Барам една книга...

  • Креатор на темата Креатор на темата Mussolini
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво. Дали некој знае од која издавачка куќа е книгата „Самоизградба на актерот“ од Станиславски или „Систем“ (втората е на српско-хрватски)? Или барем каде може да се најдат низ Скопје? Во библиотеките или ги нема или не смее да се изнајмуваат. Ви благодарам.

„Самоизградба на актерот“ е издание на Аз-Буки, 2003 (Академски печат). Превод од руски Тања Урошевиќ, предговор Јелена Лужина.

„Систем“, Beograd: Državni izdavački zavod Jugoslavije, 1945, превод од руски Milan Đoković.
 
Не знам каде да го поставам прашањево, па веројатно тука е најлогично да се напише. Знам дека едицијава Хари Потер е во издаваштво на Култура. Ме интересира колку пари е ако знаете цела едиција и поединечно ако знае некој колку чини Хари Потер и затвореникот од Азкабан, бидејќи во библиотека не можам да ја најдам, па ќе мора да си ја купам.
 
bev so istata namera,ama se javiv vo kultura za cel komplet(1-5) I mi rekoja deka postarite ne bile vo tiraz poveke
ako nesto najdes pisi
 
Не знам каде да го поставам прашањево, па веројатно тука е најлогично да се напише. Знам дека едицијава Хари Потер е во издаваштво на Култура. Ме интересира колку пари е ако знаете цела едиција и поединечно ако знае некој колку чини Хари Потер и затвореникот од Азкабан, бидејќи во библиотека не можам да ја најдам, па ќе мора да си ја купам.

Другар,пред околу месец дена бев во Култура и ги имаше само 6 и 7-от дел по цена од 990,во Табернакул по 1000,провери во Мамут таму се по 590,мене ми рекоа дека ги носат сите и дека во моментот ги немаат,од таму си ги купив 6 и 7 дел и бев во Просветно и Книжарница 3 ,ни таму ги намеше,бев принуден да ги купам на старо.Ако најдеш некаде каде се продаваат јас би сакал да ја купам Хари потер и редот на фениксот или пламнениот пехар.
 
Каде се наоѓа Мамут? Прв пат слушам за вакво нешто.
Ме чуди како може да има таква разлика во цената.
 
Не е книжарница туку продаваат и книги.И извини според сликата и името мислев дека позади профилот стои некое машко:tapp:
 
Нема гајле не е прв пат да ме утнат. Во секој случај ќе ми послужи информацијата. (y)
 
Кој ќе ми пише каде можам да ја најдам "Тајната доктрина" од Хелена Блаватска на македонски или српско-хрватски,има пиење од мене на собиранка по негов избор.Истото важи и за "Откриенaта Изида".
 
Само едно прашање:
Дали има тема или слично. ПРОДАВАМ КНИГА таа и таа цена таа.
Или има овде на кајгана мали огласи или слично.
 
Кој ќе ми пише каде можам да ја најдам "Тајната доктрина" од Хелена Блаватска на македонски или српско-хрватски,има пиење од мене на собиранка по негов избор.Истото важи и за "Откриенaта Изида".

може во електронска форма (pdf)?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom