Боеми - има или нема

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.138
Поени од реакции
25.682
Бузле, Илија Илоски, Митко Атанасов (пратеник од првото собрание на ВМРО) и секако мој фаворит Љупчо Јордановски бившиот претседател на Собранието, Бог да го прости. Си пушташе музика во парламент, им честиташе роденден преку говорницата, кажуваше вицови и смешки на преноси, претседателството и мандатот си го помина како да е во најкежуал кафана. Боемиште.

.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
„Мојот живот е спонтан абортус, а уметноста е раѓање“ би рекла Фрида Кало, боем како школски пример. Секако дека ставот на Суси за педери боеми паднаа со Јонче, а со Фрида Кало да зациментираме.
Магдалена Кармен Фрида Кало и Калдерон е родена и израсната во куќата на своите родители позната како „La Casa Azul“ (Сина куќа) во Којоакан, Мексико. Кога имала три години, на 7 јули 1910., почнала мексиканската револуција а Фрида подоцна ќе тврди дека и сама се родила на истата година и датум, за луѓето да ја поврзуваат со револуцијата. На 6 години заболела од полиомиелитис, кој и ја остава пократка и потенка десната нога. Тоа го криела носејќи долги разнобојни сукњи. Имала и заболена кичма, но тоа не ја спречувало да биде палаво девојче, во училиште секогаш меѓу бунтовниците.

На18 години доживува катастрофална сообраќајна несреќа во судир на автобус во кој се возела и трамвај. Добива тешки повреди, рбетот и е скршен на три места, а металната шипка и го пробива стомакот.Десната нога и е речиси смачкана. Никој не верувал ни дека ќе преживее. После болничкото лечење, година лежи во куќата на родителите, во халуцинации и болки. Почнува да слика во кревет и со помош на огледало најмногу се слика себе. Со текот на времето, овие автопортрети ќе станат нејзин заштитен знак. Повторно проодела, но цел живот патела од замор, болки, па често морала да лежи во болница.

Со Диего Ривера, кој го запознава во Мексико Сити, ќе се вери на 20- годишна возраст. Заедничкиот живот се одвива во работа, љубов, огнена поврзаност но и афери со други, кавги, алкохол, дури и омраза. Додека тој слика мурали на кои се претставени глетките на животот во Мексико Сити, работници, минато и иднина., социјални теми, Фрида се слика себеси, глетките од својот болен живот, децата кои ги губи во спонтаните абортуси, , дури и запишува после еден таков слом дека „и нејзиниот живот е само спонтан абортус, а уметноста е раѓање“.Диего влијаел на Фрида и во политичка смисла, како посветен комунист. Двајцата се дружат со Троцки кој живее во Мексико. А еден период и кратко живее во нивниот дом и станува љубовник на Фрида. После убиството на Лав Троцки, Фрида се свртува против него, тврдејќи дека дури и ја украл додека живеел кај нив. Бисексуалната Фрида имала врски со жени кои Диего ги толерирал, и со мажи кои го излудувале. И тој исто така бегал во многубројни афери, меѓу кои и со сестрата на Фрида. Парот се развел во 1939., ама веќе следната 1940 повторно ќе се венчаат.

Фрида и Диего
Од денот на несреќата до крајот на животот Фрида Кало поднела 32 операции, болката почнала да ја ублажува со алкохол и дрога, ногата и е ампутирана заради гангрена, а деца не можела да има губејќи ги зачнати во спонтани абортуси.

Во текот на животот имала само една изложба во Мексико, во пролетта 1953 година. Во тоа време здравствената состојба и била многу лоша, па лекарите и препорачале да не оди на изложбата. Неколку мига откако на гостите им било допуштено да влезат, се слушнале сирени и масата се вознемирила. Надвор стоело амбулантно возило, во придружба со мотори. Од возилото ја извадила Фрида на носилки и ја сместиле на кревет среде галеријата, од каде цела вечер ги забавувала гостите, се шегувала и позирала на фотографите. Оваа изложба доживеала огромен успех.
„Моите слики се најискрениот израз на моето битие“, ќе рече Фрида.

Таа иста година, на Фрида и е ампутирана ногата и станува многу депресивна и склона кон самоубиство. Неколку пати се обидела да се убие. Станувала и се поболна. Тогаш, во 1954 година, со воспалени бели дробови отишла на комунистички марш. Четири дена подоцна умрела, на 13 јули 1954., на 47годишна возраст. На сликата на која се насликала себе со ампутирана нога напишала: „Што ќе ми е нога кога можам да полетам“. Диего Ривера ја испратил последен пат а подоцна во својата автобиографија ќе запише дека денот на смртта на Фрида Кало е најтрагичниот ден во неговиот живот. Урната со правот од Фрида стои под огледалото во нејзината „сина куќа“ која денес е нејзин музеј.
http://www.makmoda.com/ikona-na-stilot-frida-kalo/

Зачин:

Л

Лигеја

Гостин
Да се надоврзам со Леандра и исто така да демантирам дека не постојат жени боеми за пример ќе ги земам Гертруда Стеин (една од најпочитуваните колекционери на уметнички дела и жена чиј дом бил собиралиште на многу поети,уметници,критичари и политичари благодарение на неа ако не грешам и Пикасо и Модиглиани се прославуваат),потоа писателката Анаис Нин,балерината Исадора Данкан,Вирџинија Вулф која била дел од познатата Блумсбери екипа и уште многу многу други да не набројувам...

За мене боем претставува личност која е духовно и интелектуално богата,најчесто со изразена меланхонична црта во својот карактер и со талент за создавање драма од сопствените,интерни доживувања и авантури проследени со конзумирање на алкохол и опијати како стимул за длабоко навлегување во суштината на болката или среќата и нивно детално избивање во надворешноста преку песна,слика или филм.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.138
Поени од реакции
25.682
Леандра, се тоа е у реду, и приказната беше одлична потем речено. Невообичаен живот, дефинитивно филмска сторија, лудница од настани , сиже и испреплетени ситуации. Само нема тоа врска со боемство. Ставро може неможе или не сака да сфати колку Свонс не се далеку од турбо фолкот но во една пригода и друга тема убаво кажа. Ниту една жена во историјата не извршила самоубиство од егзистенцијалистички причини, затоа што сфатила дека животот и нема повеќе смисла. Боемите нуркаат во тие прашања, филозофии, дебати, Мартин Идн кога ќе го упознаат со интелектуаците во кои ќе се дебатира филозофија, хегелизам и се останато. Не знам што сте запнале (не ти конкретно) да станете мажи. Јас никогаш нема осетам што значи да се биде мајка во секоја смисла на зборот, женско не може да биде боем колку сака нека љока, пуши, збори и слично, затоа што боемството е стејт оф мајнд, има многу фотографи од медиумите кои професионално биле на милион концерти, журки и слично иако ич не им било гајле за тоа. Дали тоа ги прави нив клабери? И нема што да е тоа навредливо или не знам ти што, та не сме у Скандинавија да правиме патетични глупости во име на џендер иквалити. Кафаната е премногу етички чисто а естетски нечисто место за една жена која е сосем обратното да припаѓа таму. Го немате тоа, го немате тој, ментален, телесен, хормонален и не знам ти каков крој за тоа.
 
Зборуваме за уживање и задоволства затоа што тоа подразбира боемството еве било какви од било која страна интелектуални или физички...сеуште не разбирам каква врска има полот дали е машки или женски со сетилата за слух,вкус,мирис и допир?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Боемството нема врска со пол, многу добро знаеш, само се истрча со таква теза. Додуша не се истрча туку тоа е твое лично размислување кое нема врска со општото размислување за боемство. Иако знам за твојот став дека жена во кафана не ја личело и од каде го вадиш овој став, сепак постојат и те како жени боеми од типот на Фрида Кало на кои неможат да и се рамнат сто мажи.
Јас нит имам уметничка нишка, уште луѓето ги сликам со кругче и цртичка, нит создавам уметност, одвај ја дочитувам Калуѓерот кој го продал своето ферари и ја сметма за убер досадна книга. Кога идам во кафана следните два дена строго седам во темно и шака апчиња и литри вода да се оправам, така да јас немам ни б од боемство. Али тоа не значи дека нема такви жени. И пред фактите боговите молчат, доволно е.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.138
Поени од реакции
25.682
Зборуваме за уживање и задоволства затоа што тоа подразбира боемството еве било какви од било која страна интелектуални или физички...сеуште не разбирам каква врска има полот дали е машки или женски со сетилата за слух,вкус,мирис и допир?

Ти не можеш да сакаш, патиш, идеализираш и приврзуваш за машко како што е обратното. Ти нема да запаѓаш во егзистенцијални кризи и филозофии, ти може да пишеш семинарска за концептот на светска тага во романтизмот кај Бајрон, Пушкин и Гете, ама никогаш нема да можеш да почуствуваш филингот што го имале Бајрон, Пушкин и Гете, не може да го носиш светот на плеќи како Атлас. Не знам како на друг начин да ви објаснам, кога ќе бидеш мајка објасни му на некое машко какво е чувството, Миљарда реченици и зборови употреби, нема да го осети тоа, нема да ја знае таа врска која може да постои само меѓу мајката и детето а не може помеѓу таткото и детето. Стварно не знам како на друг начин да ви објаснам, со аналогии, компарации или било како. Ти пуши, пиј, дрогирај се, не се прибирај од кафани, троши пари како луда, имај швалери, не можеш да бидеш боем. Има надворешни карактеристики кои се типични за боемите но најбитното што дефинира дали се работи за боем или не е дали го има шмекот, њухот, фатот исто како моментот како дефинираме дали некој објект е биртија или не, концепт што му го објаснував на малиот приучен паметњакович во темава тука http://forum.kajgana.com/threads/Биртии.63174/page-13

Најпростиот одговор е-Женско си, не можеш да знаеш и да бидеш, не оти си глупа или слично, туку едноставно-женско си, како што јас не можам да осетам мајчинство не дека сум глуп оти едноставно-машко сум. Стварно не можам повеќе и подобро да ви објаснам.
 
P

parvati

Гостин
Заврши си факултет да те викаф боем, а не алкохоличар : )

Да ти *тииииит* државу кд најголем боем ти е грк
Зорба : )
 
Океј самиот го изјави следново:

[quote="Sussaro, post: 5950860, member: 1678"
Боемството е начин на живот. Како ти се справуваш со ударитe.[/quote]

И Википедија вели така...се согласувам еве на српски ќе го ставам цитатот:
''Boem je riječ koja u najširem smislu označava osobu koja prakticira nekonvencionalni ili nonkoformistički životni stil, odnosno svojim ponašanjem namjerno se suprotstavlja uvriježenim moralnim i kulturnim normama, odnosno očekivanjima šire zajednice. Boemi najčešće žive u društvu slično orijentiranih osoba, a njihov način života naziva se boemština.U užem smislu se pod boemima podrazumijevaju književnici, umjetnici, muzičari ili novinari koji se, iz ovih ili onih razloga, smatraju izopćenim iz tzv. društvene matice, odnosno odbijaju prihvatiti njene norme.''

НО...никаде не се спомнува дека искуствата се поинтензивни и поизразени кај мажите или пак дека поимот подвлекува само личности од машки род туку се набројува во множина.Никаде не се спомнува како јас се чувствувам кога пијам ракија на шанк со слимс цигари во минич или како ти се чувстуваш кога ќе испиеш бокал ракија седејќи во кафана и мезејќи шопска.Важни се емоциите по испиената ракија.А емоциите кај секого се исти нели? Најчесто се пишува за љубовта и омразата.
Пред малку набројавме и жени писатели,уметници итн кои се спротивставувале исто така на моралните и културните норми со своите дела и кои одлично се вклопуваат во дефиницијата.Друго е ако сакаш сам да даваш своја дефиниција но и тука би била малку скептична во твојот исказ со оглед на тоа што се изјасни кристално јасно дека не си боем,не се замислуваш себе си како таков и дека не припаѓаш во таа група така да и немаш доволно искуство и знаење за да ја дефинираш правилно функционалноста на тој збор.Од истата причина заради тоа што и јас самата не сум боем сум се држела до веќе поставената дефиниција за нив и на нејзина основа сум го изградила сопственото мислење.Толку.Нема многу филозофии мажи,жени,деца...Сето тоа припаѓа во рамките на биологијата и селекцијата.Оваа дефиниција ја дава општеството за таа посебна група на луѓе.И не ја разбрав поврзаноста со писателите кои ми ги наброја...Гете,Бајрон,Пушкин...ниту ти,ниту јас нема никогаш да разбереме како се чувстувале тие во моментите на пишување дури и јас ако сум Сусаро а ти Лигеја.Можеме да дебатираме само како јас ги разбирам и како ти ги разбираш а тоа е премногу индивидуално што нема никаква врска со тоа дали јас сум маж или ти жена и обратното.И за крај...никогаш нема да сетиш како е да бидеш невин како Артемида и Атина. :D
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Петре Прличко, Димитар Гешовски, Бранко Варошлија, Анте Поповски, Гиче Чемерски и останати легенди во својата професија на времето биле дел од институцијата наречена Клубот на писателите. Е ова е за мене боемштина.
Извор
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Еве што пишува уште П.М.А. за боемите.
„ Ако седнете до некој вистински боем,тој веднаш ќе ве праша:
- Ќе се напиете ли нешто?
- Не, фала му велиш ти.
- Ај, сега прашај ме ти мене, вели тој.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Више не предупредувам, наредниот кој ќе забега од темава (патем тема на која одамно немало вака интересна дискусија, без разлика на спротиставените ставови и тоа кој пишува) ќе го банирам вечно од темава. Да му се плукнам више. И ќе ги избришам сите претходни мислења и репликите на истите, за да не повлечат други оф-топици.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Еве што пишува уште П.М.А. за боемите.
„ Ако седнете до некој вистински боем,тој веднаш ќе ве праша:
- Ќе се напиете ли нешто?
- Не, фала му велиш ти.
- Ај, сега прашај ме ти мене, вели тој.
Кога веќе го спомна Петре, за жал никогаш нема да ми се исполни желбата да се напијам вино со него, еве еден текст од него како порачан за темава и една случка од неговиот живот.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
А бидеиќи беше спомнат и Бранко Варошлија (како голем боем)
дај постирај го расказот од Петре „ Што ти беше мислата“
еве како завршува
„ Неколку денови подоцна го однесов дома,но овојпат со вистинска акумулација од руска вотка. Родителите се израдуваа и не почестија уште со по една-две дополнителен допинг.
Јас им се заблагодарувам и станувам да си одам. По мене им се заблагодарува и Бранко и тргнува и тој по мене.(очигледно е дека не си ги позна родителите)
- Каде Бранко, го прашува мајка му.
- Дома,вели Бранко,време е и јас да се приберам.
Родителите само се погледнуваат и така, само со очите го амнестираат.
----------------------------------------
Е ова во живо сум го видел. Во никое време во центарот на Скопје оди и подзапира покрај излозите еден многу познат наш поет, спомнат овде како боем.
Па и нема некој што не го познава во градов (беше и амбасадор во Москва).
Доаѓаше накај мене и се запрепастив и не верувам на очите,лично тој со совршено негувано брадиче во кремасти панталони овој пат мокри до колена и убаво се гледа од што дошло тоа намокрување ( од боемштината )
Да ми извини,само ја кажав вистината - бог да го прости.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711

:facepalm:
И шо кажа бе црни Анчо?
Па ти требаше да отвориш тема за јавните личности што си ги видел пијани и помочани.:facepalm:

„Нека се гребне тој што ќе те грабне
Нека го здоболи тој што не умее да моли
Нека да пати тој што не ќе смогне да ја сфати
Недопирливата тајна на твојата
Недостапна убавина
Ти греблива горделивко на летната штедрост
Векувај си како трајно предупредување
До сите понеупатени посегачи кон убавината
Дека до сладоста и до ѕвездите
Сал преку трњето се стигнува.
Имав привилегија неколку дена да се дружам со професорот и со неговите пријатели.“

Г. водеше, јас му рецитирав, П. ми нацрта портрет, а Ј. ми зборуваше за Б. Тоа беше едно гооолемо зенирање! :love:

„Зелени клепки несон
зелена нема разбранетост
таа е лична сретполка,
сретполе сон прегладента...“
 
Kajgana Shop

На врв Bottom