- Член од
- 20 септември 2011
- Мислења
- 8.146
- Поени од реакции
- 8.544
А што те натера да се откажеш од климите?
Не сум се откажал од климите, тоа е и понатаму мој основен начин на затоплувањеInteresno prashanje za smrtta na zonite i................i jas bi sakal da slushnam zoshto bi se otkazal od klima ( ako ne se lazam doma ima tri no obicni neli)
Според мене во моментов најекономична комбинација е комбинација помеѓу затоплување со дрво и затоплување со клима. Но треба да се направи калкулација Деновиве сум зафатен ( подготвувам иницијатива за (не)Уставниот суд за ценава на струјата), но за неколку дена ќе завршам и ќе изготвам преглед на цените на горивата и ќе го постирам
Струјата многу ја качија и ја укинаа дневната тарифа. Уште заплашуваат дека уште ќе ја поскапат иако кај нас е најскапа, затоа треба да мислиме на се.
Огревното дрво е најефтино. Еден кубик бука содржи 2300 до 2500 KWh, а чини 3000 денари Проблем е што во обичните печки имаме многу мал степен на искористување. Производителите на печки се фалаат со 70 - 80%, но тоа не е за верување, Јас печките ги рачунам со 30% степен на искористување
Пелетите се скапи. Еден тон пелети има енергија приближно колку два кубика бука.
Но печките на пелети имаат поголем степен на искористување. И таму се фалат со преку 85%, но и тоа не е за верување. Веројатно нивниот степен на искористување е 50 до максимум 60%
Така да цена на пелети од 9 - 10 - 11 денари за килограм би била конкурентна со буката, а пелетите летоска прашав беа 14 денари кило. сега незнам колкава им е цената
Кога ќе направам преглед на цените ќе можеме да дискутираме и да одлучуваме
Во суштина ние секоја година треба да одлучуваме што ни е најекономично и тоа ќе трае се додека сме живи.