Јас не сфаќам зашто толку се брзаат со објавување на играва со години веќе. Трансферите не се ни доправени, како и секогаш. Тотално аматерски е веќе. Порано ја спасуваше брзината на гејмплејот и уживањето во играта но сега и тоа го нема.
Стварно, значи КОНАМИ како наводен самопрогласен лидер во правење фудбалски игри, веќе претеруваат со аматеризмот, не дека модерите нема да ги средат трансферите или дека КОНАМИ нема за два-три дена да направат апдејт но мајка му стара, трансфер периодот заврши пред повеќе од две недели, колку треба во веќе финализирана верзијна на играта да се корегира ова, ништо не треба.
Ако мислат тоа што ја пуштаат играта неколку дена пред ФИФА дека заради тоа некој ќе се навлече на нивната и заради тоа нема да ја игра ФИФА, дебело се заебале.