Се намалува невработеноста, 30,9% невработени

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
Што е финтата со формуларите?

Dardan-ia дај статистика за високо образование од 2002ра до сега ако имаш, или од 2006та.
Па се изјаснуваат барачите на работа дали се за активни или пасивни барачи со тоа што првите се пријавуваат секој месец а вторите на 6 месеци,дали ќе прифатат работа одалечена 30-тина км. одалечено од местото на живеење,дали прифаќаат преквалификација и тн.само немаат одрадено старосна граница затоа што не е исто некој од 20 и кусур год.и некој што е на возраст од над 45 или 50 години.
 
Прашањето дали се активни или пасивни барачи е одлично и на место, со другите прашања не гледам како би се намалила невработеноста.
 
Се прави поделба на пасивни и активни баратели на работа. Но ако се изјасниш како пасивен барач на работа. Пак те сметаат за невработен. Нема врска мубаетот дека заради тоа се намалило невработеноста.
 
Па секако дека ќе се кажува процентот на активни барачи,а пасивните ќе бидат само како евиденција...бараат работа, а молат бога да не ја најдат...
 
734160_10151509641888734_1784947960_n.jpg

Цела Економија во 2 сликички :)
 
Dardan-ia дај статистика за високо образование од 2002ра до сега ако имаш, или од 2006та.

Невработени лица со високо образование во IV квартал

IV 2012: 45.768 (25,2%)

IV 2011: 41.878

IV 2010: 36.652

IV 2009: 28.638

IV 2008: 23.163

IV 2007: 22.657

IV 2006: 24.539 (20,3%)

IV 2005: 22.232

IV 2004: 17.408 (18,8%)

Денес секое четврто лице со високо образование е невработено. (25,2%)

Во 2004та невработеноста беше 38% (?) , високо образованите имале дупло помала стапка на невработеност.
Сега нема врска , и тие со 3 години основно , и тие со 4 години средно , сите имаат 25-30% невработеност.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: AL.
Се знае дека невработеноста кај нас се намалува вештачки со сите сили, уште да беа толку ажурни и за вистински вработувања, кај ќе ни беше крајот. Нејсе, според текстов, кој сака да се вработи, нека не си прави бајрам на умот дека треба да иде на факултет. Само државна администрација, преработувачка индустрија и земјоделство му е мајката.

Невработеноста во Македонија се намалува, но истовремено расте бројот на невработени лица со завршено високо образование. Во однос на претходната година, бројот на невработени во земјава се намалил за над 7.000 лица, а бројот на невработени со завршено високо образование се зголемил за над 3.500 лица. Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во четвртото тримесечје од 2012 година активното население во Република Македонија имало 948.125 лица, од кои вработени биле 657.849 лица, а невработени биле 290.276 лица. Стапката на вработеност во овој период била 39,3 отсто, а стапката на невработеност 30,6 отсто.

Најмногу вработени во преработувачката индустрија

Имено, од вкупно 657.849 вработени лица на крајот од минатата година, дури 122.557 лица работеле во преработувачки капацитети, а 112.504 лица биле ангажирани во земјоделството. Во секторот трговија на големо и мало и поправка на моторни возила лани работеле 92.742 лица. На крајот од минатата година над 100.000 лица работеле во образованието, јавната управа и одбрана и задолжителното социјално осигурување, со што може да се заклучи дека државата односно администрацијата е еден од најголемите работодавци во земјава.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=31913925335&id=10&prilog=0&setIzdanie=22833
 
Активни и пасивни е само за статистика. Овие 100.000 газолижачи и неспособни кадри што не цицаат што ќе им правиме е прашањето.
 
Проблемот е што и вработеноста во реалниот сектор се намалува.
Само во државно се множат ко амеби.
Ама и тоа не е доволно за да се зголеми севкупната вработеност.
 
Невработеноста на рекордно најниско ниво во последните 20 години

Вработени
II 2013: 678.467 (57,1%)
II 2012: 648.200 (56,5%)

Невработени
II 2013: 273.860 (28,8%)
II 2012: 294.220 (31,2%)

Интересно ми е тоа што во Градежништво за 1 година имаме 11.000 вработени повеќе (од 41.000 вработени , на 52.000)
Во Транспорт и Складирање , исто така имаме 10.000 вработени повеќе него лани ( од 28.000 на 38.000).
Ова ми е малце несватливо , од кај толкаво зголемување.

Во поголемите сектори Земјоделство и Преработувачка Индустрија , бројот на вработени нема значајни промени.

Невработеноста кај лицата со Високо образование е 24% , односно 40.967 лица.

Лани истиот период беа 42.696 (23,8%)

Ова значи дека кај високо образованите граѓани невработеста не се намалува , туку се зголемува.
 
Дарди за транспорт ти објаснував во темата за ембаргото, немој да бидеш сега зачуден ќе помислам не си ја научил лекцијата која ти ја предавав за пазари на транспорт.
 
Епа доаѓа возот со нови дипломирани.
И не е невработеноста на рекордно ниско ниво, малку се реструктуира системот и вистинските работи излегуваат на површина.
 
Дарди за транспорт ти објаснував во темата за ембаргото, немој да бидеш сега зачуден ќе помислам не си ја научил лекцијата која ти ја предавав за пазари на транспорт.

Не, изгледа не научив , сакаш да кажеш дека имаме 10.000 нововработени во транспорт ?
Зошто тогаш во првите 6 месеци , во нашето БДП во секторот Транспорт , врски и складирање растот е само 5,8% , а бројот на вработени пораснал за 35% ?

За Градежништво некако има причина за порастот на вработените , пошто и по БДПт- се гледа дека Градежништвото пораснало за 41% , а не како транспортот 5,8%.
 
Кратко и јасно намалувањето на невработенст= ФАРСА
 
Не, изгледа не научив , сакаш да кажеш дека имаме 10.000 нововработени во транспорт ?
Зошто тогаш во првите 6 месеци , во нашето БДП во секторот Транспорт , врски и складирање растот е само 5,8% , а бројот на вработени пораснал за 35% ?

За Градежништво некако има причина за порастот на вработените , пошто и по БДПт- се гледа дека Градежништвото пораснало за 41% , а не како транспортот 5,8%.

За цемт ти објаснував што е и како сме потписници. За да аплицираш за Цемт дозволи во Министерство за транспорт мора да имаш пријавено број на возачи сразмерно со број на камиони, плус дополнителни возачи за замена. Математички ако имаш 10 еуро 5ки возила ти требаат 12 шофери пријавени. Возникот парк годинава се збогати со нови еуро 5ки за кои требаат професионални шофери. И така порасна процентот во транспорт.

Јасно ти е сега? Ако не ти е кажи пак ќе ти објаснам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom