За тоа зборуваме цело време, квалитет на живот. Оние кои што се во МК сметаат само пари, примања, трошоци. Да, тоа е причина да се одбере странство ама според мене целокупниот животен квалитет драстично се зголемува благодарение на работи кои немаат врска со плати и трошоци. Пример, докторите се љубезни у пм, нема редици за чекање подолго од 10 минути, се е по термин, на улица кога пешачиш застануваат колите и те чекаат тебе (мене чудно ми иде тоа навикнат сум како во МК јас да чекам да не ме изгазат), се што светот нуди е до тебе - различна храна, технологија, културни настани, концерти на светски познати музичари, Бундеслига. Да не зборуваме на кое ниво е хигиената, на улица да најдеш ѓубре е трагедија овде. Транспортот им е до секунда точен, секое село има железничка станица и поврзан си со цела Европа. Сето ова се работи што се добиваат гратис со селење надвор во странство, покрај обезбедената егзистенција. И да изгубиш работа знаеш дека државата нема да те остави на цедило, никогаш нема да си без кров на глава или доволно пари да преживееш (и малку повеќе од тоа).