Todd Solondz има гадно чувство дека Волт ќе го убие Џеси или обратно.
*во случај ако не прочитавте
You don't have to be a bitch about it tho.
Исчитав 50 страни од темава, се договоривме џими да ве држи на око, а јас се спремав да изгледам 6-7 епизоди маратонски, во духот на серијата, како и што почнав.
И морам да кажам, сум крајно разочаран од дискусијата, само слики се изналајкав. Некои глупости напишани дури беа за казнување.. кај што не сте чекале развиток на одреденеа ситуација, кај што не сте укапирале некоја симболика, посебно сте оцениле како исфорсираност Волт кога се јавува на Скајлер(берг :poѕ

и збори за убиствата за да ја стави in clear, па сте хејтале одозгора. Настрана што очекував многу теории и настрана што единствен муабет за Тод беше гиф сликата како пука. Многу комплексен негативец и ми ствара гадење што симпатирам за него, on some almost-non-existing-emotional level. Don't ask.
Јас ги изгледав првите 8 за загревање и целата сезона е прилично турбо. Секој што спомне имало бавни сцени ја гледа серијава од оваа недела, mainly ради мода. Многу е брза и динамична во споредба со тоа каква што знаеше да биде, па (лично) не ми остава премногу време да впијам емоции/импресии од одредена ситуација пред да премине на друга. Секако, логично е со тоа да се губи и на тензија, но кај ББ не е тоа случајот. Благодарение на дечките одговорни за музиката. Многу ми се допадна сцената со смртта на Хенк, ама пак и цела епизода беше секс. Конечно 15ти Септември нема да го памтиме повеќе по Бранко. За друго нема да коментирам, Волтер е и никогаш нема да биде сменет лик со најневеројатна филмска трансформација, beautifully written и беспрекорно одглумент. За расплетувањето и финиширањето ќе оставиме за после финалето. Финалето на можеби број еден now-and-at-all-times број еден култна серија, за кое има leak-нато слики и спојлери и, можеби каснам, ама има многу идиоти, пример е ГОТ темата, но и јас сум крив со каснењето, ама better late than pregnant.. овај sorry, па со голем ризик на испад од пациент, темава иде под клуч се до завршување на емитирањето на финалето. Ќе се поштедиме од спојлери, банови, пцуења и најверојатно по некој изолиран случај на гонење и ловење и психо-физичко малтретирање на злосторникот кој ќе се осуди да пише спојлер.
Се читаме во 5 am на судниот ден, дечки.