БДП-то ни отиде во минус (-1,4%)

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Во тинекс,веро,скопски пазар,жито велес............ не смеат да помислат,не па да отидат зошто таму аму се порават ГОЛЕМИ Ф-ри и ГОЛЕМИ ДАЛАВЕРИ,а има и доста пари да им потфрлат како на џукели за да молчат.
И тебе да не ти го бапнаа?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.772
Поени од реакции
9.891
Добро си е БДП-то,само напред во нови подеми и победи!
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
И тебе да не ти го бапнаа?
УЈП уште не дошле,ама како тргнала работата со празниот буџет ги очекувам.
--- надополнето: 3 октомври 2013 во 23:04 ---
Добро си е БДП-то,само напред во нови подеми и победи!
Добро е добро е дури супер е ама ко ќе пукни и администрација избркана од работа гејлада ќе ни се смеи
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Едно нешто секогаш ме замислувало. Кога прават ребаланс на буџетот, помеѓу другото, (најчесто) ги намалуваат и расходите за капитални инвестиции. Потоа, при дискутирање на буџетот за следната година, (најчесто) се вика дека расходите за капитални инвестиции се зголемени за xy% проценте во однос на претходната година. Ме интересира, споредбата е направена со фактички реализираните расходи или пак со проектираните во иницијалниот буџет.
leandra

Некоја бројка за споредба ако некој успее да најде со изјава и бројки би било најдобро. Dardan-ia
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824

Епа како нема да се зголемуваат расходите кога се крадат пари на велико со тие анекс договори... Ако буџетот на пример оправдува толку и толку приходи и расходи... Со анекс договорите испаѓаат ко демек непланирани трошоци.

Така Скопје 2014 се најавуваше дека ќе биде 80 милиони евра така нешто... Сега човече цената е над 1 милијарда евра.. Каде има информации за тоа како се потрошени овие пари? Мора да се стават негде односно во расходите... А ќе се скрати од нешто друго..

Доколку се одеше според закон овдека кај нас убаво ќе беше да те интересираат такви работи.. Ама џабе е друже кога се важи само на хартија. Убаво кажа Амди: Мамата и ја ебавте на Македонија !
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Што знаете бе вие, еве сега на Шител кажаа дека Македонија била во првите 5 земји во светот за започнување бизнис заедно со Нов зеланд и Германија.
И одма после тоа вест дека грчкиот премиер сакал да ја дели Македонија.
Значи, се е супер, подобри сме и од Германија, ај сега фокусирајте се на бранење на библиска Македонија од клетите грци кои сакаат да ја уништат! :icon_lol:
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.456
Поени од реакции
5.873
Едно нешто секогаш ме замислувало. Кога прават ребаланс на буџетот, помеѓу другото, (најчесто) ги намалуваат и расходите за капитални инвестиции. Потоа, при дискутирање на буџетот за следната година, (најчесто) се вика дека расходите за капитални инвестиции се зголемени за xy% проценте во однос на претходната година. Ме интересира, споредбата е направена со фактички реализираните расходи или пак со проектираните во иницијалниот буџет.
leandra

Некоја бројка за споредба ако некој успее да најде со изјава и бројки би било најдобро. Dardan-ia
Ако добро те разбрав:

За 2011та не сум сигурен , да речеме планирани биле 380 милиони , остварени 342 милиони (имаше ли ребаланс во 2011?)

Планирани капитални инвестиции во 2012-та: 27 милјарди денари
После ребалансот останале: 21 милјарда денари
Односно биле планирани 440 милиони евра , а остварени околу 350 милиони.
90 милиони евра ги изеде ребалансот.

Во 2013та се планирани 305 милиони евра К.И , а колку се остварени не знам.

Во 2014та се планирани 370 милиони евра (нели).

=

Не знам колку е проблем , но за мене е ненормално секоја година да расте буџетот , а капиталните инвестиции веќе 4-5 години да бидат исти или помали.

Сега ако прочиташ ова , ќе помислиш дека капиталните инвестиции стигнале до 2 милјарди. (можно ли е да сме имале само 75 милиони евра К.И во 2005та?)

Ставревски: Од 2005 до денеска капиталните инвестиции пораснаа за 487%

http://maxim.mk/stavrevski-od-2005-do-deneska-kapitalnite-investicii-porasnaa-za-487?utm_source=daily.mk
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Гадна опозиција, неќела попис....
 
mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Македонија ќе има поголем раст од предвидениот

Очекувањата на Владата се дека оваа година растот на македонската економија ќе биде повисок од оној што е проектиран на 2 проценти.

Поголем раст на македонската економија предвидуваат и повеќе меѓународни финансиски институции, како ММФ, која ја ревидираше стапката на раст за годинава на 2,2 проценти, потоа Фич, кој предвидува раст од 2,7 проценти, а и Народната банка на РМ очекува повисок раст од проектираниот.
Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, добро e да се успее оваа година да се оствари повисок раст од предвидeниот.
– Добро е е да бидеме подобри од она што сме проектирале во делот на економскиот раст. Секако на страна на реализацијата на приходите и расходите до крајот на годината очекувам повисок степен на реализација во однос на претходните години, бидејќи во првите осум-девет месеци имаме подобра реализација на капиталните инвестиции, изјави министерот Ставрески одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.
Тој потенцира дека се зголемува бројот на агенции и меѓународни финансиски институции што предвидуваат зголемување на економскиот раст за 2013 година за РМ и дека со секој нов извештај добиваме потврда дека нивните видувања на македонската економија се позитивни и оти македонската економија ќе има повисок економски раст.
- Неодамна во Вашингтон имавме средби со ММФ и СБ и нивните очекувања се позитивни, односно дека Македонија ќе оствари повисок раст оваа година. ММФ го ревидираше растот на 2,2 проценти, сега Фич предвидува раст од 2,7 проценти, НБРМ, исто така, излезе со поголема проекција. Очекувањата наши се дека економскиот раст ќе биде повисок од проектираниот од 2 проценти, меѓутоа, со оглед на тоа дека ребалансот на Буџетот за оваа година беше поднесен во Собранието и подготвен 2-3 месеци пред објавувањето на овие последни податоци, ние останавме на проекција формално на онаа што стои во тие документи. Но, моите очекувања и очекувањта на Владата се дека РМ ќе успее оваа година да оствари повисок раст од предвидениот и тоа е добро, изјави министерот Ставрески
ekonomski.mk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom