Внимавајте на огласот: Измамени стотина граѓани

  • Креатор на темата Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување Време на започнување
@Someday..
Не ми беше целта паметен да се правам, сакав да потенцирам кога веќе знаеш дека живееме во преварантска држава обиди се да бидеш малку попретпазлив колку и да е очајна ситуацијата.
Поготово кога ништо не чини да се распрашаш по познаници и да икористиш Google или останати алатки или на некој кој се разбира да му одземеш две минути од времето.
 
smihajlo
Не реков дека се правиш паметен. :)
Технички гледано,и да се распрашале пак никој немало ништо да знае за типот,делумно има луѓе што отишле на ваков начин па освен "да проба"-не би советувале поинаку.
На крај,типот знаел како оди постапката затоа и му успеала оваа измама.
Претпазливост нема кога се работи за парче леб.Кога веќе немаш извор од никаде и кога бараш излез на секое можно место. Како што кажав претходно,.луѓето се фаќаат и за најмалата сламка..и за најмалата искра надеж.. Не е во ред да ги осудуваме.
 
@Someday..

Да им судам не им судам ама кај што има волја има и начин.
Сепак мислам дека ова не е којзнае колку комплицирана шема па да речеш жал ми е.
Нешто што највеќе ми пречи е кога луѓето не го искористуваат потенцијалот.
Кога и да направам нешто дури и ако не ми успее ако знам дека сум дал се од себе не ми е жал.
Во дотичниов случај желбата за преживување е само една страна од приказната.
Очајот си го прави своето, но кога човек е доведен на питачки стап и алчноста не е далеку, а кај нас па посебно луѓево имаат желба преку ноќ да се збогатат па не чудно казината и кладилниците
што се полни.(Знам дека ова е само делумно нивна вина, но секој може и мора да прави повеќе)
 
smihajlo
Извини,но каде во случајов примети дека овие луѓе кои аплицирале имаат желба преку ноќ да се збогатат?
Да сакале да се збогатат преку ноќ немало да одат преку измамникот,туку најверојатно би заминале Франкфур,Виена или пак би краделе тука. Зарем не мислиш дека збогатувањето преку ноќ оди на тој начин? Евентуално и да добијат нешто од кладилница тоа е сосема минимално во споредба со парите кои ги имаат фрлено додека остварат добивка.Притоа кладилниците,казината и збогатувањето преку ноќ нема никаква врска со случајов.Овде се работи за чиста егзистенција.Пред се поштеност.
 
@Someday..

Го приметив од тоа што се надевале на леб преку погача.
Изгледа и не се разбравме баш. Баш тогаш кога си на работ на егзистенцијата најтешко е да се контролираш т.е сакаш се да имаш.(Не им судам за ова)
Но, ако во тие моменти не потклекнеш тогаш ти имаш силен карактер.

Сега да не се правиме на Тошо можеби не сите, но сигурен сум дека поголем број се свесни дека без бугарски пасош малку потешко работа во ЕУ. Тие се моментално барем во нивната глава во без излезна ситуација и огласов им се видел како единствена шанса за спас.

Ама не се излегува така од дупката лесно како и што дотичниов пример покажа. Има други начини ама потребно жртвување и пот, а огласов е во случајов the easy way out.

Секогаш е така се луѓето го започнале маратонот и на пола пат некој ги лаже дека може по скратена патека да завршат. Е ПА НЕ ПОСТОИ ТАКВО НЕШТО!
 
smihajlo
Каде поточно примети дека се надевале на "леб пркеу погача"??
Точно е дека не се разбираме ама баш ич во случајов.
Батали бг пасош тука се работи за измама.
Кои се тие други начини според тебе?Луѓево се надевале дека преку приемач од Македонија ќе се вработат во Словенија,типот им ја објаснил така постапката..претпоставувам дека парите кои ги дале "биле потребни за некакви си документации" се во склоп на процедурата. Навистина не ми е јасно за каков easy way зборуваш во случајов?Што е за тебе лесно,а што тешко??
--- надополнето: 7 октомври 2013 во 14:05 ---
 
@Someday..
Па за лесно еве ти пример со дотичниов случај. Не знаеш друг начин и фрлаш пари на проблемот ама тоа не го решава истиот.

Тешкиот случај како што кажав е маратонот. За да решиш некој проблем кога си во без излезна ситуација ти треба некоја вештина која најверојатно ја немаш инаку не би бил во го*на до гуша.

За да успееш во странство прво ти треба јазик ако идеш во Германија, Англиски и Германски, во Англија само Англиски доста е итн.

Друго нешто ти требаат пари и врски. Ќе трпиш за леб ама ако имаш план и си поставил цели знаеш дека даваш 100%.
Доколку имаш по некој пријател во секој случај процесот ќе иде полесно.

Сега ме мрзи реферати да пишувам.
Еве ти накратко :
Лесно : Фрлаш пари на проблемот
Тешко : Поставуваш цел, правиш план како да ја постигнеш целта, се потиш додека успееш.

Фала пријатно ;)
 
многу си контрадикторен.. и сам не знаеш изгледа што сакаш да кажеш.
 
Тој да е некаде на запад во стабилна земја ќе лежи најмалку 5 години за таа глупост шо ја направил, а кај нас најмалку ич.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom