Breaking Bad

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
Не досадни, тешки за загледување. Мава депресија од серијата (сум слушнал дека Six Feet Under е таква). Уште која се трагедија ја немаше во семејството на Волтер. Болен син, едвај крај со крај сврзуваат, тој добива рак на плуча (не е пушач), Скајлер останува бремена.


Епа баш затоа и е добра, серијата се осврнува на тешкиот живот на луѓето, и реалните проблеми, не "проблеми" од типот на разгален манекен тинејџер, кој незнае со која девојка да го поминува своето време, пази тоа им е најголемиот проблем, сите имаат средени имотно правни односи, скапи коли, користат Епл уреди, се дружат само со оние од својата класа итн. Ова не е реалниот поглед на општеството, овој тип на луѓе се се поретки, а ниската класа преовладува, класата која неретко се сочува со проблемите кои се преставени во серијата. Розевите слончиња и совршени животи со "проблеми" од типот на тие кои ги наведов горе, се реткост во денешноте трули глобалистички општества. Многу повеќе луѓе се пронаѓаат во ликот на Волт, (освем делот кога станува дилер) него оние примери од горе на снобовски семејства.
 
Ало олабавете не ме тепајте зашто серијата ми е спора и досадна ке и дадам шанса даље ке гледам уште ако не се опрај у втора сезона не е за мене и крај, само не ме тепајте молим вас...
 
Ало олабавете не ме тепајте зашто серијата ми е спора и досадна ке и дадам шанса даље ке гледам уште ако не се опрај у втора сезона не е за мене и крај, само не ме тепајте молим вас...


А демек ако не ја гледаш ќе се самоубиме. Прави што сакаш.
 
сите што имате негативни критики за ББ го почитувам вашето мислење....

.... но треба да се лечите и не заслужувате да живеете :D

не знам како не ви е досадно да им враќате и да им објаснувате зошто ББ е најдобрата серија на сите времиња... едноставно ако не оди тогаш не оди, не бива со сила... јас лично не можам да ги сфатам таквите луѓе но тоа е.. јас првите сезони се сеќавам кога ги гледав тука на форумот првите што почнавме Psyside, Woofer, Болиглава, wot, Божино, Anon и уште неколку па и џимеј кога се приклучи со неговиот епик пост, едноставно во тој период имав едно неописливо чувство... пушташ епизода - се исклучуваш од реалниот свет, ја гледаш епизодата како да си нем набљудувач покрај Волт и Џеси и практично чувствуваш се што чувствуваат и тие, гасиш епизода и еден ден не можеш да се вратиш назад како да си под некоја мистериозна дрога..

сцената кога Волт го гушна Џеси ми ги врати сите слики од тој период и низ се што поминаа заедно едноставно ми се насолзија очите посилно беше од мене...

сакам да кажам ако се повржеш со ликовите, ако има "хемија" помеѓу тебе и нив така да се изразам нема да ви биде досадно и Волт да седи 10 мин од епизода на столче и да гледа како лета мува... барем за мене е така...
 
Имаше денеска еден пред мене на автобуската станица ама не да личеше на В.В. плукнат на него беше. Странец некој беше со мастер ја плаќаше картата и зборуваше англиски.
Сериозно не тролам не да личеше на него, сигурно ќе се сликав со него ама шо ќар кога имам вакво:
sony-ericsson-r300-front.jpg
 


Тоа со Лекс Лутор испадна дека е само шпекулација и тешко Кренстон сепак да земе таква улога, зашто планирал да одмара некој период. Ама сепак не се знае. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom