапување во брак, но и загриженоста за инцест кој е дополнителен фактор на кој предупредуваат заговорниците на човекови права.
„Овој закон ја легализира педофилијата. Да се ожениш со посвоено дете не е дел од иранската култура. Очигледно е дека инцестот постои во Иран, а овој закон ја легализира педофилијата и ги загрозува нашите деца и го нормализира злосторството во нашата култура", вели адвокатот Шади Садр, од групата Justice for Iran.
Иранските надлежни велат дека делот од законот кој им допушта на очувите да се оженат со своите посвоени ќерки е всушност практичен, затоа што посвоените девојчиња инаку мора да носат никаб, кога очувите им се тука, како што мајките мора да носат никаб кога се во присуство на посвоените синови.
Законот ја помина само првата фаза, а конечниот збор ќе го има Државниот управен совет.
Проблемот со женидби и мажачки е загрижувачки со оглед на фактот дека во 2010 година се венчани 42.000 деца на возраст од 10 до 14 години.