Donald Sikert
Jane Vitington
- Член од
- 28 ноември 2008
- Мислења
- 8.283
- Поени од реакции
- 5.614
Баш во една ваква федерација Македонија може да биде најголем губитник.
Ја знаеме нашата слаба точка - Албанците во северозападна Македонија. Сите федерации се со ограничен рок на траење.
Што после тоа кога ќе дојде време за растурање на федерацијата? Србија може да загуби еден дел, но ќе добие компензација во Босна. Албанците ништо не губат, само ќе го реализираат обединувањето со Косово кое сега не можат да го направат само заради тоа што Западот сеуште не дозволува.
Ситуацијата во Македонија е нејасна. Но, јасно е што ќе се случува при распадот на федерацијата - Македонија ќе изгуби територија, население, шанса за преживување како држава меѓу глутницата Србија-Албанија-Бугарија-Грција. Кругот околу нас се затвора. Во јужниот дел на Балканот единствено уште на територијата на денешната република Македонија може да се повлекуваат нови линии на поделби.
Абе се укажува на ова што го велиш ти.
Ама од друга страна, ниту сегашнава ситуација не ветува дека нема да се случи сценариото кое го наведе
За нас е угоре високо, удоле длабоко.
Сметам дека со малку памет и мудрост, од секоја ваква иницијатива мора и треба да излагаме ќар, бидејќи сегашноста ни е катастрофална.
--- надополнето: 20 септември 2013 во 00:05 ---
Искрено фала што ме удостои со сериозен одговор.
Јас ќе ти поставам само две прашања: Доколку идејата(на западот) за обединување на регионот е искрена и со најдобри намери и потекнува уште од 90тите години, зошто во конфликтите завземаа јасно и гласно страна? Зошто имаше двојни аршини за воените злостроства?
Западот никогаш немал, нема, ниту ќе има искрена и добра намера за регионов.
Проблем е што доколку се реши да го стори тоа, тогаш и ќе го стори.
Ние треба конечно да научиме како да играме, и како да ги користиме ваквите нивни "идеи".