Прашање за Христијанството III

kralot

Вистина!!
Член од
9 април 2008
Мислења
466
Поени од реакции
72
(Lk 10,21–22)

Se mi e predadeno od Mojot Otec i
nikoj ne Go poznava Sinot, osven Otecot;
nitu Otecot Go poznava nekoj osven
Sinot, i komu {to saka Sinot da Go
otkrie.

(Mt 3,13-17; Mr 1,9-11)

i Svetiot Duh sleze na Nego vo telesen
oblik, kako gulab, i se slu{na
glas od neboto, koj vele{e: Ti si
Mojot vozquben Sin, Koj e po Mojata

volja.
--- надополнето: 13 септември 2013 во 16:33 ---

Тие повеќето биле не'писмени не знаеле ни да читаат ниту да пишуваат.

Истите тврдат дека Светиот Дух слегол врз нив и го напишале евангелието не само што го напишале туку почнале да говорат и на различни јазици.

Значи душата божја се шета по обичните смртници, Значи и бог има потреба од Душа како и сите ние обични Луѓе??
 
S

Sagan

Гостин
На самиот почеток од Стариот Завет, Битие 1:1-5 вели:

1 Во почеток Бог ги создаде небото и земјата.
2 Земјата беше пуста и празна; темнината се простираше над бездната, и Божјиот Дух се движеше над водите.
3 И Бог рече: „Нека биде светлина!” И бидна светлина.
4 И Бог виде дека светлината е добра; и Бог ја оддели светлината од темнината.
5 Бог ја нарече светлината ден, а темнината ја нарече ноќ. И бидна вечер, па утро - прв ден.

1:13-18 вели:
13 И бидна вечер, па утро - трет ден.
14 И Бог рече: „Нека бидат светила на небесниот свод, за да го делат денот од ноќта, нека бидат за знаци, и за времињата, и за деновите и годините,
15 и нека бидат за светила на небесниот свод за да ја осветлуваат земјата!” И бидна така.
16 И Бог направи две големи светила, поголемото да владее над денот, а помалото да владее над ноќта - и ѕвездите.
17 И Бог ги постави на небесниот свод да ја осветлуваат земјата,
18 да владеат над денот и ноќта и да ја одделуваат светлината од темнината. И Бог виде дека е добро.

Би можело да се помисли дека светлината од 1:1-5 е светлина од некој друг извор во Вселената, а не Сонцето, бидејќи се вели дека „темнина се простираше над бездната“, што би значело во Вселената, а не над Земјата.
Но текстот измеѓу вели:

11 И Бог рече: „Нека изникне земјата со зеленило - со семеносна трева, со плодоносно дрво, кое - секое според својот вид - ќе донесува на земјата плод, што го носи своето семе во себе!” И бидна така.
12 И никна од земјата зеленило, трева што се осеменува, секоја според својот вид, и плодоносно дрво што раѓа плод, што го носи своето семе во себе, според својот вид. И Бог виде дека е добро.

Како тоа прво е создадена светлината на Земјата, а дури потоа нејзиниот извор?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960

Библискиот текст никаде не вели дека светлината спомната на почетокот била Сончева светлина.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Од која светлина, тогаш, растело зеленилото спомнато во 11 и 12?

Меѓу теолозите има две претпоставки:

1. Пред Сонцето постоел друг извор на светлина и од таа светлина растело зеленилото.

2. Второто гледиште вели дека создавањето што е опишано во Битие 1 е опишано од перспектива на човекот кој би го набљудувал од површината на Земјата (веројатно визијата што ја имал Мојсеј за создавањето на Светот). Второто гледиште вели дека Сонцето, Месечината и ѕвездите биле создадени во првиот ден, но дека од перспектива на човекот кој би гледал од површината на Земјата, Сонцето и Месечината и ѕвездите се појавиле во 4-от ден од создавањето. Ова гледиште вели дека до 4-от ден имало голема магла, прашина, водена пареа на небото и заради неа Сонцето, Месечината и ѕвездите не се гледале, но Сончевата светлина успевала да се пробие во вид на дифузна светлина (како кога е облачно, а сепак е ден). Ова гледиште се поддржува со следниве аргументи:

- Зборот што е употребен во Битие 1:16 „Бог направи две големи светла“, во македонскиот превод е преведен како „направи“, на хебрејски е „аса“ и значи да направиш/обликуваш нешто кое веќе е создадено. Зборот за создавање на хебрејски е „бара“ и тој се употребува во Битие 1:1 каде што вели: „На почетокот Бог ги создаде небото и Земјата“.

- Во Јов 38:9 Бог исто така спомнува дека кога Тој ја обликувал Земјата, таа била завитката со густа магла, од која што не се гледале Сонцето, Месечината и ѕвездите до 4-от ден, а потоа откако се разбистрило небото, тие станале видливи и на тој начин направени за човекот.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399

Elohim во превод што значи?
 
Shemsa

Певаљка
Член од
2 октомври 2012
Мислења
174
Поени од реакции
285

Втората е сосема логична. Имало магла, и намалена видливост, но без пречки во патниот сообраќај и на граничните премини.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Elohim во превод што значи?

Не мораш да го цитираш претходниот пост ако не коментираш на него.
Елохим е множинска форма од хебрејското Ел, Елоах - што значи Бог.

Добра ноќ.
 
kralot

Вистина!!
Член од
9 април 2008
Мислења
466
Поени од реакции
72
Меѓу теолозите има две претпоставки:

1. Пред Сонцето постоел друг извор на светлина и од таа светлина растело зеленилото.

2. Второто гледиште вели дека создавањето што е опишано во Битие 1 е опишано од перспектива на човекот кој би го набљудувал од површината на Земјата (веројатно визијата што ја имал Мојсеј за создавањето на Светот). Второто гледиште вели дека Сонцето, Месечината и ѕвездите биле создадени во првиот ден, но дека од перспектива на човекот кој би гледал од површината на Земјата, Сонцето и Месечината и ѕвездите се појавиле во 4-от ден од создавањето. Ова гледиште вели дека до 4-от ден имало голема магла, прашина, водена пареа на небото и заради неа Сонцето, Месечината и ѕвездите не се гледале, но Сончевата светлина успевала да се пробие во вид на дифузна светлина (како кога е облачно, а сепак е ден). Ова гледиште се поддржува со следниве аргументи:

- Зборот што е употребен во Битие 1:16 „Бог направи две големи светла“, во македонскиот превод е преведен како „направи“, на хебрејски е „аса“ и значи да направиш/обликуваш нешто кое веќе е создадено. Зборот за создавање на хебрејски е „бара“ и тој се употребува во Битие 1:1 каде што вели: „На почетокот Бог ги создаде небото и Земјата“.

- Во Јов 38:9 Бог исто така спомнува дека кога Тој ја обликувал Земјата, таа била завитката со густа магла, од која што не се гледале Сонцето, Месечината и ѕвездите до 4-от ден, а потоа откако се разбистрило небото, тие станале видливи и на тој начин направени за човекот.

Значи според Библијата и Месечината е извор на светлина, интересно!
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Не мораш да го цитираш претходниот пост ако не коментираш на него.
Елохим е множинска форма од хебрејското Ел, Елоах - што значи Бог.

Добра ноќ.
Поправи ме ако грешам, ама од почетокот на постанокот од библијата се употребува Елохим. Ова ми делува на некоја тешка превара, или Мојсеј бил неписмен....што е тешко веројатно.
Ти го цитирав цел текст затоа што во битие 1:1 Бог во преводот твој е во еднина. Ова ви е сигурно "апсолвирано" :) ама ај да чуеме одговор, може и да ме предомисли.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
mountain i Мiki1, прашањето беше каде Исус рекол дека е дел од Тројството, во стилот: " Јас сум Исус, едниот ипостас од Тројството, и дојдов да ви проповедам за Бога и да ви кажам дека тој е еден во три или три во еден, нешто како нес кафето кое многу столетија после мене ќе им дозволам на луѓето да го измислат и пијат"....итн.?;)
Omer,

а зашто муслиманите и протестантите имаат се‘ повеќе заеднички особини, кога поставуваат прашања?...:sneaky:

Конкретно, за Исуса Христа: Он не дојде за да (ни‘) се пофали дека токму Он Е еден лик/ипостас од Света Троица, туку Он дојде (меѓу другото) за да ги исполни и пророштвата, според кои Месијата (т.е. Христос) треба(ше) да дојде токму од евреите, а евреите тоа одлично го знаеја и беа во можност да Го видат, чујат и што е најбитно, да Го препознаат Месијата, а не да чекаат Он да им се „пофали„ дека, ете, дошол и го исполнил она кое за Него било пророкувано.

Но, и по ова прашање, за да не останеме сирачиња, имаме одговор: имено, брзоплетиот Апостол Петар го стори токму тоа: јавно призна дека Исус Е Синот на живиот Бог, (види во Матеј, 16:15), а евангелските записи ни‘ сведочат за поделеноста помеѓу евреите: на оние кои Го прифатија и на оние кои не Го отфрлија и распнаа Месијата, иако знаеја и очекуваа дека Месијата ќе се роди токму од Израилот.
--- надополнето: 15 септември 2013 во 23:22 ---
Би можело да се помисли дека светлината од 1:1-5 е светлина од некој друг извор во Вселената, а не Сонцето, бидејќи се вели дека „темнина се простираше над бездната“, што би значело во Вселената, а не над Земјата.
Но текстот измеѓу вели:
Токму така, почетната светлина не била „добивана„ од Сонцето, туку таа светлина е позадинско зрачење од целата тогашна Вселена. во која денот и ноќта се разликувале не преку делувањето од Сонцето (денот) и Месечината (ноќта), туку преку пулсирањето од таа светлина на релација „светло-темно„,

Поимот „бездна„ се однесува на невидливоста од површината/копното од раната Земја, која била целосно покриена со вода па таа вода го прекривала и задскривала конпото. Бездната се однесува на длабичината од таа покривачка вода. Поимот „бездна„ се токлува и условно, како отсуство од субјект/човек, кој можел да ги види тие рани творечки настани во врска зо Земјата.
--- надополнето: 15 септември 2013 во 23:25 ---
Како тоа прво е создадена светлината на Земјата, а дури потоа нејзиниот извор?
Како што веќе напишав: првичниот извор на светлината не било Сонцето, туку самата Вселена, а Сонцето стекнува атрибут на избор на светлост во денот кога Бог им ја одредил улогата на Соцнето и на Месечината како извори на светлина и како знаци за поделба на светлиот и темниот дел од деноноќието, односно тоа бил 4-от ден.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Значи душата божја се шета по обичните смртници, Значи и бог има потреба од Душа како и сите ние обични Луѓе??

'Не' туку Светиот Дух е налик Божјата сила,негов извршител,негов исход!
Светиот Дух го добиваат верниците оние кој го заслужуваат(ги исполнуваат заповедите) и кој им носи различни благодети каректиристични на совршениот Бог.
--- надополнето: 16 септември 2013 во 01:10 ---
mountain i Мiki1, прашањето беше каде Исус рекол дека е дел од Тројството, во стилот: " Јас сум Исус, едниот ипостас од Тројството, и дојдов да ви проповедам за Бога и да ви кажам дека тој е еден во три или три во еден, нешто како нес кафето кое многу столетија после мене ќе им дозволам на луѓето да го измислат и пијат"....итн.?;)

Omer

Во Лк 16:21 можеш да видиш како Господ Исус на светот се објавува како Месија.

Во говорот тој вели Духот на Господа е врз мене.Не вели Благодата на Духот, кој е само на верните луѓе,односно говори дека Духот е рамен на него заедно со Отецот.

Во Евангелијата има многу сведоштва како и на реката Јордан, што самиот Свет Дух во вид на гулаб се прикажал како ревнител на Исуса.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
на оние кои Го прифатија и на оние кои не Го отфрлија и распнаа Месијата, иако знаеја и очекуваа дека Месијата ќе се роди токму од Израилот.
Мала поправка: треба да стои „...Го отфрлија...„.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Кој Ангели се Херуфимите и Серафимите,каква дејност и улога имаат пред Бог?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom