Ауфвидерзен Македонијо!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bojco
  • Време на започнување Време на започнување
Секој 30 дена за активни барачи на работа...
Секој 180 дена за пасивни барачи на работа...
Со оваа активност имате БЕСПЛАТНО здравство, благодарение на Владата на РМ...

п.с.
Заверката на зеленото картонче се извршува лично и персонално под будното око на прв братучед, на Пратеник од владеачката партија од нашиот град инаку поранешен камионџија ....24/7/365 :)

Нема никаква врска завод за вработување и зеленото картонче со здравствено осигурување (плави картони). За двете се пријавуваш посебно и веќе не се поврзани, порано беа. За плави картони треба извештајот од УЈП дека годишните примања се помали од одредена цифра (дали 60К или 90К не ми текнува), и тоа пријавата. Јас на пр. не сум во завод ама земам картони.
 
Мојот пост имаше сосема по друга - различна цел од колку твојот одговор...
Ама како и да е....ДА , во право си = Оние што имале приходи поголеми од 96.600 денари ќе плаќаат за сини картони !
+
Фондот за здравство ќе објави повик до невработените да си ја завршат обврската за пререгистрација до 31 март. Доколку задоцнат, ќе им доцнат и сините картони. Ако, пак, не се пререгистрираат, воопшто нема да ги добијат.

Е сега како беше темата ...Ауфидерзен МКД :)

Поздрав до сите Кајганџии ;)
 
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=18&vest=7580

Веста дека македонската влада потпишала договор со владата во Катар за да можат македонските жени да одат да работат како слугинки во оваа држава од Блискиот Исток одекна на блоговите. Иако македонски делегации на високи функционери одеа на посети во Катар и таму најавуваа работа за квалификуваните Македонци, сепак, договорот за слугинки кој го потпишале не одекна со оној интензитет со кој обично одекнуваат владините „зделки“ по шетањето во странство во лов на инвеститори.

Договорот се уште не е јавно објавен, а за неговото постоење известија умешните блогери кои успеаја да ја најдат оваа вест на веб страницата на катастарското министерство за надворешни работи. НОВА дојде до договорот во чија подготовка учествувале министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерот за труд и социјална политика Спиро
Ристовски заедно со замениците од ресорните министерства. Заедно со катарските претставници тие составиле и нацрт-договор за работодавачите и работничките кој треба да претставува основа за индивидуалните договори.

:eek::eek::eek:
 
Тодоров ги повика македонските лекари специјалисти во странство да се вратат да работат во Mакедонија

Македонските лекари со најмалку 5 годишен работен стаж во странски болници да се вратат да работат во Македонија ги повика министерот за здравство. За платата ќе се договорат со министерството. Ако имаат поголемо искуство и знаење подобро ќе бидат платени. Услов е најмалку една година да престојуваат во земјава и да лекуваат наши пациенти.
s1lekarrhrthrt.jpg

Министерството утре ќе распише оглас. Може да се пријават лекари од сите специјалности. Посебна комисија ќе изврши селекција на кадрите и ќе предложи во која клиника или болница е потребен таков кадар. Неколку наши лекари кои работат во странство веќе пројавиле интрес да се вратат во Македонија. За ова лично разговарале со Тодоров.
Оваа е продолжување на мерката за враќање на специјалистите од приватното во јавното здравство. Досега 80 лекари се вратиле да работат во јавните здравствени установи.
Александар Динев
http://www.sitel.com.mk/mk/todorov-...listi-vo-stranstvo-da-se-vratat-da-rabotat-vo
 
некој кој не мисли да седи во МК - а е доктор- специјалист интрнист нек се пријави во германскава болница за вработување St. Franziskus-Hospital Winterberg
http://www.gesundheitszentrum-winterberg.de/
платата во првата година месечно ќе му е : 3.735,00 евра
Втората година- 3.947,00 евра
Третата година- 4.098,00 евра
е па навали народе ;)

Зошто сега ова го постираш? Па гледаш дека Тодоров сега ги враќа и ќе им понуди разговор за платите? Зошто го деградираш македонскиот народ..

Седи сега ја видоа грешката што ја прават, видоа дека споменикот не носи леб дома на маса па ќе импровизира со поптишување на оглас за да се врати некој... Жими таквото некој ќе дојде во Македонија да се спушти од плата 3500 ++ евра на понудена плата од овие патриотиве 400-500 евра МАКС !

Еее Македонијо не за џабе трубиме ние овде на форумов дека нечини ова што се случува. Ама ако на долг рок се гледа дека многу од овде сме во право. Касно е веќе да се враќаат лекарите тука. Во Гер си живеат комотен живот зошто би се враќале тука допрва.

Времето ќе покаже, најлошото ќе се случи по 10 години кога стварно во сите сектори ќе се најде голем дефицит. Али ако битно избери дела !
 
Предност имале оние со +5 години субспецијалисти тие под 6000 евра не се ни во сон, Тодоров неможе ни да ги исплати, а условите се плус.

Овој се прашувам дали е вицкаст дали е ненормален, тука се бунам.
 
Кога ќе се пензионираат и официјално (читај починат) овие лекариве што се дел од старата гарда и ти кажуваат дијагноза само што ќе влезеш низ врата, работата ќе стане очај допрва. Ова не е ништо. Моментално на клиники на еден лекар образован како што треба со знаење работат 10 деца на лекари/паразити/сосила завршени па сега видете.
 
Aj da gi vraka zidarite,plockarite,bravarite itn ajde de, ama doktorite? Hihi, ovoj se mrdnal,neso ne mu e so site gore. Koj doktor e budala da se vraka od tamu kade sto davaat 10x pogolema plata i baska sekade gi cekaat so otvoreni race? Koj doktor e tolku glup da se vrati kaj nas za da zema plata ko nekoj nepismen đandar so osnovno ili ko partisko nabutan npr sofer u JP drizla? Hihihi....
:tapp:
 
дали си ти истиот човек(valvoline?) од почетокот на темава? :cautious:

извинете за офтопик
 
дали си ти истиот човек(valvoline?) од почетокот на темава? :cautious:

извинете за офтопик
Зар е можно откровение да има доживеано?! :eek:
мислам дека се работи за сарказам, да погодам, сеа ќе каже дека фала богу дека ќе се вратат, кој е будала во Германија да ги плаќал по 3,4000 евра, гледате дека лажат, ќе се вратат како попчиња kind of stuff...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom