- Член од
- 13 септември 2011
- Мислења
- 143
- Поени од реакции
- 469
Може ли да ја објасниш врската меѓу „боем“ и „чиста душа“ ? Како дојде до тоа ?Во една пригода после настапот во кафана кога излегол надвор, Здравкович бил пречекан од продавачка на цвеќиња и прашан дали ќе купи. Тој ги купил сите цвеќиња и откако цвеќарката пресреќна се одалечила, тој побарал од еден од членовите на бендот да му позајми пари за такси. Целиот хонорар од вечерта Здравкович и го дал на цвеќарката. На неговиот погреб истата таа се погрижила гробот да му биде најубаво украсен, достојно за еден таков бард.
...
Пиењето како што вели и Андреевски е задолжително кај боемот. Тоа е ритуалот на иницијација и партиципација.
...
Никотина и комарот се чести декоративни дотатоци, човек кој е оддаден на уживање без предумисла има склоности кон комплетниот пакет услуги.
...
Духот на боемот е космполитски, но идентитетот е локален. На боемството му лежи домашната, народна музика.
...
Жените не можат никогаш да бидат, затоа што немаат чиста душа.
Го поставувам ова прашање бидејќи не е доволно објаснето, туку е повеќе наведено како догма отколку како кратка забелешка.
Интересно е како во оваа дискусија не ни има две страни (како што ти добро забележи), а сепак е дискусија на работ на присебноста; барем така личи.
( http://www.okno.mk/node/27797 )
"Tаму човекот влегува не само да се напие,
туку или за да избега од нешто што што не му се допаѓа или за да се дружи со некого,"
...
"Или да се умее пие, значи да се умее да се живее и со будалите."
...
"Kако и да е,едно е сигурно: сите боеми пијат. Пиењето за нив е нешто како обред, причесна,ритуал. Независно дали пијат од среќа или дека ги напуштила среќата."
Човек кој не може да ја поднесе реалноста, кој е навлечен на алкохол и кој не му пречат будалите; луѓе кои, без разлика на сѐ, мораат (?) да пијат алкохол.
Добро ли е објаснето овде ? Дали се тоа сите дефинициони својства ? За таков човек ли дискутираме ?
"Згора на тоа, алкохолот ги урива сите бариери меѓу луѓето."
Интересно е како е потребно намалување на капацитет на ЦНС за да се зближат луѓето. Аргумент сам по себе!
"The term Bohemianism emerged in France in the early nineteenth century when artists and creators began to concentrate in the lower-rent, lower class, gypsy neighborhoods. Bohémien was a common term for the Romani people of France, who had reached Western Europe via Bohemia"
Која е разликата меѓу „уметник“ навлечен на хероин/lsd/... и тој на алкохол, ако воопшто постои разлика?
Ако не постои, за што ние дискутираме овде ?
Интересно како се рационализираат пропустите на „познатите“ само затоа што биле познати.
За тој кој е уметник, ќе речеме дека е уметник.
За тој кој е наркоман, ќе речеме дека е наркоман.
Но, за тој кој е уметник и наркоман*, ќе речеме дека е „боем“ - и некако, комбинирањето на тие две во едно дава преќутно одобрување (до можен восхит).
Делува халуциногено читањето на нечие восхитување на некои последици/постапки на т.н. „боеми“ - на пример, како што на темава беше потенцирано - некој кој уринирал врз себе. Или некој кој, во момент на намалена пресметливост, решил да ги потроши сите пари, итн. и да проси.
Не е јасно што е тоа што се наоѓа како вредно тука.. дали некој мисли дека е тешко или недостижно човек да уринира сам врз себе; дека можеби е потребен посебен талент за тоа?
Или дека (со сила на инает; (еквивалентно: намалена пресметливост ?) да направи екстремен потег (потроши сите пари, влезе во дуел за некоја девојка, итн. сѐ што беше набројано како одлика)?
Или дека за да се издржи реалноста, мора таа да се напушти, итн. (децата во Сомалија биле гладни - причина за пиењето, итн.)
( http://www.okno.mk/node/27904 ).
Можеби ќе делува изненадувачки, но има шанси да е можно истовремено:
1) да размислуваш за глобалната неисхранетост
2) да не бидеш под дејство на алкохол.
...
Сметајќи дека е „гламур“, „престиж“ или нешто за восхит однесувањето на „боемот“ не е помала глупост од „престижот“ и „гламурот“ наметнат преку глумците/познати личности и целиот процес на опсесирање со нивниот приватен живот, т.н. gossip/озборување и постоењето мултимилионерска индустрија (Hollywood) која се бави со овие прашања.
Во принцип, има и логика, а следните две забелешки се стари 2000+ години и 200+ години, соодветно:
„Толпата не е филозоф“
„Тој кој не го интересираат општите вистини, го интересираат индивидуалните (и обратно)“
Очигледно дека е така; а *зошто* е така е многу поважно прашање.
Овој начин на размислување се користи најчесто за пороци, што е резултат интересен по себе и е во согласност со принципот дека за да се научат пороците, не им треба учител; додека тоа не важи за било која форма на морал.
(Дали постојат луѓе кои се исто толку познати а успеале да задржат пристојно ниво на морал? Уште еден аргумент по себе - ако сметаме дека тоа што е „познато“ е тоа што се „бара“.)
Техничка забелешка: познато е дека алкохолот го депресира централниот нервен систем. Според тоа, легитимно е да биде вбројан тука.