Мултимедијален концерт на Игор Џамбазов во спортски центар Борис Трајковски - 01.11.2013

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Возраст
39
По повод педесеттиот роденден, јубилејни 40 години телевизиска кариера, 30 години од првата професионална театарска улога, како и 20 години од неговиот прв албум и соработка со неговиот музички гуру Игор Атанасовски – Харе, Игор Џамбазов подготвува големо мултимедијално шоу.

Концертот во организација на Горила продукција ќе се одржи на 1 ноември (петок) во големата сала на спортскиот комплекс Борис Трајковски, а организаторите очекуваат 10.000 Џамбољубители од цела Македонија.

На концертот ќе се случува всушност рекапитулација на бурниот боемски живот на Игор и потсетувања на неговите најголеми хитови. На сцената Игор ќе биде придружуван од Гуру Харе и музичарите што свиреа со Тоше Проески засилени со уште неколку познати музичари.
Гости на концертот се Калиопи, Тамара, Елена Ристевска, Влатко Илиевски, Пере и Франц од Нокаут, хорот на Златно славејче под диригентско водство на Александар Џамбазов и колегите глумци Сашко Коцев и Тони Михајловски.

Се очекува на концертот и вклучување во живо на Раде Шербеџија, а повеќе наши уметници и институции најавија специјални изненадувања за повеќекратниот јубилеј на Џамбазов.
Горила продукција најавува спектакл, и додава „тоа е збор што Игор не го сака многу зашто како што вели многу најавуваните спектакли кај нас завршуваат како обични селски приредби“.
Концертот во режија на Бојан Трифуновски ќе трае околу три часа.
 
Дали го страФ да не пукне брука, па ги собрал другарчињата? Ко тогаш, еднаш, кога ќе докажуеше дека ќе Македонците слушаат блуз X 5.

Заслужува да се обележи неговото оригинално постоење (какво-такво), ама појќе ќе ми беше по вкус ако беше по интимно малу. Па макар било тогаш x5.
 
Убаво. Човекот си го обележува своето постоење и успешна кариера :)
 
Незнам што мајка бара Еленка и Тамара :confused: Никогаш не ми биле нешто посебни за да ги слушам во живо но поради Тони,Сашко,Игор дефинитивно ќе одам :cool: Се надевам ќе биде одлично :)
 
Пријателе, не си толку популарен како порано пријателе, ваљда нема ни 2000 карти да продадеш пријателе, пријателе. Пријателе.
 
Пријателе, не си толку популарен како порано пријателе, ваљда нема ни 2000 карти да продадеш пријателе, пријателе. Пријателе.


Па затоа е и јубилејот. Во превод, подобро да ви речам збогум со насмевка, него да ми речете оди си налутено.
 
Ќе кажи џипот како го изгуби на комар :icon_lol:?

Или за Трајан од Кушкундалево. Или за таксистот од Зрзе.
Инаку со Тамарче на времето се криеја по малите градови и селца за да може да си уживаат во дроги и алкохоли па веројатно сака да се потсетат заедно на времињата. Еленче шчо знам.
 
Или за Трајан од Кушкундалево. Или за таксистот од Зрзе.
Инаку со Тамарче на времето се криеја по малите градови и селца за да може да си уживаат во дроги и алкохоли па веројатно сака да се потсетат заедно на времињата. Еленче шчо знам.
Не со Тамарче, со сестра и, која се омажи северно и сега е београѓанка.
 
Пред да кажам нешто, не ми рипајте одма, може не некој голем но сепак сум фан на Игор Џамбазов.


Несомнено е дека беше најдобриот шоумен во Република Македонија, одличен актер и (под)просечен вокал но барем по мое мислење со добар вкус за музика. Колку што може да се процени од она што се гледа од медиумите, човекот нема лоша, зла душа, не е некој што го краси омраза или слично. Го имам лајф це-де то од 98-ма мислам кога направи 5 концерти по ред во Универзална сала. За некои работи од неговиот живот е најотворен но за некои не. Треба да читаш меѓу редови и да ја знаеш позадината за да сфатиш какво е тоа топло пиво зелено од Стојаково и што е тоа толку посебно што се наоѓа во струмичко Добрејци освен пирамидата. Лично ми е драг лик од естрадата и му ги честитам јубилеите и му посакувам успех и среќа во животот.

Сепак, ако е паметен ова треба да му биде опростувачки концерт. Човек треба да знае кога треба да се повлече од нешто. Постои точка после која секое инсистирање и на сила бутање некои работи изгледа единствено патетично и смешно, ама не она доброто смешно на коешто Игор мисли, енглезите добро го тоа скоцкале во фразата-Laughing at him, not with him. Не може значи со години да ги верглаш истите муабети како со Џаро сте местеле утакмици, како си немал пари за казино и си станал бабоеб за да дојдеш до нив. Знам дека парите заработени во шоубизнисот се најслатки ама па не е поентата да се постане Рибља Чорба. Најстрашното е што на Џамбазов очигледно ова не му е јасно или пак јасно му е ама нема друг избор и начин за малку да дојде до ликвидност во семејниот буџет. И во двата случаеви исходот на крај е превидлив (Бора Чорба).

Проблемот со Игор Џамбазов е воедно и стереотипен Македонски проблем. Не мислам дека во било која професија возраста треба да е фактор кој влијае на престанокот на кариерата но во Македонија тоа е така, ама не е крива возраста сама по себе. На запад вработени и од 60 и кусур години баратаат со смартфони, таблети, интернети, технологии како да се тинејџери. Во областа на шоуменството поконкретно, Џеј Лено успешно го водеше Tonight show до свои доцни 50-ти, а Џорџ Карлин Бог да го прости :D имаше урнебесно смешни стенд-ап настапи скоро до својата смрт. Проблемот е што нашите сограѓани не сакаат да се надоградуваат, застануваат некаде во 30-те години од животот и остануваат со тие свои мислења, сфаќања и финти до гроб. Разлистај интернет, купи некоја книга која е моментален хит па макар и била кичерајска, изгледај барем 5-6 епизоди од некоја тековна филмска серија за која многу се збори без разлика дали ќе ти се допадне, подружи се чат-пат со студенти па и со средношколци, отвори форум Кајгана и погледни што се пишува за тебе, види што се случува во светот, не останувај заостанат како два осум шеска компјутер. Така ќе можеш да бидеш во тек со настаните и ако си доволно креативен и си волен за промена и адаптација ќе успееш и понатаму да бидеш успешен во својата професија па макар таа професила била максимално краткотрајно тренд осетлива како што се на пример модната индустрија, комедијата и шоу бизнисот. И после кога ќе ти се укине радио емисијата (среќа кога Хихирику е во прашање уште има живи баби и дедовци кои се 70+ години) ќе се кука и ќе се плаче-Ама јас сум на естрадата 50 години, јас сум полнел сали, јас сум ја претставувал државата, доајен сум во Македонскиот хумор, кои се они од вчера испилени да ми кажуваат, да ми затвораат емисии. Ете тоа се бе, стар си, досаден си, не си се потрудил во животот да се иновираш и да ја задржиш публиката а луѓето го гледаат тоа и на крај исходот е што никој повеќе не го боли ташак за тебе и твоите патетики. Се надевам дека Џамбазов нема да ја доживее таа класична македонска судбина и ќе одбере меѓу двата најпаметни избори: да се апгрејдира или да се пензионира.
 

„Јас не знам како треба,но знам како не треба“....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom