- Член од
- 8 јануари 2012
- Мислења
- 10.323
- Поени од реакции
- 15.497
Вторник, 10 Септември 2013 22:22
Никој од семејството на притворениот актер Кирил Поп Христов, а ниту адвокатот, досега не побарал од Основниот суд Скопје 1 да биде пуштен од притвор и да се брани од слобода, иако, како што тврди неговиот брат Владимир Поп Христов на својот профил на Фејсбук, тој има рак, пишува Вест.

Од канцеларијата за односи со јавност во Скопскиот кривичен суд велат дека до истражниот судија досега за осомничениот Поп Христов нема поднесено барање за укинување на мерката притвор, ниту поради тешка болест ниту поради друга причина. До Судот не е доставен ни каков било писмен допис дека Кили воопшто е болен.
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/129624-Nikoj-od-semejstvoto-na-Kili-ne-pobaral-toj-da-bide-osloboden