Европско Првенство 2013 - Словенија | генерална тема |

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Неискуството си го право своето, Шпанците убација во петта брзина. Преголем залак е оваа шпанска репрезентација за младите момци на Дуда, иако можеа стварно подобро и помашки да изиграат до сега.
 
Кај им помага Фратело на нашиве бе...после победата со Србија се напраиле ретровизори во Љубљана.
Не за џабе србинката рекла,македонци јебали сте матер кошарци:)

А уствари шо е муабетов со Србинкава? :D
 
Отиде утакмицава јабана,а баш миселев дека ќе има неизвесна утакмица,ама Србија денеска игра мизерна утакмица:facepalm:.А за вечер скоро сум сигурен дека Словенија ќе ја преслуша Франција,така да планирам и сингалче да си ја играм.
 
Се знаеше ова, јас кога викав дека Шпанија баш сега ќе ја изигра правата утакмица, не им требаат поени ни од Гасол, цела клупа гази. Ама Србиве треба да се соземаат и мора во продолжение...
 
А и да го додадеме фактот дека Шпанците не можат да промашат. Каква сурова доминација...
 
Предходно го имаа Наваро кој секакви фрљотки погаѓаше, сега овој амишов Родригез и оди тепај ги. Па покрај амишот и цела екипа шутира од кај стигне и погаѓаат. Во второ полувреме да земат некој од публика и тој ќе погаѓа:)
 
А и да го додадеме фактот дека Шпанците не можат да промашат. Каква сурова доминација...
Па не можат, кога нон стоп се сами на отворен шут, како на тренинг.

Крстиќ нема никакви шанси против Гасол. Ете на крај едвај даде некој поен и тоа против Реј.
 
Па не можат, кога нон стоп се сами на отворен шут, како на тренинг.

Крстиќ нема никакви шанси против Гасол. Ете на крај едвај даде некој поен и тоа против Реј.

Да бидеме реални, стварно ги “сереше“ Шпанците у првово полувреме. Шпорет да фрлеа и тој ќе влезеше. Ајде чистите шутеви океј, ама имаа сигурно 3-4 од невозможни ситуации кои влегоа во кошот. Ама кога сака сака, непишано правило е тоа во спортот. У одбрана гризат, ова е најдоминантното полувреме на ова ЕП од страна на една репрезентација. Демонстрација на сила, демонстрација на надмоќ. Крстиќ е ко мало дете покрај Гасол, не може накај кош да се сврти. А кога ќе ми текне каква салама беше Марк пред 4-5 години...
 
Сеедно, правиме муабет за Родригез, Калдерон, Гасол...а не за Антиќ, Илиевски и Стојановски. Од Шпанците и се очекува да погодуваат све живо.
 
Сеедно, правиме муабет за Родригез, Калдерон, Гасол...а не за Антиќ, Илиевски и Стојановски. Од Шпанците и се очекува да погодуваат све живо.

Не ме разбираш изгледа. Да се соберат Коби, Леброн, Реј Ален, Ентони и Дурант пак нема да погодат ко Шпанците у прво полувреме. Ти текнува на нашата партија против Србите? Самарџиски почна да гаѓа шутеви од далечина, е до толку ни идеше на таа утакмица. Едноставно адреналинот работи, денот ти е погоден и тоа е тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom