Барам аудио или видео на песна

Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.756
Поени од реакции
39.233
Локација
Скопје
Не сум сигурен дали има ваква тема некаде скриена во подфорумот „Музика“. Јас не успеав да најдам. Значи темава би не поттикнала да побараме (по стари грамофонски плочи или аудио и видео касети кои ни лежат заборавени по дома) било какво аудио или видео на песни од кои не постои ни трага ни глас по глобалната мрежа. Значи, ова не е исто со темата „Кој е насловот на песната (Барам песна)“. Не постирајте тука текстови од песни и не барајте наслови. Исто така, пред да постирате наслов од песна која не можете да ја најдете, осигурајте се дека навистина ја нема (youtube не е единственото место каде може да се најде музика). И обидете се во коментарите да бидете што е можно поконструктивни за да помогнете да ја оствариме крајната цел: конечно наоѓање и upload-ирање на аудио или видео на бараните песни.

Овде ги замолувам и модераторите, при секое побарување на песна која ја нема на интернет или пронаоѓање на некоја побарана, да направат update на почетниов пост, со додавање (или бришење) на насловот на бараната песна од листата.
____________________________________
ПЕСНИ ОД КОИ НА ИНТЕРНЕТ НЕМА АУДИО/ВИДЕО ФАЈЛОВИ
1. Билјана - Лео Мартин (1969) [автор: Александар Џамбазов, отпеана на Скопје фест 1969, освојува второ место од публиката. Покрај Лео Мартин, песната ја пеел и Џани Маршан, исто така на Скопје Фест 1969, но со друг аранжман. Подоцна Џани Маршан ја препеал песната и на српски, и од истата има Youtube видео - http://www.youtube.com/watch?v=hcbNeJQv9Bs . Но од верзијата на Лео Мартин нема ни трага ни глас.]
 
Лео Мартин има син женет во Скопје, со една семејна наша пријателка. Да му побарам видео :icon_lol:
 
јас веќе ја барам по луѓе, еден рече дека БИ требало да ја има на плоча, али дури утре ќеми даде инфо
 
Лео Мартин има син женет во Скопје, со една семејна наша пријателка. Да му побарам видео :icon_lol:

Побарај се што можеш да добиеш,снимки - видео.Посебно може од песните испеани на македонски јазик од скопските фестивали. ако
јас веќе ја барам по луѓе, еден рече дека БИ требало да ја има на плоча, али дури утре ќеми даде инфо
Да ја има на плоча и јас би ја имал.Сигурно мисли на Барбара.(мислам ги имам сите од Лео Мартин,а некој и снимени во странство )
Имаше плоча од скопскиот фестивал 1971 година ЛП, но на таа нема негова интерпе....ција. (прогласен за најдобар тогаш во бивша ЈУ )
 
Побарај се што можеш да добиеш,снимки - видео.Посебно може од песните испеани на македонски јазик од скопските фестивали. ако
Да ја има на плоча и јас би ја имал.Сигурно мисли на Барбара.(мислам ги имам сите од Лео Мартин,а некој и снимени во странство )
Имаше плоча од скопскиот фестивал 1971 година ЛП, но на таа нема негова интерпе....ција. (прогласен за најдобар тогаш во бивша ЈУ )
човеков што го прашав е легенда со колекција на музика. гуру!!! ако кажам уште нешто ќе им текне на овие кој е :D
ако нема он, тогаш ќе искористам еден џокер за во македонска радио телевизија. е ако и тоа не ми успее, ..... јас ќе се откажам од потрага.
 
Б. Костиќ бе? :icon_lol:
 
Б. Костиќ бе? :icon_lol:

Со точка...а може и К.Костов,нели имаше и некоја емисија скоро таква.
сигурно ја има во снимките на радио,често сум ја слушал во ноќната програма или во емисии за македонски евергрини и песни од старите С.Ф.
 
02. Овде - Лидија Кочовска. Песната беше дел од CD компилацијата „Македонијо, те сакаме“ музички проект на Агенцијата за млади и спорт (го нема ни како споменат меѓу музичките проекти на нивната web страна) во 2001 година, како поддршка на македонските бранители во воениот конфликт. Од истата компилација излегоа дела како „Своја на своето“ на Андријана Јаневска, „Ѕвонете чекори херојски“ на Кристина Арнаудова и „Дома си е дома“ на Владо Јаневски. Од „Овде“ на Лидија Кочовска (не знам кој е автор на музиката и текстот) нема ни трага ни глас по интенетот. Па, еве предизвик, пребарајте по полиците меѓу ваште CD-а, и доколку го имате споменатото, постирајте ја песната на youtube.
 
Сигурен сум дека го имав тоа ЦД, 100%

Сега пребарав, не можам да го најдам
 
Луѓе,некој да даде линк за даунлоад од песната Нема да тагувам од куку леле
 
Здраво,барам постара македонска песна од м2,што неможам никаде да ја најдам во добра снимка(на youtube е во лош квалитет).Бојана Божиновска - Круг од оган,од 2003 цд-то м2 = потрага по созвездие.Ако некој ја има,пратете на мејл :hyga_three@hotmail.com . Ви благодарам
 
Ми треба аудио или видео од Ноќ од илјада дена од Паркети. Ја пееја на некој Макфест, ако не се лажам, ја имаше на youtube, ама исчезна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom