mountain i Мiki1, прашањето беше каде Исус рекол дека е дел од Тројството, во стилот: " Јас сум Исус, едниот ипостас од Тројството, и дојдов да ви проповедам за Бога и да ви кажам дека тој е еден во три или три во еден, нешто како нес кафето кое многу столетија после мене ќе им дозволам на луѓето да го измислат и пијат"....итн.?
Omer,
а зашто муслиманите и протестантите имаат се‘ повеќе заеднички особини, кога поставуваат прашања?...
Конкретно, за Исуса Христа: Он не дојде за да (ни‘) се пофали дека токму Он Е еден лик/ипостас од Света Троица, туку Он дојде (меѓу другото) за да ги исполни и пророштвата, според кои Месијата (т.е. Христос) треба(ше) да дојде токму од евреите, а евреите тоа одлично го знаеја и беа во можност да Го видат, чујат и што е најбитно, да Го препознаат Месијата, а не да чекаат Он да им се „пофали„ дека, ете, дошол и го исполнил она кое за Него било пророкувано.
Но, и по ова прашање, за да не останеме сирачиња, имаме одговор: имено, брзоплетиот Апостол Петар го стори токму тоа: јавно призна дека Исус Е Синот на живиот Бог, (види во Матеј, 16:15), а евангелските записи ни‘ сведочат за поделеноста помеѓу евреите: на оние кои Го прифатија и на оние кои не Го отфрлија и распнаа Месијата, иако знаеја и очекуваа дека Месијата ќе се роди токму од Израилот.
--- надополнето: 15 септември 2013 во 23:22 ---
Би можело да се помисли дека светлината од 1:1-5 е светлина од некој друг извор во Вселената, а не Сонцето, бидејќи се вели дека „темнина се простираше над бездната“, што би значело во Вселената, а не над Земјата.
Но текстот измеѓу вели:
Токму така, почетната светлина не била „добивана„ од Сонцето, туку таа светлина е позадинско зрачење од целата тогашна Вселена. во која денот и ноќта се разликувале не преку делувањето од Сонцето (денот) и Месечината (ноќта), туку преку пулсирањето од таа светлина на релација „светло-темно„,
Поимот „бездна„ се однесува на невидливоста од површината/копното од раната Земја, која била целосно покриена со вода па таа вода го прекривала и задскривала конпото. Бездната се однесува на длабичината од таа покривачка вода. Поимот „бездна„ се токлува и условно, како отсуство од субјект/човек, кој можел да ги види тие рани творечки настани во врска зо Земјата.
--- надополнето: 15 септември 2013 во 23:25 ---
Како тоа прво е создадена светлината на Земјата, а дури потоа нејзиниот извор?
Како што веќе напишав: првичниот извор на светлината не било Сонцето, туку самата Вселена, а Сонцето стекнува атрибут на избор на светлост во денот кога Бог им ја одредил улогата на Соцнето и на Месечината како извори на светлина и како знаци за поделба на светлиот и темниот дел од деноноќието, односно тоа бил 4-от ден.