Внимавајте на огласот: Измамени стотина граѓани

  • Креатор на темата Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување Време на започнување
Нашол овци си ги острижал... :) Незнам како можат едноставно да наседнат на вакви огласи од авион се гледа дека огласот е наменет само да ти ги собере парите и после ни работа ќе видиш ни ништо од сето тоа. Но тоа ти е има и такви граѓани во Македонија кои наседнуваат на вакви прости работи.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Wiz
Windfucker
Друже знам што е проблемот и дека токму на вакви личности целат преварантите.
Секогаш се удира на надежта за подобро утре, мене не ме нервира тоа што некој се изгорел туку тоа што луѓево не се трудат да научат.

Го земав и јас во обзир фактот дека на гладен стомак човек поинаку размислува, но сепак ако имаат компјутер значи не се до толку на питачки стап и прво и основно правило е „Верувај, но провери“, а со оглед на тоа дека ништо не те чини да прогуглаш и да се распрашаш поготово сега сме во доба на информации и лесно се доаѓа до која било информација.

Исто така луѓево едвај чекаат на некому да му се испразнат па не гледам причина зошто да не прашаш ако не ти наплатуваат, а и сите алатки кои ги нуди новото време се горе доле бесплатни.

П.С Со оглед на тоа колку превари се десија во последно време човек си мисли дека ќе научат луѓево по претпазливи да бидат.

@c i t r o

Па гајле ми што да правам таков сум. По природа сум скептик и дури и да знам дека нешто е точно проверувам уште десет пати за да се уверам и се нервирам кога некој не се труди барем еднаш да провери. Ете читни го и текстот над твојов земен ми е во предвид фактот дека на празен стомак поинаку се размислува и сепак мислам дека некој треба да е ептен ептен ептен очаен и заслепен за да наседне на толку очигледна превара.
Кажав погоре жал ми е што луѓево никако да научат нешто пред да се изгорат.
Сега овие горе измамениве 10 пати ќе проверуваат ама џабе е касно е.
 
Полесен начин за добивање 5.000 евра,амин. Луџе от македонија сиги дале парите на
иро сметкана некој
ж арко оти бил постредник за работа фшвицарска.
една вирма ви посакува........................................srecen den,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,
 
@Sagan

Нема врска со внимание ова ти е идиотизам.
Овие ваљда се надевале на подобро утре па не им текнало да потрошат две минути да проверат кој стои позади огласот.

Со кој памет некој би се пријавил на оглас во фирма која не е наведена.
Лицето за контакт е само Жарко без презиме.
Ова смрди од 100км на превара.
Да беше некоја разработена шема ај ќе сфатев па и жал ќе ми беше ама вака што си посеале тоа ќе си жнеат.


Значи лесно е да процениш тука на форумот, меѓутоа има луѓе кои се на работ на егзистенција и по цел ден висат на вакви огласи барајќи работа во странство. Со душа чекаат да налетаат на вакво нешто и не размислуваат како што треба поради проблеми. И фризерката што продаваше станови никој не се сомневал дека е преварант па успеала да измами и познати луѓе во Македонија. Само јас незнам на кој памет сме ние Македонците што воопшто веруваме на нашите онлајн огласи кои немаат никаква гаранција и заштита против вакви измами. Јас двапати во животот имам користено вакви огласи и двапати побарав да се сретнам со човекот што го контактирам за да бидам сигурен во зделката, доколку не прифати знаеш дека нешто не е во ред. Како и да е, жално е што има луѓе кои вака наседнуваат на превари.
 
@iksimkd
Ок се сложувам дека секој отпосле може мудрец да изиграва ама друга ми беше поентата.
Значи сите знаеме дека живееме во преварантска држава и не знам баш како да се изразам
основно знаење е дека при вакви работи и општо кога и да даваш пари е да провериш да не те врти некој на малиот прст.
Еве и во твојов случај тебе ништо не те чинело да се јавиш и да прашаш.(Скоро ништо ако земеш во предвид колку можеш да изгубиш при вакви превари)
Значи најкултурно ќе побараш податоци ако се работи за поголема сума и лична карта. Доколку не се работи за измама нема зошто да те одбие.
 
smihajlo
Нема зошто да те одбие.Но,ајде побарај му.
Греота е за народот.Замисли само колку се разочарани сите тие луѓе денес. Конечно добиле искра надеж дека колку толку барем ќе заминат некаде,барем ќе работат поштено за парче леб,за на крај вака да излезе.Народот не е толку прост,туку системот го прави таков.Да се фаќа за сламка само за да се извлече,да бара надеж и решение и таму каде што го нема.Тажно навистина.И доста тропаат сите дека не би постапиле како овие измамени луѓе,кога 90% доколку би се нашле во истата ситуација би постапиле исто.
 
Се работи за следниов оглас на Reklama5.mk http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=941883
Пошто е веројатно дека огласот ќе биде избришан наскоро, нека остане PrntScr.

Прегледај го приврзокот 73948

На огласов наседнале стотина граѓани од цела Македонија, кои денес неколку часа чекале пред Александар Палас, за да потпишат договори за работа.
Откако никој не дошол, прашале во хотелот дали е резервирана некоја просторија за таа намена, па по негативниот одговор, случајот го пријавиле во полиција.
Лицето со кое контактирале цело време, а кој се претставувал како Жарко, денес не бил достапен на својот мобилен телефон. Трансакциската сметка на која биле уплаќани средствата, по се` изгледа е отворена од лице од Струга.
2cypt8z.jpg


Секој од измамените бил оштетен со по околу 3.000 денари, од кои 1.200 денари уплатница на сметка на измамникот во Охридска банка, за наводна ХТЗ-опрема, по 300-500 денари за скенови на документи и дополнително за превоз до Скопје.

На сајтот за огласување има уште неколку активни слични огласи за работа во Германија и други европски земји, затоа ВНИМАВАЈТЕ КОМУ ДАВАТЕ ПАРИ.
Абе тргни ја сликата да не се пријави уште некој :pos:
 
Само јадете трици за народот....народот глуп, наивен....
Народот е глуп и наивен дека има ваква полиција и ваква скапаница од држава, а не дека паѓа на вакви огласи.....еднаш да кажете нешто лошо и за токмаците у плаво....
 
На вакви огласи човек не треба да паѓа или пак треба претходно да се распраша за тоа, а не веднаш да уплаќа :)
 
Абе многу сте јаки на вилица ама факт е дека подобро е човек да ризикува 1000евра на вакви уплати неголи цел живот да седи со рацете скрстени и да чека владата да го запосли затоа што лепел плакати во предизборната кампања, затоа што во моментот кога ќе ти успее на еден ваков оглас за еден месец ги враќаш назад тие 1000е и заработуваш плус уште толку ако не и повеќе.
На крај од сите тие преваранти ќе се погоди и еден кој не е па ќе си обезбедите добро платена позиција зошто 1000евра и вака и така ќе ги потрошите.
Али чудно е како најпаметни се само форумџиите чиишто родители сеуште им го плаќаат интернетот ;).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom