Протести поради звучниците на џамиите

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Ќе има протести за да се тргнат звучниците од џамиите – оџите мора да пеат сами велат и од ИВЗ


Една невладина организација од Скопје, се подготвува да покрене иницијатива за повлекување на звучниците од џамиите, јавува Република.мк

Мустафа Саит, претседател на невладината „Илоја“ ги потврди своите планови за ова. Роден како муслиман, но тој и другите во организацијата се доживуваат како космополити.

Ниту во Куранот ниту во било која исламска книга не пишува дека оџата во 4 часот наутро треба слатко да си спие, додека стерео системот во минарето, автоматски пушта це-де со снимка од повикот за молитва. Потоа над 200 децибели ечат низ околината и повикот мора да го слушаат и да ги буди во 4 наутро и оние кои не се муслимани.

Иако скоро секоја џамија има вакви звучници, верувале или не, на ова се спортиставува и Исламската верска заедница, без притоа да даде одговор зошто толерира на вакво однесување на оџите.

-Според Исламските прописи и норми муезинот (личноста што го учи езанот) треба да повикува за молитва и тоа да го прави природно значи со својот глас. Според исламските закони доколку има џамија и верници, не се дозволува да се повикуваат верниците во џамии преку емитувани снимки, туку мора лично со глас и природно тоа да се прави.

Целиот текст и одговорот на Исламската верска заедница прочитајте го на – Република.мк
http://mkd-news.com/ke-ima-protesti...iite-odhite-mora-da-peat-sami-velat-i-od-ivz/
http://republika.mk/?p=128342
 
Прашање за поупатените:
Дали по оваа логика црковно пеење пуштено во црквите ‘плејбек‘ (пр. Св.Пантелејмон на Плаошник, Св. Петка во Велгошти, Св. Јован Канео итн.) е контра црковните правила т.е. дали и во христијанството не е дозволено користење помошни инструменти за молитви и пеење?
 
Прашање за поупатените:
Дали по оваа логика црковно пеење пуштено во црквите ‘плејбек‘ (пр. Св.Пантелејмон на Плаошник, Св. Петка во Велгошти, Св. Јован Канео итн.) е контра црковните правила т.е. дали и во христијанството не е дозволено користење помошни инструменти за молитви и пеење?

И да пеат, пеат многу тивко што се слушаат само во дворовите на црквите и тоа никому не смета. И башка пеат само на празници.
 
И да пеат, пеат многу тивко што се слушаат само во дворовите на црквите и тоа никому не смета. И башка пеат само на празници.


Не велам за јачината на звукот, туку дали е дозволено ‘пеење‘ на тој начин во христијанска или воопшто во сите вери? Дали е ова само мрза на свештениците во сите вери па користат електронска опрема или се премногу зафатени со други работи?
 
...не се дозволува да се повикуваат верниците во џамии преку емитувани снимки, туку мора лично со глас и природно тоа да се прави.

ова „правило“ го заобиколуваат со тоа што сепак пеат, не е плејбек, ама се си оди преку звучници. значи изговорот е „лично со мојот природен глас го правам ова“, звучниците се само за помош

инаку пред некоја година кога на џамијата во мојата улица беше поставен разглас собирав потписи меѓу комшиите за да се поднесе иницијатива до општината ова да се забрани, на основа на бучава и на некаков си соживот (демек live and let live), ама се потпишаа само од 5 (со букви: ПЕТ) семејства. другите се правдаа со изговор „се навикнавме веќе“ и „да не се скараме со комшиите муслимани“ (цели ДВЕ фамилии)

сега за инает на тоа, оџата за христијански празници ги пушта звучниците до даске, а од друга страна вика не се жалете многу, ние дури и ви попуштаме со тоа што пееме само 3 пати а не 5 пати на ден

така да, ако самата ИВЗ ова го направи, тогаш претпоставувам дека нема повеќе да слушаме рикање во 4 сабајле, ама ако ова оди по иницијатива на Македонци, не очекувајте позитивен исход
 
Ако тоа „природно“ значи без употреба на микрофони и звучници туку само на глас - супер. Верувам дека и многу од муслиманите ќе бидат задоволни ова, колку и да си верник, сепак мислам дека е претерано гласно и не би трпел некој заради вера да му ечи кога спие.
 
Сега по ново пуштаат лелекање на оџата по 45 минути. Од 4 до кај 4:45. Ми оди базука да купам да ги гаѓам.
Ај ако е од една џамија ама 14 џамии можам да ги избројам и од сите наизменично се слуша лелекањето на оџите. :tapp:
 
Не велам за јачината на звукот, туку дали е дозволено ‘пеење‘ на тој начин во христијанска или воопшто во сите вери? Дали е ова само мрза на свештениците во сите вери па користат електронска опрема или се премногу зафатени со други работи?



.....зафатени се во трупање на пари на лични сметки и следење на перформансите и развојот на автоиндустријата (посебно големи теренски возила и лимузини)

....технологијата и религијата не би требало да бидат во конфликт....во ред е религиските установи да ја употребуваат технологијата и да ги приближат своите пораки до верните....но НЕСМЕАТ да ја злоупотребуваат технологијата и да им сметаат на другите верници и неверници

....на пример...мобилниот телефон е одлично сретсво за пропаганда и потсетување....свештениците од било која религија на своите регистрирани верници можат да им испраќаат смс пораки дека е време за молитва, пост, или било кој друг верски обред....на овој начин верниците ќе бидат благовремено информирани....а нема да им се додева на оние што религијата не ги засега

што се однесува до камбаните, во селските средини покрај религиозна улога тие имаат и световна улога....она што во градските средини беше функцијата на системот за тревожење (систем од сирени за најава на опасност)...тоа во селските средини се камбаните....во случај на пожар, поплава....или пак напад на "планинари" од 2001....

како и да е....треба веќе еднаш да профункционира законот за заштита од бучава....и секој кој создава бучава во несоодветно време (кафиќи, дискотеки, цркви, џамии, градилишта и слично) да плаќа соодветни казни или да изнајде начин да ја намали бучавата и да не им смета на оние што не се заинтересирани

можеби е во ред употребата на камбаните за време на Божик и Велигден или гласен повик на имамот за време на Рамазан и Курбан Бајрам....но секојдневното звучно загадување иритира
 
Добро што нивните се бунат за ова, иначе македонците да кренаа бука имаше да се запалат сите автобуси на јсп до сега...
 
Не велам за јачината на звукот, туку дали е дозволено ‘пеење‘ на тој начин во христијанска или воопшто во сите вери? Дали е ова само мрза на свештениците во сите вери па користат електронска опрема или се премногу зафатени со други работи?

Минарињата баш за тоа се градени повикување на молитва.Она што претежно го нарекува народот “ракети“.
Високи,за да се качи муезинот горе и да вика езан (повик за молитва). Денес се градат куп џамии и уште толку минариња за украс,додека муезинот на микрофон како на концерт,доле вика езан преку разглас.А према религијата,и етиката во мултикултурно опшество,ниту камбанарија треба да има, ниту разглас кај џамиите,освен за празници и петоци.

Сега по ново пуштаат лелекање на оџата по 45 минути. Од 4 до кај 4:45. Ми оди базука да купам да ги гаѓам.
Ај ако е од една џамија ама 14 џамии можам да ги избројам и од сите наизменично се слуша лелекањето на оџите. :tapp:
45 минути нема теорија да вика не си прави филм.Поточно во 4 до 4 и 45 нема ништо, сабах намаз викаат во 6 без нешто и околу минута до две најмногу се слуша.
 
45 минути нема теорија да вика не си прави филм.Поточно во 4 до 4 и 45 нема ништо, ваму сабах намаз викаат во 6 без нешто и околу минута до две најмногу се слуша.

Очигледно спиеш тоа време и не слушаш ништо. Ако баш сакаш ќе ставам камера да снима да чуеш колку време лелекаат. Да од 5 до 5:45 е кукањето.
 
За Езанот(повикот на молитва) Исламски пропис е да се учи(пее) со глас,од мујезинот(тој што го учи езанот) а не од снимени касети и цд-а.
Тоа е забрането.
Јас колку сум запознаен,барем во скопје,ретко во која од градските џамии се пушта езан на касета или цд.

Што се однесува до јачината, јас ве разбирам,не знам како може да ви смета 2-3 минути ама ете да речеме дека ве разбирам.
Лично мене никој не може да ми го плати тоа чувство или замени за друго,кога од Мустафа Пашина џамија што е на кале ќе ги слушнам езаните од околните џамии на сабах,како звучат хармонично иако во различно време,за мене како муслиман е најубавиот звук што можам да го слушнам во тој момент. :)

Е сега,никој не крена протест за звукот од дискотеките што се слушаат од парк до кале горе,или што 3-4 дена беше пиволенд на отворено,никој не зеде во предвид дека и тоа на некому му смета.
Па ете никој не крева галама нити се пожалил.

Иначе иницијативата не ја подржувам од проста причина што е од старт непријателски настроена,а и поради горенаведената причина со дискотеките и слични дешавања кои не се санкционираат.

бтв. си останува старата поговорка: Кучињата лаат,караванот си врви.
:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom