Протести поради звучниците на џамиите

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Реален сум бе друже.
Толку многу прекршители на законот за бучава и сите ги прескокнавте и само џамиите биле главен проблем за 5 минутно учење на езанот.

Ако сакаш реалност еве ке пробаме со докази

Најди ти барем еден пример на добиена опомена (не мора казна) од овој вид за ИВЗ или поединец од ИВЗ јас ке ти најдам 100 опомени за казнети дискотеки и поединци за кршење на законот за дозволена бучава.
 
го добивме одговорот зошто мора да биде гласно - или ќе бидеш со нас или ќе бидеш заклан како оние гревотички во Сирија

значи освен покажување сила,немаат друга посебна намена

Не реков дека ќе биде заклан бе друже,и ти како кооператива донесуваш заклучоци во мое име. :)
Тоа 'ако останеш во Македонија',може човекот ќе си ја бара среќата на друго место,ако не му се живее со џамии :)
 
кооператива донесува заклучоци исклучиво на основа од сопствено искуство. ве слушам до аеродром, што има тука спорно?
 
Сум правел муабет со тие што живеат во близина на џамиите викаат дека не се слуша баш многу. Звучниците се свртени према центар и аеродром....

Те лажат (односно не ти ја кажуваат вистината) дека не се слуша многу....корне...посебно кога спиеш со отворен прозор,а тоа е лето...мислиш како во соба да тие...а и кога е се затворени прозорите се слуша многу и воопшто не е пријатно :facepalm:
 
Ако сакаш реалност еве ке пробаме со докази

Најди ти барем еден пример на добиена опомена (не мора казна) од овој вид за ИВЗ или поединец од ИВЗ јас ке ти најдам 100 опомени за казнети дискотеки и поединци за кршење на законот за дозволена бучава.

Навистина не знам како законски иде тоа,и колкава е дозволеноста на јачината,кога некоја бучава или неред представува или влегува во законската рамка на Нарушување на јавен ред и мир.

Мене тоа што можеби ме тера на инает е тоа што е толку вознемирувачки во 4-5 минутен повик на молитва,а се занемарени сите останати прекршувања на јавен ред и мир,нигде не видов нешто невладини организации да се борат за слични работи.
 
Реален сум бе друже.
Толку многу прекршители на законот за бучава и сите ги прескокнавте и само џамиите биле главен проблем за 5 минутно учење на езанот.

Да, петминутното ечење на езан на неразбирлив арапски е особено едукативна работа.
 
Да, петминутното ечење на езан на неразбирлив арапски е особено едукативна работа.

Па и англиски не разбираат сите што слушаат музика од дискотеките до сабајле.
 
кооператива донесува заклучоци исклучиво на основа од сопствено искуство. ве слушам до аеродром, што има тука спорно?

Зборев за претходни теми,не за оваа.
Како и да е,нема ништо спорно не реков јас ништо,само слушај си :D
--- надополнето: 23 септември 2013 во 00:06 ---
Па тие ви дискотеките не слушаат за да се едуцираат.

Леле мори мајко што прочитав.

:pos::pos::pos:

Зборам за тие надвор од дискотеките,што не им пука многу срцето за музиката од дискотеките.
Не збориме за тоа кој звук едуцира,туку кој звук на кому му смета.
 
Навистина не знам како законски иде тоа,и колкава е дозволеноста на јачината,кога некоја бучава или неред представува или влегува во законската рамка на Нарушување на јавен ред и мир.

Мене тоа што можеби ме тера на инает е тоа што е толку вознемирувачки во 4-5 минутен повик на молитва,а се занемарени сите останати прекршувања на јавен ред и мир,нигде не видов нешто невладини организации да се борат за слични работи.

Епа пред да коментираш прво информирај се колку е и што е дозволено па после дојди да коментираш тука. Никој не вика дека воопшто не треба да се слуша звук од џамијата...проблемот е во јачината на тој звук, си има одредена граница, а верувам дека тој звук е многу многу над таа граница, затоа што да се случне звук на 5 км навистина треба јако озвучување

За вториот дел од твојот пост...исто како за првиот....инатот ти иде од неинформираност, а не од нешто друго. Јас сум читал и гледал безброј пати за тоа како протестираат луѓе кај што имале проблем со дискотеки, кафичи, трки со мотори, коли... и верувам дека имало резултат тоа

Заклучок за крај пошто немам намера уште да се објаснувам со тебе...ИНФОРМИРАЈ СЕ МАЛКУ, А НЕ САМО ДА ГО СЛУШАШ ОЏАТА ШТО ЌЕ РЕЧЕ !
 
Зборам за тие надвор од дискотеките,што не им пука многу срцето за музиката од дискотеките.
Не збориме за тоа кој звук едуцира,туку кој звук на кому му смета.

Смешно ми падна тоа што го напиша, не мислев да се расправаме.

Мене не ми смета пеењето на оџата, глупава ми е темата. Ќе викне некои 10 минути максимум, но не до тој степен да биде неподносливо, како што на темава повеќето пробуваат да прикажат.

Правите вие многу поголеми пиздарии, тепање и убивање деца, малтретирање недолжен народ итн. Ова воопшто не ми смета.
 
Hattab1 не мешај други теми на оваа, или треба да ја споиме темата со “прашања за исламот“?
и пак пробуваш спин да направиш. добри ти се акробациите, тоа мора да ти се признае. ако вака продолжиш, ќе бидеш добар кандидат за cirque du solei
 
Да, петминутното ечење на езан на неразбирлив арапски е особено едукативна работа.

А тебе ти е до едукација така? Тогаш јас лично под прозор ќе ти учам езан со превод на македонски, за да се едуцираш.:tapp:

Он топик: Иницијативата е погрешно поставена од старт. А за јачината може и те како да се дискутира, јас лично сум за појачало од 1000 вати,:D за да можеме да им парираме на тие од Бигорскиот манастир кои имаат позајмено појачала и звучници од македонската филхармонија и нон стоп пуштаат христијански илахии и хвалоспеви, и никој од жителите на Река не се пожалил дека тоа му смета.

Ах оваа моја чудесна Македонија....
 
do sega nemav slushnato vo jamija cd da se pushta preku zvucnik, a koj gi klanja na lugeto vnatre ako nema vladar vnatre.pozdrav .
Ќе има протести за да се тргнат звучниците од џамиите – оџите мора да пеат сами велат и од ИВЗ

Една невладина организација од Скопје, се подготвува да покрене иницијатива за повлекување на звучниците од џамиите, јавува Република.мк

Мустафа Саит, претседател на невладината „Илоја“ ги потврди своите планови за ова. Роден како муслиман, но тој и другите во организацијата се доживуваат како космополити.

Ниту во Куранот ниту во било која исламска книга не пишува дека оџата во 4 часот наутро треба слатко да си спие, додека стерео системот во минарето, автоматски пушта це-де со снимка од повикот за молитва. Потоа над 200 децибели ечат низ околината и повикот мора да го слушаат и да ги буди во 4 наутро и оние кои не се муслимани.

Иако скоро секоја џамија има вакви звучници, верувале или не, на ова се спортиставува и Исламската верска заедница, без притоа да даде одговор зошто толерира на вакво однесување на оџите.

-Според Исламските прописи и норми муезинот (личноста што го учи езанот) треба да повикува за молитва и тоа да го прави природно значи со својот глас. Според исламските закони доколку има џамија и верници, не се дозволува да се повикуваат верниците во џамии преку емитувани снимки, туку мора лично со глас и природно тоа да се прави.

Целиот текст и одговорот на Исламската верска заедница прочитајте го на – Република.мк
http://mkd-news.com/ke-ima-protesti...iite-odhite-mora-da-peat-sami-velat-i-od-ivz/
http://republika.mk/?p=128342
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom