S
Sagan
Гостин
Се работи за следниов оглас на Reklama5.mk http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=941883
Пошто е веројатно дека огласот ќе биде избришан наскоро, нека остане PrntScr.

На огласов наседнале стотина граѓани од цела Македонија, кои денес неколку часа чекале пред Александар Палас, за да потпишат договори за работа.
Откако никој не дошол, прашале во хотелот дали е резервирана некоја просторија за таа намена, па по негативниот одговор, случајот го пријавиле во полиција.
Лицето со кое контактирале цело време, а кој се претставувал како Жарко, денес не бил достапен на својот мобилен телефон. Трансакциската сметка на која биле уплаќани средствата, по се` изгледа е отворена од лице од Струга.
Секој од измамените бил оштетен со по околу 3.000 денари, од кои 1.200 денари уплатница на сметка на измамникот во Охридска банка, за наводна ХТЗ-опрема, по 300-500 денари за скенови на документи и дополнително за превоз до Скопје.
На сајтот за огласување има уште неколку активни слични огласи за работа во Германија и други европски земји, затоа ВНИМАВАЈТЕ КОМУ ДАВАТЕ ПАРИ.