Ракија

  • Креатор на темата Креатор на темата daydream
  • Време на започнување Време на започнување
Па примарна работа на тиквеш е виното,ама кога се гмече грозјето имате самоток (од кое се добива квалитетно вино) и после останатото иде на 1-2-3 преса. 1 преса некогаш може да ја мешаат со самотокот,а 2-3 преса оде за ракија за да ништо не се мава како ѓубре.

А домашна ракија си е домашна :icon_lol: Имам една извадено околу 45 степени како вотка е дури мерак (y)
 
400 денари ракија. До толку ли ослабе денарот :icon_lol:
Толку се редум купечкине ракии и тоа по магацинска цена гледам, инаку да таа од Кам 300 ден. беше во право е Величенствената.
А бе земав јас од еден комшија ракија, ама ми ја исчуручи во последно време.
Инаку ако немам гости кило ракија го пијам два месеци така што не ми менуваат многу 100 ден. само да е уба ракијата.
 
здр. на сите ,да ве прашам дали знае некој како е кај нас со закониве за алкохолни пијалаци,однодно ДАЛИ ке ми прави проблем полицијата ако ме застани на пат, оти треба да однесам околу 150-200литри ракија.:confused:
позз.
 
Дедоми праеше бела 55-58 степени,еднаш ми се убија другарите од три чаши.Толку питка ракија не сум пробал од кога почина чоеков :(.Кумашинов ми е Кавадарчанец.Ја незнам што ракија е тоа ама секогаш се убивам,ми носи стално по шише две.Имам проблем со обоен алкохол незнам зошто,многу сум за нигде,али жолтава е уствари кафеаво-црвена,зејтин,абе убиство.Почнувам да лепам пари на монитор,работава :))Кој се здрвил многу од ракија гарант е дека била кочан ладна,посно мезенце(салатка) и некој напорен у друштво што прави живели на 5 минути.А такви ја у друштво имам бајаги...Еднаш на одмор во Црна Гора,таман што допатувавме сабајле во 11 саат,домаќинов(србин) извади бела шливовица,30 степена.На гладно срце,после 12 саата пат,3-ца со многу мало мезе,маање шишето за пола саат,и отидовме да се бањаме,човеков не извади веќе ни ракија ни мезе...Со ракија нема праење маж,ќе се осакатиш ептен :))
 
Пред ручек една книга ќе пролистам, за време на ручек, така една поголема ќе прочитам, и после ќе си читуткам чат пат :D
Ракија=здравје (умерено)
 
Ракија...само уба, домаЌа, од фиљан чоек, да не боли гла, ами топ да е утредента. А не онаа, индустрискана, гла да те скинит. И се пија со уште тројца: со Кроце, со Усул и со Исаф.
 
Ракија...само уба, домаЌа, од фиљан чоек, да не боли гла, ами топ да е утредента. А не онаа, индустрискана, гла да те скинит. И се пија со уште тројца: со Кроце, со Усул и со Исаф.
Усул и Исаф не пијат алко'ол :нинџ:
 
Сега ќе поделиме по околу 50 тина литри да доврие комињето и закажуваме термин кај казаните.
 
Имам едно балонче од 10-тина литри со ракија која е околу 30 години стара. Бела - велешка, на вкус не знам каква е, затоа што не сум го отворил се' уште.
Ме интересира: Како да ја пожолтам? Немам мерак за беливе, не ме привлекуваат како жолтата... Каков и да е вкусот, жолто си е жолто :)

Па, има ли некој искуство околу „боење“ на ракијата?
 
Прекрасен пијалок, особено во комбинација со шопско салатиче :)
 
Имам едно балонче од 10-тина литри со ракија која е околу 30 години стара. Бела - велешка, на вкус не знам каква е, затоа што не сум го отворил се' уште.
Ме интересира: Како да ја пожолтам? Немам мерак за беливе, не ме привлекуваат како жолтата... Каков и да е вкусот, жолто си е жолто :)

Па, има ли некој искуство околу „боење“ на ракијата?
Ако сакаш добар стар вкус моја препорака е да ставиш лушпи од ореви. Не тоа зеленото туку цврстата обвивка. Остави ја 1 месец со лушпите во ракијата и ќе те изненади вкусот. :)
 
гранче од боболка околу 20 цм долго се става во литар бела. Кога ќе добија потребна боја извади го гранчето.
во Скопје мислам дека дрвото се вика црница.
 
Имам едно балонче од 10-тина литри со ракија која е околу 30 години стара. Бела - велешка, на вкус не знам каква е, затоа што не сум го отворил се' уште.
Ме интересира: Како да ја пожолтам? Немам мерак за беливе, не ме привлекуваат како жолтата... Каков и да е вкусот, жолто си е жолто :)

Па, има ли некој искуство околу „боење“ на ракијата?

Немој бе чоек со 30 годишна ракија експерименти да си прајш, Госпо грев че ти пиши. :)
 
Ако сакаш добар стар вкус моја препорака е да ставиш лушпи од ореви. Не тоа зеленото туку цврстата обвивка. Остави ја 1 месец со лушпите во ракијата и ќе те изненади вкусот. :)

Не се лупај од земја експерту молим те,боље кажи му јод да стаи отколку да се заебава со лушпи.
Имам едно балонче од 10-тина литри со ракија која е околу 30 години стара. Бела - велешка, на вкус не знам каква е, затоа што не сум го отворил се' уште.
Ме интересира: Како да ја пожолтам? Немам мерак за беливе, не ме привлекуваат како жолтата... Каков и да е вкусот, жолто си е жолто :)

Па, има ли некој искуство околу „боење“ на ракијата?
Ти бе луд си или каков си ? 30 годишна ракија ќе ја фарбал :mad: постара е од тебе море сурко, башка и анасонка е таа чим е велешка легната сега леле мајко.
Али ако си запнал за фарбање и нема спас си се решил ќе ја средиме, ќе ти дадам чипс ( не од компири ) дрвен специален само за таа намена со него и со него ќе ја офарбаш,или ако сакаш да трампиме да ти дадам јас тебе 8 литра жута ти ќе ги даеш тие 10 и готоо. :)
Немој да те лажел господ да си стаал багрем или лушпи од орев па и црница, одлежан алкохол е тоа више како про-анализа ќе дојде а не обичен дестилат и само танините ќе ги извлече од дрвото и од лушпите па ќе пиеш бхучкуруш стар 30 години :pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom