Пораст на БДП за 3,9 проценти
Бруто домашниот производ во вториот квартал од годинава бележи раст од 3,9 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци во второто тримесечје од 2013 е забележан пораст во повеќето сектори. Најголем пораст е забележан во секторите Градежништото 33,2 проценти, Сообраќај, складирање и врски од 7,5 и Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија, гас и вода од 4,1 отсто.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во однос на истиот период од 2012 година, номинално расте за 3,5 отсто, а нејзиното учество во струкурата на бруто-домашниот производ изнесува 75,9 отсто.
За истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално порасна за 1,1 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 1,3 отсто.
Толку беше од крајот на светот и рецесијата а богами и депресија
Branchez уште да се покрене „малку“ берзата и се ќе биде во ред
.