Пред околу два месеца седев на пиво со еден типац, млад, сеуште во 20-тите и падна муабет околу професиите. Мислам дека само што имаше напуштено во Келн во некоја клиника и дојден во Баварија да работи. Човекот пластичен хирург по професија, конкретно за санирање на тешки повреди на лице од изгореници и слично. Не го прашав колкава му е платата, но самиот ми спомна дека работел за мислам оти беа повеќе од 100.000 евра годишна плата. И секој месец покачување, додатоци за ноќни смени, прекувремено итн.
Тој живот што еден, макар и најобичен општ доктор го тера во Германија, кај нас ни на сон не се постигнува. За стоматолози и специјалисти не треба ни муабет да правиме. Таков живот во Македонија само по филмови се гледа.