Внимавајте на огласот: Измамени стотина граѓани

  • Креатор на темата Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување Време на започнување
S

Sagan

Гостин
Се работи за следниов оглас на Reklama5.mk http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=941883
Пошто е веројатно дека огласот ќе биде избришан наскоро, нека остане PrntScr.

1.jpg

На огласов наседнале стотина граѓани од цела Македонија, кои денес неколку часа чекале пред Александар Палас, за да потпишат договори за работа.
Откако никој не дошол, прашале во хотелот дали е резервирана некоја просторија за таа намена, па по негативниот одговор, случајот го пријавиле во полиција.
Лицето со кое контактирале цело време, а кој се претставувал како Жарко, денес не бил достапен на својот мобилен телефон. Трансакциската сметка на која биле уплаќани средствата, по се` изгледа е отворена од лице од Струга.
2cypt8z.jpg

Секој од измамените бил оштетен со по околу 3.000 денари, од кои 1.200 денари уплатница на сметка на измамникот во Охридска банка, за наводна ХТЗ-опрема, по 300-500 денари за скенови на документи и дополнително за превоз до Скопје.

На сајтот за огласување има уште неколку активни слични огласи за работа во Германија и други европски земји, затоа ВНИМАВАЈТЕ КОМУ ДАВАТЕ ПАРИ.
 
@Sagan

Нема врска со внимание ова ти е идиотизам.
Овие ваљда се надевале на подобро утре па не им текнало да потрошат две минути да проверат кој стои позади огласот.

Со кој памет некој би се пријавил на оглас во фирма која не е наведена.
Лицето за контакт е само Жарко без презиме.
Ова смрди од 100км на превара.
Да беше некоја разработена шема ај ќе сфатев па и жал ќе ми беше ама вака што си посеале тоа ќе си жнеат.
 
Cccc... Kako bre moze da procitas oglas i da odis da uplatis pari na ZS....kolku treba da si lesen za vakva glupost....cccc
 
луџе, наоџате, јаветесе, заинува, сестај, дасе...

Озбилно луѓе паднале на огласов?

Што збориш,па куп народ се заеба на превара за Дубаи.Платија 200 евра.Работава беше ваква-Идеш таму ти дава ливче, пишуваш што сакаш да работиш и колку плата сакаш..плаќаш на жиро 200 евра (за авио карта демек) и чекаш...чекаш.... :icon_lol:
 
луџе, наоџате, јаветесе, заинува, сестај, дасе...

Озбилно луѓе паднале на огласов?

Нека му е јасно на секој дека тука народот е очаен и бара спас и егзистенција и притоа небира средства како ќе избега од државава , ова не е ништо има и пострашни работи кои може да се случат на пример како оние емигрантине пред неколку дена што се удавија во Италија .
 
Cccc... Kako bre moze da procitas oglas i da odis da uplatis pari na ZS....kolku treba da si lesen za vakva glupost....cccc

Немаш поим колку глуп и наивен народ има...Не за џабе се вакви огласи.
 
Трагично е што скоро сите измамени луѓе се тешка сиромаштија и социјала.
Верувам дека голем дел и ги имаат позајмено тие 3000 ден. за да ги уплатат.

smihajlo
Сиромаштијата толку го поматува здравиот разум што пополека се губи секој рационализам во човекот.
Повели направи статистика и ќе видеш дека токму во сиромашните земји земаат замав вакви ситни превари, игри на среќа, експанзија на религијата, буквално се' што се базира на надеж.
 
Што се секираш ти,обезбеден си ти..остај сиромашните и будалите да се снаоѓаат кој како знае.
 
Што се секираш ти,обезбеден си ти..остај сиромашните и будалите да се снаоѓаат кој како знае.

Цитро јас сум филантроп, не сум злобен како тебе.
 
Остај демагогија..него го продаде ли поклонот? Што си купи? Или доби друг уште поубав :rolleyes:

Цитро сега ме правиш злобен сосила...Е вака "да дај госпо колку шо ми има мене остаено старите во наследство тебе дупло да ти оста твоите".
 
Цитро сега ме правиш злобен сосила...Е вака "да дај госпо колку шо ми има мене остаено старите во наследство тебе дупло да ти оста твоите".

Чекај де.. притегни ги таму да ти остават уште ли не ти препишале :icon_lol: Па ти сам се петлеше,не ја.
 
Да имаше работа за помошник багерист можеби и јас ќе наседнев.
 
Искрено, се осеќам виновен што дозволив од мој лаптоп другар да аплицира, а не се заинтересирав ни да го погледнам огласот каде аплицира... Кога ми се јави да ми каже што се десило денес, ќе си каснев од опашот :icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom