Ај и од мене еден осврт на крајниов настап на златната генерација, плус очекувања во иднината
Гласав дека само ќе ја поминеме групата, ама искрено и сам не верував дека ни тоа нема да се случи

Реално имавме квалитет да го сториме тоа, па дури и подалеку да стигнеме.
Каде згрешивме?
Тешко е да се оцени. Може бевме единствените кој ги имаа на располагање најдобрите играчи и затоа овој резултат е уште покатастрофален.
Прв момент на пресврт за мене беше заминувањето на Пипан од МЗТ во Олимпија...
Студен туш реално и со тоа се знаеше дека и интересот во Мак репрезентацијата нема да му биде истиот.
Дека во федерацијата не се работи баш најдобро се покажа со тоа што Бенкардино не го ни контактирале за да остане во тимот, а знаеме дека беше и те како битна алка.
Некој ќе рече доцна сме се комплетирале, ама што да кажат другите кои воопшто и не се комплетираа бидејчи екипите од НБА не ги пуштаат играчите?

Имавме доволно време и достојни подготовки според мене.
Се очекуваше да имаме далеку поискусен Самарџиски, браќата да бидат во врвна форма, Чековски имаше одлична сезона па и од него очекував повеќе. Дамјан беше носител на играта на МЗТ годинава, така да од него особено имав поголеми очекувања во однос на минатото првенство.
Докузовски за мене никогаш не бил врвен тренер. Напротив никогаш не сум имал превисоко мислење за него до ЕП 2011. Таму не знам што му се задеси ама се претвори во тактички гуру, со замерка дека не доволно ги ротираше играчите.
После Еп знаев дека ќе се откаже. И врапчињата знаат дека кај нас се пренапумпуваат очекувањата и евентуален неуспех под негогва палка ќе значеше максимално ругање на негова сметка. Вака си отиде како херој.
Лазевски беше утка на векот. Пипан не го знаев од претходно, но настапите на МЗТ можеше да се види дека располага со квалитет.
Земањето на Гечевски...
Не знам што толку напаѓање на негова сметка. Толку му е силата. Имаше добра сезона во АБА лигата, заслужи да го повикаат. Може не требаше толку да калкулира и да ги пропушти подготовките, ама па Пипан го знаеше од претходно така да можеше лесно да го вклопи во составот. На крај краева составот е скоро истиот од минатото ЕП, и онака се сменија само ликовите кои играа епизодна улога.
Ако не дојдеше Гечевски ќе го земеа Кромитче ака Штерјов или Синиша Аврамовски

Со овие двајца не можеме ни Малта да ја победиме, камо ли на ЕП да играме...
НЕМАМЕ ВИСОКИ ИГРАЧИ, deal with it

Кире Николовски максимално потфрли во минатава сезона. Не само што не одеше напред, туку се врати назад со гигантски чекори, дрво дрвосано беше.
Чуден феномен сме, тие што ни се високи, попрво тројка ќе дадат околку да закуцаат под кош

Не следев што се случи со Трајковски? Повреда некоја? Реално заслужи да заигра на ова ЕП.
Не се надевајте многу на Брчков, далеку е он од некој којзнае каков квалитет. Може да закрпи, ама за стартер мало морген.
Самарџиски

Аман бре дете, со таква висина, како педериште игра под кош...
Несмасен е, прави многу фаули, го местат како муле ццц
Сепак колку и да е дрво, ќе мора да игра во иднина, ако ништо друго во одбрана фаќаше некоја топка
И тука се затвора кругот на високи играчи...
За Чековски ова мислам дека треба да биде последен настап. Па човекот игра од кога бев 4-то одд ебате, нема шанси уште да се носи како во времињата кога со боксови кршеше кабини по саливе

Доста му е и на него.
Немој да мислите дека во Вардар има којзнае какви таленти...
Во оние сега што се во првиот состав, нема некои репрезентативни матријали. Не за џабе на местото на центар земавме центар од Србија

Е во помладите категории ќе видиме... Почнаа со работа на големо, се споија неколку кошаркарски школи, па ќе го видиме резултатот.
Не заборавајте дека во минатото имавме 4-то место од младинско ЕП, дека дури бевме и организатори на некое младинско или кадетско првенство, каде што Илиевски ја усра последната утакмица со шутеви за тројка

Сакам да кажам дека овој сосав кој освои четврто место во Литванија, беше систавен од играчи кои играле во време кога високо котиравме во младинската кошарка.
А сега не можеме ни од Б дивизија да излеземе иако бевме организатори на првенството
Ако некои се добри на тие години, тогаш уште од 17-8 госдини ќе играат бар за првите екипи во нашава лига. А такви ретко има... Горјан Марковски беше перспектива, Крстевски и горе доле тука се затвораше кругот. Мене око ми фаќа еден тип што игра за НБА Чаир, Алаудин Мустафа кој дава по 30 коша во просек во младинци, ама
NomoregameS рече дека немало квалитет кај него туку само него го форсирале да шутира
Да се вратиме на Европсково. Пипан имаше многу грешки на првиот меч.
Мислам дека и самиот не очекуваше толку лоша игра на Чековски, незаинтересираност на Антиќ... Мечот го изгуби затоа што го заборави Самарот на клупа и немавме никаква одбрана без него. И го форисираше Чековски на крајот што се покажако погубно, а типот имаше 4 лични.
И човече на 5 средби противниците не утепаа со една иста најосновна акција. Голема вина имаше и Бо при овие акции, а и Илиевски кога го немаше Бо. Но сепак најголемата вина одеше кај Антиќ. Бо го претрчуваа лесно, Антиќ без врска бегаше од кош и удвојуваше многу напред, па го следеше противникот до центарот, и оставаше цел рекет празен за проигрување. Основна акција ебате, во маало што ја играме. Еден прави блок, двајца без памет се залетуваат по тој што води, овој од блокот си оди под кош, му спуиштаат вои рекет и си дава лесни поени
Кога превземаше Антиќ, тој што го претрчуваа требаше да го превзима тој што го правел блокот, мада овде немаше никаква логика, затоа што блок ни правеше висок играч, а тој што го трчаа од наша беше воглавно низок играч. Не знам стварно која беше поентата Антиќ да превзима, мораше некој против лек да се најде за ваквиот напад.
Антиќ беше незаинтересиран и против Литванија. Овој пат ни на Бо не му одешем, а само Илиевски беше расположен за игра.
Браќата освен на мечот со Црна Гора НЕ ПРИКАЖАА НИШТО и заслужуваат критика. Утнаа многу чисти шутеви особено против Босна, а реално они се таму за да бидат реализатори на таквите шанси. Ги немаше оние украдени топки од Војдан, напротив правеа доста фаули. И Антиќ со тоа глупите фаули не можев да го сфатам

Еден куп фаули правеше уште на нивна половина, во ситуација кога беше сам на сам во противничката половина, и нивниот напад не беше добро поставен за да примиме брз кош...
Со Србија се разбуди и Антиќ. Тоа е таа одбрана што ја баравме од него. Ќе кажам кај ќе ни беше крајот ако играше во одбрана пожртвувано како на тој меч. Не знам што му беше филмот

Бо во рамки на можности. Не сметајќи ја утакмицата со Летонија, кај што никој не можам да издвојам, освен со Литванија на другите мечеви си го одигра своето. Замерка дека беше КАТАСТРОФА во одбрана...
Грешка беше само што некои чисти акции 2 на 1 за нас, можеше да ги заврши со додавање на соиграчот но постојано одеше на кош и плус фаул за слободно. Така против Босна згреши и не му ја додаде на чистиот Илиевски, па топката не влезе ио утна едно слободно па после ни ја свртеа...
Пипан изгуби секаква контрола во овие мечеви. Вториот меч со Литванија, побара тајм аут кога имавме најдобра игра и противникот беше во шок, па победата ни беше на дланка. Со тајм аутот ги одмори противниците и не победија на крај...
Со Босна не знам кој му беше филмот со акцијата што ја тупеше во трета четвртина. Антиќ и Самар/Гече одеа на дупли блок на врвот на рекетот, а плејот ја водеше играта преку нив... Ништо не ќаривме од оваа акција...
Друга работа што страшно ме нервира беше што не знаевме да изиграме центарски против оние кои имаа четири лични. Особено на мечов со Летонија и на почетниот со Црна Гора. Основно правило ти е тоа во кошарката да му ебам. Пола тим со четири лични, ние место на влезови одиме на шутеви за три од неизградени позиции
Затоа сме таму кај што сме, ВО АУТ
Е сега ќе биде тешко нас. Бо мислам дека сигурно си оди, нема што да бара овде. Чековски и Гечевски треба да си одат. За Антиќ треба да се надеваме да остане, пошто бајаги ќе ни фали, па дури и Илиевски може да одигра уште еден циклус.
Кажав и претходно Грин е солидна замена. Добар разигрувач и добар скокач под кошевите во стил на Рајт од Босна... Но во ситуацијава во која сме, може подобро е да земеме некој висок натурализиран играч.
Не знам кој би ни биле првотимци, пошто јас не гледам надеж во Соколов на пример кој повеќе од клупата за резерви не може да мрдне. Брчков резерва, Караџовски резерва, а првотимци освен браќата, Самарот, Антиќ и Илиевски не можам да најдам други

Шанса треба да добијат Трајковски и Николовски колку и да имаше лоша сезона. Костовски и Димчевски беа добри за во Македонско, за настрана малце потешко. И Магдинчев и Николов не ги гледам како сериозни појачувања, повеќе како форсирани играчи.
За тренер кај мене нема дилема. Врба Стефанов
