Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Значи сабајле едно отварање на очите одма почна да ми се врти и цел ден ми е така од шо може да биде мислам глупо е отвараш очи и наеднаш ти се врти свест.:гомце:
 
Значи сабајле едно отварање на очите одма почна да ми се врти и цел ден ми е така од шо може да биде мислам глупо е отвараш очи и наеднаш ти се врти свест.:гомце:
Да не патиш од низок притисок? Ако да, стегни едно јако кафе.
 
Пред 3-4 дена ми се појави чир под јазикот и никако да се подобри. Пробав некои домашни начини на лекување меѓутоа без резултат. ???
 
Пред 3-4 дена ми се појави чир под јазикот и никако да се подобри. Пробав некои домашни начини на лекување меѓутоа без резултат. ???
Жалфија. Вари ја, жубуркај и плукај.
 
Пред 3-4 дена ми се појави чир под јазикот и никако да се подобри. Пробав некои домашни начини на лекување меѓутоа без резултат. ???

Покрај препораката на бубамарата:love:

Можеш да употребиш сода бикарбона и да извршиш гаргара т.е жабуркање и да плукнеш се, но првен измиј ги убаво забите да бите чисто-бактериите, габичките неможат да преживеат тогаш, а потоа удри со сода бикарбона.

Ова мене ми помага кога се случуваат такви работи ама тоа е ретко веќе.
--- надополнето: 26 септември 2013 во 16:40 ---
Ќе земам кафетин колд, ова лимониве ги замразив начисто.


Кафетин колд НЕ ПОВЕЌЕ од НЕДЕЛА има 1000мг парацетамол така да црниот дроб не би се сложил ако е повеќе од недела, паралелно ако го замрази лимонот побарај Витамин Ц 1000 мг било од Сенси лаб или пак Свансон но обрни внимание да е со продолжено ослободување така да во организмот имаш константно Витамин Ц, разликата помеѓу препорачаните и обичните е светлосни години бидејќи со 3-4 цигари тутунот ќе го анихилира обичниот Ц, но не и овој со продолжено ослободување.

Исто така ти треба и имуностимулатор на пример Echinacea за да се појача имуниот систем и земи си еден инхалер на докторс(немој кинеските) за полесно да се диши.

И нормално батали покрај алкохол и газирани пијалаци како почеток може минерална вода негазирана.

Ринолитици не ти требаат доколку немаш посериозна кашлица и избегавај ги, влијаат на работата на кардиосистемот.
 
Покрај препораката на бубамарата:love:

Можеш да употребиш сода бикарбона и да извршиш гаргара т.е жабуркање и да плукнеш се, но првен измиј ги убаво забите да бите чисто-бактериите, габичките неможат да преживеат тогаш, а потоа удри со сода бикарбона.

Ова мене ми помага кога се случуваат такви работи ама тоа е ретко веќе.
Не знам баш за содабикарбоната. Знам дека на живи рани не треба да се става...
 
Ама тоа е, лузничка внатрешна што ја викамие.

Резистентна е прилично ама за 3-4 дена во најдобар случај се решава.

Апел до сите кои имаат или имале Ларингит,бронхит, проблеми со настинки и грип да се сконцентрираат на јачање на имунололошкиот систем бидејќи доаѓа време кога во екосферата на сцена настапуваат и владеат пред се вирусни инфекции но често и бактериски.

Така да фитнес, доцволно течности, чај валеријана микс бидејќи има и кантарион(и жолт пклус) и уште два три чаеви (црн и зелен јок поради кофеинот) намалете и газирани пијалоци со ортофосфорна киселина и нормално помина времето за кока кола, зимо е и се пијат коктели овожни или други овошни сокови, домашниот од кајсијата е незаменлив.Секако и лук е добредојден и плус брка вампири;)
Карфиол,цвекло за крвта и брокула за мозокот краставички кисели(пазете домаќинки како ја разредувата есенцијата бидејќи во МНОГУ случаи го нагризува дигестивниот тракт и затоа обрнете внимание на масен однос).

И најважно како претходниот член кој чекал две недели, би сакал да ви укажам дека ден-два можат да бидат пресудни (ако не) помеѓу живот и смрт тогаш преку трајно оштетување на витални органи, затоа секоја промена која е абнормална( нели 38.5 температура не е нормално) почнувајќи од температура па до отечени крајници или црвенкасто-жолтеникава мокраќа да не се чека по две недели.

Правило е барем кога станува збор за здравје подобро да се спречи, отколку да се лечи.

Покрај ова придржувајте се и на препораките на Докторите и на Мин. за Здравство.

За оние кои се греат на дрва не заборавајте дека самото горење го одзема кислородот од просторијата и поради тоа на секкој час и половина проветрувајте бидејќи читавте за СО и СО2 во темата а кога нема кислород јаснои е чија концентрација расте.

Симптомите на труење со СО се често конфузија, необјасниво црвенило на усните и образите, мускулно-скелетна слабост (така да пушачите кои и така примаат јаглерод моноксид подобро е на ладно да си пушат)..
--- надополнето: 26 септември 2013 во 20:20 ---
Провав веќе со бикарбона, ќе пробам сеа ова со жалфија. Фала


Кажи резултати, има болка??
 
Не смеам да пијам аналгетици. Пробано со парацетамол не делува, лимони, масажи, кафе со лимон и се останато исто е испробано. Плус совет за главоболка?
 
Не смеам да пијам аналгетици. Пробано со парацетамол не делува, лимони, масажи, кафе со лимон и се останато исто е испробано. Плус совет за главоболка?
Масирај се помеѓу палецот и показалецот. Треба да осетиш, во слабината помеѓу овие два прста, нешто како топче. Масирај го баш тоа топче. Пробај и на двете раце, ќе го најдеш ако имаш главоболка. Мене ми помага ова кога ме боли глава...
И аналгинче исто така ми помага мене.
 
Не смеам да пијам аналгетици. Пробано со парацетамол не делува, лимони, масажи, кафе со лимон и се останато исто е испробано. Плус совет за главоболка?

NSAID смееш сигурно?

Ако е така, Налгесин и немај мака.
 
Провав веќе со бикарбона, ќе пробам сеа ова со жалфија. Фала

Ако имаш масло од кантарион мачкај го местото, а може да најдеш и капки од прополис. И тие помагаат.
 
Некој да не има информација каде може да набавам ИНУЛИН прашок?? Итно е
 
Денес додека седев на комп си ја свртев главата на десно (не наеднаш туку нормално) и одеднаш осетив болка од вратот на десната страна по должината на горниот дел на трапезот и сега кога ја вртам главата на десно осеќам болка и неможам само на лево кога ја вртам не ме боли... Што може да е ова?? Што да правам?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom