- Член од
- 18 јануари 2011
- Мислења
- 1.605
- Поени од реакции
- 748
5. JANUARY 2013 - 17:16
Економист: ЕУ и Балканот - Злоупотреба на азилот
Дали ЕУ пак ќе воведе визи за патниците од балканските земји?
“Лажните азиланти, ризикуваат се” е слоганот на постерот залепен на белградскиот аеродром.
Веќе три години Србите, Македонците и Црногорците можат слободно, без виза да патуваат во 26-те европски земји членки на Шенген зоната.
Босанците и Албанците добија безвизен режим година дена потоа. Тие тоа го сметаат за најголема освоена награда во евроинтеграцискиот процес.
Петте балкански земји сепак може да останат и без тоа. Како причина е секако порастот на бројот на азиланти, посебно од Србија и Македонија. Во 2009 година пред да бидат укинати визите, 9.860 нивни граѓани аплицирале за азил во Европската Унија. Во 2012, иако податоците се некомплетни, сепак бројката порасна на 33.530. (Види табела)
Во Германија за азил аплицирале 10.412, а стигнале и 6.012 апликации од Македонци. Србите таму се на врвот на листата на баратели на азил, убедливо и пред Авганистанците и Сиријците.
- Порастот на злоупотребата на системот на азилот е неприфатлив – изјави во октомври германскиот минситер за внатрешни работи Ханс Питер Фридрих. Големиот наплив азиланти од Србија и Македонија мора веднаш да престане – рече тој.
Во октомври шест ЕУ министри за внатрешни работи побараа итна акција за да се суспендира безвизниот режим.
Она што бројките не го покажуваат е дека 95 отсто од барателите на азил се сиромашни Роми.
Во Србија и Македонија, Ромите се подобро интегрирани во општеството отколку во повеќето други земји. Овие баратели на азил знаат дека нема да го добијат.
Од 2009 до 2011 година од 19.650 Срби што аплицирале за азил во Германија, Шведска и Луксембург само 15 добиле дозвола да останат. Но тие сепак сакаат да си ја пробаат среќата благодарение на “широко достапните информации за бенефитите за барателите на азил”, стои во новиот извештај на Европската иницијатива за стабилност (ESI).
Во текот на месеците додека чекаат властите да одлучат дали нивните тврдења се лажни или вистините државата на апликантите им обезбедува пари, сместување, здравствена заштита, школување итн.
Ако се има предвид дека во Македонија просечна месечна плата е 330 евра многу е јасна економската логика зошто тие сакаат одат на север на некој месец.
Визите може да бидат вратени за Србите и Македонците годинава. Ако тоа се случи, вели извор од Србија што сака да остане анонимен, ќе се смета како “одбивање и казна” и ќе се намали поддршката за приклучување кон ЕУ која и така опаѓа. И што е полошо, може да се инцира насилство над Ромите.
Тања Фајон, словенечка европратеничка верува дека некои ЕУ политичари ја користат контроверзноста за да добијат политички поени, посебно во Германија каде годинава ќе има избори.
Карл Билд, шведскиот министер за надворешни работи изјави дека безвизниот режим мора да се заштити, но таква акција мора да се преземе на “двата краја од проблемот”.
Ако Македонија почна да им забранува на луѓето да одат во странство ако немаат одредена свота на пари за секој ден од патувањето, сепак таа тактика се смета за расистичка и нелегална.
Очигледниот одговор според Гералд Кнаус, претседател на ESI е дека Германија и другите земји треба да ги забрзаат одлуките што се однесуваат на апликациите за азил од безбедните балкански земји.
Откако Швајцарија го направи ова падна бројот на баратели нан азил.
Но кога во јули 2012 германскиот Уставен суд изгласа тројно зголемување на бенефитите за барателите на азил порасна нивниот број.//м.д.
http://www.sitel.com.mk/node/53223