Браво Вардар

Вистинска утакмица за во лига на шампиони ! Огромна работа е да му се скини бод на Барса пред се кога има екипа со големи ѕвезди како Штербик, Рутенка, Карабатиќ, Лазаров...
На почетокот одлична серија на Вардар се одлепија со 4 разлика 7:3 па 8:4 понесени од атмосферата ептен летнаја во облаци, онај Карачиќ сигурно на бело беше

како играше секоја чест ! Препороден беше, но Барса си е Барса за само 2 минути одма израмни и го сврти резултатот во своја полза, брз ракомет, то е то шо го сака Барса, вардарци ептен забораваја на пикер, многу беа слободни тука и затоа сите напади одеа преку тој црнецот со косите.
Милиќ одлично почна фати неколку зицери плус пенал во 2 полувреме, солиден беше, но немаше лек за Рутенка, кое играчиште е Рутенка

8 гола од кај шутна гол даде...
Лазаров ви попушташе бе

Неќеше да игра против наша екипа, шутна 2 од 10метри и то беше од него, Пасквал паметно си го седна на клупа после

Катабатиќ исто многу на клупа седеше, ама даде 2 многу битни гола за Барса, крилата беа добри кај нив, Штербик во џеб го пикна Растворцев, на крај и зицерот го одбрнани на Дибириов кој можеше да значи и победа за Вардар...
Дибиров според мене е во најдобрите 3 крила во светот !
Многу силен играч, само прво полувреме на два пати проба да го лобова Штербик а топката заврши над голот, лошо шутираше, воглавно беше најдобар кај Вардар заедно со Карачиќ, исто и Брумен беше добар, потфрли само Растворцев...
Душебаев за некоја година ќе биди еден од најјаките во свето, огромен талент и со Партизан го пратев и сега се работи за голем играч

особено за 1 на 1 е добар за финта...
Малумбрес

која ветрушка е на голот

послаб е од Митревски ама брани како будала, ја крена публиката на нозе неколку пати за брзо ќе му биди и идол

Многу паѓа на земја на ударите, ги брани тие ниски топки, ама Рутенка го прочита па му шутираше високи...
То е то, бод е полна капа против Барселона оти имавте шанси и за победа, а можевте и да изгубите.
П.С. Добро навивање, но лоша изведба на кореографијата, но разбирам голема бројка, тоа се случва не се сите во тек
