Се планира нова варијанта на ЈУ?

Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Ова е доказ дека политиката на западот во последните 30тина години на Балканот е неуспешна. Прво не раскараа(divide et impera), а сега кога неочекувано(за нив) Русија се појави како играч, ќе не спојуваат.

Редоследот на настаните укажува на фијаско.
Не пријателе, ова е доказ каква стока живее од Вардара па до Триглава. Кога ова ќе се оствари, а ќе се оствари (никој не спомна никаква федерација, правете разлика), ќе треба секое сабајле измеѓу заби миење и првото кафе да си маваме по 10 шамари на гладно срце.
Чисто како потсетник дека тоа што можело да се договори пред 23 години со 6 ебани пенкала и лист хартија се договара сега, со стотици илјади загинати, ранети и раселени. А во меѓувреме сите спомнати во приказнава (да, сосе паметните Словенци и културните Хрвати) сме максимално понижени и како луѓе и како народи.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.421

Не реков ништо дека не може да се направи, туку дека причината е дневнополитичка, како и секоја друга западна политика на западот и како таква нема да успее.

Додуше, ова е моментлно на ниво на патка, пуштена да го испитува пулсот, многу е далеку е реализација еден ваков проект.

А тоа дека сме понижени, тоа е факт и од тоа нема бегање, но тоа не е од причина што тука живее стока како народ, никој народ не е имун на вакви понижувања. Тоа се покажало низ историјата.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Реализацијата на овој монструозен проект во формата во која е предложен (заедничка полиција, парламент..) и втурнувањето на Македонија милум или силум ќе значи конечен крај на постоењето на нашата држава.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Не реков ништо дека не може да се направи, туку дека причината е дневнополитичка, како и секоја друга западна политика на западот и како таква нема да успее.

Додуше, ова е моментлно на ниво на патка, пуштена да го испитува пулсот, многу е далеку е реализација еден ваков проект.

А тоа дека сме понижени, тоа е факт и од тоа нема бегање, но тоа не е од причина што тука живее стока како народ, никој народ не е имун на вакви понижувања. Тоа се покажало низ историјата.
Во последно време бегам од сериозни теми, ама ти заслужуваш сериозен пост па еве го, иако знам дека за кратко време ќе се изгуби во „живела СФРЈ„ vs. „ВЕП„ муабети.

Прво - вестите во медиумите немаат врска со реалноста и тие самите го знаат тоа. Ама написи за „нова Југославија„ ќе се кликаат со денови, а вест за „длабока регионална соработка„ никој не ти отвора.

Второ - не е патка, барем не во целост. Синхронизирање (не обединување) во сите области (економија, безбедност, право, здравство...) имаш, ајде да не претерам ама неколку години по завршување на војните.

Трето - причината не е дневнополитичка. Напротив, истиот став кон регионот е непроменет со децении. Па и во 91-ва имаш серии на посети на Сантер и Делор и познатото нудење пари и повластици во разговори за членство во тогашна ЕЗ во замена за реформи и одржување на заедницата. И не само тие двајца, поминаа и Посо, Ван Ден Брук, Де Микелис, сите тие носеа една порака: само единствена (одржувањето) и демократска (реформите и промена на уредувањето) може да смета на влез во Европа и ЕЗ.
Значи не се работи за некоја измислица од вчера. И затоа ми е коментарот за „стоката на Балканот„ - го добиваат АПСОЛУТНО ИСТОТО, само наместо да добијат пари и повластици, за тоа жртвуваа 20 години од животот,еден куп мртви и ранети, а богами и достоинството.

Ама секогаш сфаќаме на потешкиот начин. Ако решиле „тие„ да ни го дотераат паметот, така и ќе биде. Пластично кажано, му даваат на дете луксузна соба и еден куп книги за да учи, по неколку години ќе сфати. Ако глуми лудило, ќе добие сместување во тие нивните католички гимназии, по неколку години спиење на камен и прачки по (а богами и во) газот, пак ќе сфати. Со едно чудо трауми гратис.
Или како што Dave напиша кратко и јебитачно

Морисеј пееше на времето - Because if it is not love, then there is the bomb that will bring us together..
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.113
Поени од реакции
9.489
Земајки ги во обзир еконосмите „достигнувања“ на поединечните наведени влади, се наежив од помислата на „успехот“ кој можат да го достигнат заедно.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.421
Во последно време бегам од сериозни теми, ама ти заслужуваш сериозен пост па еве го, иако знам дека за кратко време ќе се изгуби во „живела СФРЈ„ vs. „ВЕП„ муабети.

Прво - вестите во медиумите немаат врска со реалноста и тие самите го знаат тоа. Ама написи за „нова Југославија„ ќе се кликаат со денови, а вест за „длабока регионална соработка„ никој не ти отвора.

Второ - не е патка, барем не во целост. Синхронизирање (не обединување) во сите области (економија, безбедност, право, здравство...) имаш, ајде да не претерам ама неколку години по завршување на војните.

Трето - причината не е дневнополитичка. Напротив, истиот став кон регионот е непроменет со децении. Па и во 91-ва имаш серии на посети на Сантер и Делор и познатото нудење пари и повластици во разговори за членство во тогашна ЕЗ во замена за реформи и одржување на заедницата. И не само тие двајца, поминаа и Посо, Ван Ден Брук, Де Микелис, сите тие носеа една порака: само единствена (одржувањето) и демократска (реформите и промена на уредувањето) може да смета на влез во Европа и ЕЗ.
Значи не се работи за некоја измислица од вчера. И затоа ми е коментарот за „стоката на Балканот„ - го добиваат АПСОЛУТНО ИСТОТО, само наместо да добијат пари и повластици, за тоа жртвуваа 20 години од животот,еден куп мртви и ранети, а богами и достоинството.

Ама секогаш сфаќаме на потешкиот начин. Ако решиле „тие„ да ни го дотераат паметот, така и ќе биде. Пластично кажано, му даваат на дете луксузна соба и еден куп книги за да учи, по неколку години ќе сфати. Ако глуми лудило, ќе добие сместување во тие нивните католички гимназии, по неколку години спиење на камен и прачки по (а богами и во) газот, пак ќе сфати. Со едно чудо трауми гратис.
Или како што Dave напиша кратко и јебитачно
Искрено фала што ме удостои со сериозен одговор.

Јас ќе ти поставам само две прашања: Доколку идејата(на западот) за обединување на регионот е искрена и со најдобри намери и потекнува уште од 90тите години, зошто во конфликтите завземаа јасно и гласно страна? Зошто имаше двојни аршини за воените злостроства?
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Искрено фала што ме удостои со сериозен одговор.

Јас ќе ти поставам само две прашања: Доколку идејата(на западот) за обединување на регионот е искрена и со најдобри намери и потекнува уште од 90тите години, зошто во конфликтите завземаа јасно и гласно страна? Зошто имаше двојни аршини за воените злостроства?
Идејата не е ниту искрена ниту со најдобри намери. Едноставно така нив највеќе им одговара, а (само) ако се одигра паметно може и народиве тука да видат некој ќар.

Што се однесува до конфликтите уште е прашање кој чија страна заземал. Русите докажано им доставуваа оружје, опрема и персонал за одржување на Хрватите а Западот до последно целата помош ја условуваше со зачувување на Југославија. Дури и се заложија за одлагање на независноста на Хрватска и Словенија за три месеци, како рок Југославија да си ги среди проблемите. Некако најточен одговор би било дека си ја заземаа својата страна, што е и нормално. Знаеш, често кога ќе се срушат авиони луѓето место да помагаат прво ги ограбуваат патниците. Да, тие се хиени, говеда со морал нула, ама не значи тоа дека тие се криви што авионот се срушил.

Види, не сум ни јас некој голем мераклија за здружувања. Ама има работи на кои може да се влијае, и работи на кои не може. На оваа многу веројатно нема да може, и ако веќе мора да влегуваме во таква манџа барем да влеземе за прв пат во историја подготвени и јасно определни што сакаме од тоа, за разлика од влегувањето во СФРЈ или во СХС.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079
Може да се влезе во таков сојуз само ако Германија се прогласи за седма членка и целиот раководен кадар да биде од Германија а од останативе држави највисока функција да им биде чистач.
 
Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
nov bermudski triagolnik...crna dupka, ke ja usmukame i evropa i se okolu nas...prekrasna idea za kraj na svetot
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Повеќе од еден век, после поразот на Отоманската Империја, на овие Балкански простори, западните сили си прават што сакаат и како најдобро им одговара нив.

Но секојпат, во одредени временски периоди, од таквите нивни математики и прекројувања на граници и федерации на Балканот, некои испаѓаа ќар, а некои зијан.

Се покажа досега дека најголеми губитници се Македонците и Србите, а спротивно на нив најголеми добитници се Албанците и Грците.

Дали би се повторила историјата, или е можно вртење на тркалото конечно, засега нема јасни индикации.

Интуитивно, сепак мислам (иако сеуште немам некој посериозна анализа направено) дека овојпат токму Македонија и Србија би извлекле најголема корист од оваа засега тешко изводлива федерација.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
Зошто да не....
Овие па ако не идат контра не се живи...

Образложи зошто да?

Што е добро народи што не се поднесуваат да се спојат ко еден?
Кој ќе може да владее со нив и да ги држи мирни? Кој е толку моќен?

Не дека ќе се оствари ама ај..
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Интуитивно, сепак мислам (иако сеуште немам некој посериозна анализа направено) дека овојпат токму Македонија и Србија би извлекле најголема корист од оваа засега тешко изводлива федерација.
Баш во една ваква федерација Македонија може да биде најголем губитник.
Ја знаеме нашата слаба точка - Албанците во северозападна Македонија. Сите федерации се со ограничен рок на траење.
Што после тоа кога ќе дојде време за растурање на федерацијата? Србија може да загуби еден дел, но ќе добие компензација во Босна. Албанците ништо не губат, само ќе го реализираат обединувањето со Косово кое сега не можат да го направат само заради тоа што Западот сеуште не дозволува.
Ситуацијата во Македонија е нејасна. Но, јасно е што ќе се случува при распадот на федерацијата - Македонија ќе изгуби територија, население, шанса за преживување како држава меѓу глутницата Србија-Албанија-Бугарија-Грција. Кругот околу нас се затвора. Во јужниот дел на Балканот единствено уште на територијата на денешната република Македонија може да се повлекуваат нови линии на поделби.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.880
Поени од реакции
50.434
Сите пропаднати држави минус Хрватска и Словенија, плус мутантите инцестни .... лудница !
 
Kajgana Shop

На врв Bottom